Михајловиќ би можел да го преземе Јувентус

Андреа Пирло веројатно ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната. Во својата деби тренерска сезона, Пирло успеа да ја загуби титулата, а на Јувентус опасно му виси четвртото место за влез во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми споменуваат имиња на тројца тренери кои би можеле да го наследат Пирло и сите тројца веќе работат во италијанската лига. Станува збор за тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, Симоне Инзаги кој е тренер на Лацио и Џенаро Гатузо од Наполи.

Според „Кориере дело Спорт“, Михајловиќ е фаворит за преземање на Јувентус, а наводно веќе бил воспоставен првиот контакт помеѓу торинскиот клуб и тренерот на Болоња. Михајловиќ, кој ја започнал својата тренерска кариера во 2006 година како асистент во Интер, досега ги водел Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг Лисабон и репрезентацијата на Србија. Пред седум години, Јувентус и Михајловиќ веќе преговарале за српскиот тренер да го преземе торинскиот клуб, но не бил постигнат договор.

Италијанците исто така пишуваат дека Јувентус деновиве веќе добил две одбивања. Зинедин Зидан и Масимилијано Алегри не сакаат да се вратат во клубот.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер