БалканМицотакис: Грција протагонист на патот кон развојотГрција и понатаму е протагонист на патот кон развојот. И покрај постојаната инфлација на храната, имаме четврта најниска инфлација во Европа. Имаме најниска невработеност во последните многу години, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина. На министрите од неговата Влада, Мицотакис им порача дека ги чека многу работа и потсети дека веќе ги реализирале нивните важни централни определби, односно 50 отсто од економската програма веќе е изгласана во Парламентот. - Знаеме дека ќе постојат и пречки на нашиот пат, но ќе продолжиме да бидеме истрајни, доследни на нашата предизборна програма. Поради тоа и грчкиот народ гласаше за нас, истакна Мицотакис. Паралелно најави дека следниот викенд на Меѓународниот саем во Солун, во традиционалниот говор на премиерот на земјата, ќе ја презентира детално владината програма за претстојниот период. /MIAКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаПретрес во Кочани, лишени од слобода две лицаНа 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани. Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлинаПретседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник. Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски. Со почит, Африм ГашиТагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter