Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
3Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
БалканМицотакис: Да не се прескокне редот за ЕУ перспективата на регионотДа не се прескокне редот за ЕУ перспективата на регионот- прв приоритет решение меѓу Бугарија и Македонија .За евентуалната ЕУ перспектива на Украина и Молдавија, меѓу другото, говореше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дискусија во рамките на 27-от Конгрес на Европската народна партија во Ротердам, каде што истакна дека сепак не смее да се попречи редот, да не се заборави Западен Балкан, посочувајќи дека прв приоритет е решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија за да започнат преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека за еден месец ќе се одржи дебатата за идното членство на Молдавија и Украина во Европската унија, потенцираше дека дискусијата „нема да биде лесна, бидејќи веќе чувствуваме дека има различни ставови во Европскиот совет", но и дека го очекуваат мислењето на Европската комисија. Додаде дека „ако навистина постои свет пред и по 24 февруари, ова мора да биде земено предвид кога размислуваме во однос на тоа колку сакаме да бидеме отворени за да им понудиме кандидатски статус на овие земји". -Од друга страна, не смееме да го заборавиме Западен Балкан. Ова е тема што длабоко не допира. Треба да бидеме сигурни дека нема да испратиме сигнал дека редот е попречен. И првиот приоритет што го имаме во овој поглед е да обезбедиме решение на отвореното прашање меѓу Бугарија и Македонија, за да можеме, како Европска Унија, да ги започнеме релевантните преговори со Македонија и Албанија, рече Мицотакис. Посочи дека мора да се препозна уникатноста на она што се случи во Украина, но без да се заборави фактот дека има и други земји во овој процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи -СкопјеОд почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје.Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот, одговори денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање во Собранието. Тој потенцира дека ова е договорено на средбата со амбасадорот на ОАЕ во Македонија, што се одржа токму денеска во Собранието. "Она што сакам да го објавам после денешната средба со амбасадорот е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави. Се договоривме дека со почетокот на новата сезона на летање, односно од март месец 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Значи ќе имаме директен авионски лет којшто ќе лета Дубаи - Скопје. Тоа е веќе договорено и Flydubai ќе почне во март 2027 година, значи за некои 6 месеци од денес, да лета директно од Дубаи до Скопје, што многу ќе придонесе за зголемување на туризмот и тоа во оној период којшто во Македонија е вонсезонски, односно во период којшто е надвор од летото. И втората работа којашто можам да кажам дека е сè уште во дискусија, би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме, тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот. Така што тоа се двете конкретни работи коишто ги договоривме денес" -потенцира Николоски. Како што истакна, овие конкретни договори се резултат на владината посета на ОАЕ предводена од премиерот Мицкоски. „.На тие средби со премиерот Мицкоски и шеикот Мохамед бин Зајед, договоривме неколку значајни работи за меѓусебната соработка. Првата е веќе реализирана, тоа е безвизен режим, односно веќе помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати се патува без визи, што е многу значајно, особено во делот на туризмот и размена на бизнисот. Исто така разговараме за потенцијални инвестиции. Доста македонски компании веќе почнуваат да извзуваат во Обединетите Арапски Емирати како место коешто станува центар во моментов на она што се вика претставување, пред сè во делот на саемите, коишто се селат од Западна Европа кон Обединетите Арапски Емирати. Скоро и да немате поголема индустрија којашто својот годишен саем не го има веќе префрлено во Обединетите Арапски Емирати, без разлика дали е Абу Даби, дали е Шарџа, дали е Дубаи или некое друго место" -одговори Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНапад во манастир: Еден свештеник загина, повредени се пет лица (ВИДЕО)Напад со нож се случил во бенедиктински манастир во полскиот град Јарослав. Пет лица се повредени, меѓу кои тројца свештеници и една жена. Еден свештеник почина, додека напаѓачот е уапсен, објавува порталот Rmf24.pl. Како што дознава новинарот на RMF FM, Мацеј Палачицки, полицијата во Јарослав околу 9:30 часот била информирана дека маж со нож нападнал едно лице во бенедиктинскиот манастирски комплекс на улицата Бенедиктинска број 5. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, било утврдено дека пет лица - жена и четири мажи, меѓу кои тројца свештеници, се повредени. Сите се однесени во болница. Еден од свештениците починал. Состојбата на две лица е многу сериозна. Полицијата го уапси напаѓачот. Станува збор за 31-годишен Украинец. Кај него е пронајден нож. Нападот се случил во рамките на центарот за духовна обнова. Како што една од калуѓерките од манастирот изјави за новинар на RMF FM, напаѓачот го искористил моментот кога портата на комплексот била отворена по посетата на група млади луѓе и влегол внатре. Тој нападнал случајно избрани луѓе. Нема повредени деца кои го посетиле манастирот или деца кои ја посетувале градинката во рамките на комплексот. Мотивот за нападот сè уште не е познат, а полицијата и обвинителството се на местото на настанот. Поради нападот во бенедиктинскиот манастир, околу 11 часот во зградата на градската администрација на Јарослава започна кризен штаб свикан од градоначалникот. На состанокот присуствува и поткарпатската војвотка Тереза Кубас-Хул.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноУпаднале во банка без маски и со пиштоли- верувале дека сок од лимон ќе ги направи невидливи за камерите Пред единаесет години, Макартур Вилер и Клифтон Ерл Џонсон извршија серија грабежи на банки во пошироката област на Питсбург во Соединетите Американски Држави.Она што го разликуваше овој случај од вообичаените грабежи не беше начинот на кој беа извршени, туку неверојатниот факт дека сторителите веруваа дека пронашле начин да станат „невидливи“ за камерите. Клучната состојка во „Невидливото мастило“ Вилер и Џонсон упаднаа во банката Мелон во Свисвејл и во банките Парквејл и Фиделити во Брајтон Хајтс вооружени со пиштоли и со целосно откриени лица. Тие не се обидоа да ги исклучат камерите за надзор или да го сокријат својот идентитет на кој било начин. Наместо тоа, тие намачкаа сок од лимон на своите лица, убедени дека тоа ќе ги направи „невидливи“ на снимката. Pennsylvania bank robbers used lemon juice to make them 'invisible' during raids #Bankrobbery #Pennsylvania #Robber https://t.co/c6ZHso8upI — Omar Ben Israel (@CWISH302) September 22, 2026 Според Вилер, Џонсон му рекол дека сокот од лимон е една од клучните состојки во „невидливото мастило“, па заклучиле дека нанесувањето на сокот директно на нивната кожа ќе ги направи нивните лица „невидливи“ за камерите?! Сепак, тие не сакаа да се потпираат само на теорија. Придружниците решиле сè да тестираат. Го намачкале лицето на Вилер со сок од лимон, а потоа тој ја фотографирал со полароидна камера. Фотографијата била развиена за неколку минути, а на неа го немало лицето на Вилер, објавува Дејли Стар. „Но, ставив сок од лимон на неа“ Тие биле толку убедени дека нивната тактика ќе функционира. Полицијата подоцна претпоставила дека Вилер едноставно не ја насочил камерата кон неговото лице кога ја фотографирал, или дека филмот бил неисправен. По грабежите на банките, на полицијата не ѝ требало долго време да ги идентификува и уапси сторителите. За време на испрашувањето и откако ги видел фотографиите од банките, Вилер во неверица рекол: „Но, ставив сок од лимон на неа. Ставив сок од лимон на неа“. Џонсон бил осуден на пет години затвор, откако сведочел против својот партнер. Од друга страна, Вилер добил 24 години.Тагови: банка пиштоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook