Мицкоски: Засега нема реконструкција на Владата, заминувањето на Меџити не значи дека ВРЕДИ ќе добие министер плус - Канал 5

Мицкоски: Засега нема реконструкција на Владата, заминувањето на Меџити не значи дека ВРЕДИ ќе добие министер плус

ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи е комотна. Има огромно мнозинство во Парламентот, а на локалните избори освои 80 отсто од градоначалничките места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Засега нема реконструкција на Владата, заминувањето на Меџити не значи дека ВРЕДИ ќе добие министер плус

Истакна дека реконструкција на Владата засега ќе нема, а испразнетите ресори со кои раководеше вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе бидат пополнети, за што последниот збор ќе го даде тој како мандатар.

Во однос на информациите дека по заминувањето на Меџити како градоначалник на општина Чаир, коалицискиот партнер ВРЕДИ го предложил Беким Сали за прв вицепремиер и оти за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг, Мицкоски рече дека тоа е одлука на коалицискиот партнер и оти не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет.

- Добро, тоа не значи дека ќе има ресор повеќе. Тоа си е одлука на нашиот коалиционен партнер. Јас имам високо мислење за Беким Сали. Апсолутно, тука не треба да имаме никаква дилема. Но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на нов Културен дом во општина Петровец.

Во однос на прашањето за реконструкција на Владата, тој посочи дека се фокусирани на редовниот партиски конгрес, што ќе се одржи на 6. декември во Кавадарци.

- Потоа, нормално, формирање на партиската структура, извршениот комитет, општинските комитети, другите структури, кои што се во рамките на партијата. И во меѓувреме, додека сето тоа, трае ќе размислуваме за одредени кадровски поместувања во рамките на владата. Јас сум подготвен со секој да разговарам. Апсолутно, тука нема никаква дилема во рамките на коалицијата. Но се разбира, мандатар сум јас. Така што, нормално е дека последниот збор, како мандатар на Владата, ќе го имам јас, подвлече Мицкоски.

Според него, реконструкција на Владата не се прави само за да се реконструира, туку треба да се размисли новото кадровско решение да биде подобро од претходното.

- Тоа е еден процес на сериозна анализа. Јас сум подготвен со сите чинители на Владата да седнам и да разговарам, да ги слушнам нивните идеи. Но, повторно ќе кажам, мандатар на владата сум јас, нагласи Мицкоски.

На прашањето дали по завршувањето на локаните избори имало интерес од одреднеи структури од НАИ да бидат дел од Владата, премиерот кажа дека веднаш по изборите отпатувал во Брисел и оти досега не разговарал со никој на оваа тема.

- Па не, јас веднаш после изборите, утрото отпатував за Брисел, вчера попладне се вратив, така што ова е мојот прв работен ден после изборите. Следува една организација, сега да видиме како ќе биде понатаму, така што до овој момент не сум разговарал со никого на било каква тема за прашањето поврзано со Владата, додаде Мицкоски.

Тој повтори да не им се верува на шпекулациите за смена на одредени министри и очекува наскоро за испразнетите кадровски места да добие имиња.

- Да видиме дали тие имиња апсолутно се во рамките на тие што очекувам да бидат. И тие имиња да ги пополнат испразнетите места во Владата и институциите. Ова ќе биде процес кој што ќе трае, нема да биде од денес за утре. Ќе повторам реконструкција како реконструкција нема да значи ништо ако реконструираме некој и донесеме после, како што беше пракса во минатотот. Секој кој треба да замени треба да понуди подобра програма, подобри перформанси за да имаме подобра испорака. Ако ставиме име што нема да има подобра програма, нема подобри перформанси и подобра испорака за бадијала сме направиле реконструкција не е суштината на реконструкцијата, посочи Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно спроведена акцијата „Зелена Општина Илинден“

Со засадување на околу 600 дрвца од различни видови, Општина Илинден продолжува да ја гради својата зелена иднина.

Успешно спроведена акцијата „Зелена Општина Илинден“

Со засадување на околу 600 дрвца од различни видови, Општина Илинден продолжува да ја гради својата зелена иднина, посветено вложувајќи во обновување и збогатување на зелените површини, зачувување на природата и создавање поздрава животна средина за сите граѓани.

Акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“ се одржа во населеното место Мршевци, во училишните дворови и на други јавни површини низ општината, меѓу кои и во новоизградениот парк во н.м Дељадровци.

Обединети околу заедничката цел за почиста и позелена општина, во акцијата се вклучија општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија и општинската администрација. Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека секое новозасадено дрво претставува вложување во природата, здравјето на граѓаните и иднината на генерациите што доаѓаат.

Градоначалникот упати благодарност до општествено одговорните компании Дени Интернационал, МАН, Пекабеско и ТАВ, кои преку донацијата на садници дадоа значаен придонес во реализацијата на оваа зелена иницијатива.

Со континуирано пошумување, уредување на јавните зелени површини и развивање на еколошката свест, Општина Илинден останува посветена на создавањето одржлива, зелена и здрава животна средина. Секое засадено дрво денес е придонес за поздраво и позелено утре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Свадба за паметење: 400.000 гости, 200 коњи и подароци од злато

Индискиот политичар Анант Синг ја организираше венчавката на својата ќерка Шиванги, која по обем ги надмина дури и најраскошните вакви прослави во светот. 

Видео: Свадба за паметење: 400.000 гости, 200 коњи и подароци од злато

Во неговото родно село Надаван, во индиската држава Бихар, според извештаите се собрале дури 400.000 луѓе, поради што настанот привлече огромно внимание на јавноста.

На прославата беа поканети локални жители, политички соработници и бројни угледни гости, а организацијата бараше учество на голем број луѓе.

Според медиумите, цената на прославата достигнала околу 6,5 милиони фунти. За гостите биле подготвени околу 500.000 традиционални слатки, додека вегетаријанската гозба ја подготвија дури 500 готвачи.

Спектаклот вклучувал коњска трка во која требаше да учествуваат 200 коњи, но овој дел од програмата бил одложен бидејќи околу 100.000 луѓе се собраа да го следат настанот.

Огромната посетеност предизвика целосен хаос на патиштата кои водат до местото на свадбата. Редиците од автомобили ги блокираа патиштата, а некои гости мораа да најдат алтернативни начини да дојдат до забавата.

Еден политичар, кој не можел да се пробие низ толпата, го напуштил автомобилот и го продолжил патувањето до својата дестинација со трактор, преку земјоделско земјиште. Ниту домаќинот не остана без непријатности.

Додека Анант Синг со автомобил се приближувал до местото на настанот, насобраните гости му го блокирале преминот. На видеата кои се појавија во јавноста се гледа дека неколку од нив оттурнал со нога за да го расчисти патот.

YouTube video

Неговата ќерка Шиванги се омажи за Ришикеш Кумар, син на индиски воен командант. Дури и нивните свадбените подароци очекувано биле раскошни. Според медиумските извештаи, младоженецот добил бел „Ленд Ровер Дефендер“, златен ланец тежок 100 грама и нараквица од 80 грама злато.

Невестата пристигна на церемонијата во луксузно БМВ, додека младоженецот пристигна во конвој од околу 200 автомобили. Интересно е што Анант Синг, кој е избран за пратеник во парламентот шест пати, самиот е контроверзна политичка фигура.

Против него се водат бројни кривични случаи, а меѓу обвиненијата претходно поврзани со неговото име е и убиство. Ова се сериозни обвиненија што треба да се разликуваат од конечна пресуда.

Според податоците од извештајот за индиската свадбена индустрија, во оваа земја годишно се одржуваат повеќе од 10 милиони свадбени церемонии, а пазарот поврзан со нив се проценува на 40 до 50 милијарди долари.

Сепак, прославата на семејството Синг беше особено значајна по неверојатниот број гости. За споредба, Гинисовиот рекорд за најголем број луѓе што присуствуваа на свадба беше 150.000, поставен во Индија во 1995 година. Доколку се потврди проценката од 400.000 гости, оваа прослава би можела да ја надмине.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мекита од просјачка опера“ – кога криминалот станува систем, а бедата професија

Што се случува кога бедата ќе добие деловен модел, просењето ќе стане организирана дејност, а криминалот ќе се претстави како закон?

„Мекита од просјачка опера“ – кога криминалот станува систем, а бедата професија

Кога туѓата несреќа станува извор на профит, а преживувањето - стока што некој ја контролира, сиромаштијата престанува да биде само последица на неправдата. Таа станува бизнис, а моќта - неговиот најсигурен заштитник.

Во „Мекита од Просјачка опера“, оваа сурова слика се отвора низ сатиричен и гротескен театарски свет, во кој хуморот не ја ублажува неправдата, туку ја разголува. Комедијата станува остроумно оружје: низ иронија, апсурд и смеа, претставата го разобличува системот.

Каде завршува подземјето, а каде почнува општеството, она што го создава, одржува и го штити? Во тој свет, Брехтовото прашање - „Кој е поголем криминалец: оној што ја ограбува банката или оној што ја основа?“ - не звучи како провокација од минатото, туку како непријатно актуелна дијагноза на сегашноста.

Со Мекита од Просјачка опера“, Театар Комедија отвора сценски простор во кој Брехтовата „Просјачка опера“ добива нова драматуршка и изведувачка форма. Во режија на Наташа Поплавска, претставата ја испитува можноста за современ сценски јазик низ принципите на тоталниот театар, во кој актерот, музиката, видеото, движењето и звукот не се само средства за раскажување, туку рамноправни носители на драмското значење.

Необичниот сценски влез започнува со актерката и со самата актерска професија - нејзината несигурност, постојаната преобразба и потребата од опстанок во светот во кој и уметноста мора да се избори за своето место. Од таа автоиронична исповед се отвора вратата кон Брехтовиот свет. Матеа Јанковска, преземајќи седум идентитети, го претвора сопственото тело, глас и сценско присуство во простор на постојани трансформации. Но, зад секој лик останува видлива актерката - не како скриена основа, туку како свесна сила што ја создава и ја разградува илузијата. Трансформацијата не е само средство за раскажување; таа станува дел од значењето. Пред гледачот не се менуваат само ликовите, туку и самата граница меѓу оној што ја игра улогата и оној што ја гледа.

Кабаретската иронија, сатирата, гротеската и современиот електронски звук го обликуваат ритамот на ова сценско истражување. Музичкиот свет на „Мекита од Просјачка опера“ добива современа електронска интерпретација преку дуото „Триангулум“ - Томи Анчов и Стефан Дамјаноски, а нотите на Курт Веил се провлекуваат како лајт мотив на претставата. Музиката не е само придружба на драмското дејствие, туку негов активен драматуршки соговорник, дел од сценскиот ритам и целокупниот театарски израз. Звукот не ја следи само сценската акција, туку го менува нејзиниот ритам и ја продлабочува напнатоста меѓу комичното и заканувачкото.

Во претставата уште една важна улога е доделена на видео мапингот и видео дизјанот кој е препознатлив дел од режисерските постапки на претставите на Поплавска. Овој пат Брехтовите пораки ќе бидат пренесени преку видео дизјан на дизјанерот Емил Петров, видеото ќе биде активен учесник во претствата, ќе се дообликува во живо во текот на претставата заедно со актерката и музиката која исто така се изведува во живо.

„Мекита од Просјачка опера“ е прва фаза од докторското истражување на Наташа Поплавска на тема „Тотален театар“ и Брехт како автор најблизок до тоталниот театар и она што денес би се нарекло, современ театар“. Истражувањето се одвива пред очите на публиката - не како теоретска теза што чека потврда, туку како сценска практика во која различните изразни средства се испреплетуваат, а односот меѓу сцената и гледалиштето постојано се преиспитува.

Хуморот овде не е прибежиште од стварноста, туку начин таа да се согледа поостро; зад комичното се откриваат механизмите на интересот, зад привидниот ред - злоупотребата, а зад општествената пристојност – добро организираната моќ.

Најсилното прашање што го отвора Брехтовиот свет не е само кој е криминалецот, туку кој има моќ да го именува така. А кога се менуваат лицата, формите и правилата, останува онаа иста нишка на која се нанижани сите времиња - моќта. Зашто, на крајот, не е законот тој што ѝ поставува граници на моќта, туку моќта е таа што одлучува каде завршува законот.

Во создавањето на овој сценски свет, текстот го напишаа Наташа Поплавска и Матеа Јанковска, а драматуршката супервизија е на Весна Куслеска. Во претставата се вклучени и други соработници како: Олга Панго - супервизор на сценски движења, Љубица Велкова - изведувач на костими и сцена, Анастасија Славковска вокална подготовка, истражувачката фаза ја надополнува Оливија Трјаковска, за односи со јавност одговорна е Катарина Илиоски, светлото мајстор е Виктор Лазаревски а одговорен на сцена е Никола Николовски.

Посебна благодарност, тимот на претставата изразува до:

Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Едмонд Сотир, Жаклина Петровска, Атанас Атанасовски, Драган Грбиќ и Огнен Шапковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер