Мицкоски: Започнува инвестиција од 21 милион евра за набавка на нови електрични локомотиви со поддршка на ЕБРД - Канал 5

Мицкоски: Започнува инвестиција од 21 милион евра за набавка на нови електрични локомотиви со поддршка на ЕБРД

Со особено задоволство објавуваме инвестиции во железничкиот транспорт во износ од 21 милион евра, наменети за набавка на до пет нови електрични локомотиви, заедно со неопходни резервни делови.

Мицкоски: Започнува инвестиција од 21 милион евра за набавка на нови електрични локомотиви со поддршка на ЕБРД

„Почитувани присутни,

Денес зборуваме за нешто што со децении беше занемарувано, а е од суштинско значење за економијата, извозот и европската иднина на нашата држава, а тоа е железницата.

Со особено задоволство објавуваме инвестиции во железничкиот транспорт во износ од 21 милион евра, наменети за набавка на до пет нови електрични локомотиви, заедно со неопходни резервни делови.

Оваа инвестиција ќе се реализира преку Договор за заем помеѓу МЖ Транспорт и ЕБРД, а ѝ претходеше темелна анализа за реалните потреби, функционалноста и оперативноста на МЖ Транспорт – анализа која јасно покажа дека без модерни и функционални локомотиви, железницата не може да ја исполни својата економска улога.

И мораме искрено да кажеме состојбата којашто ја наследивме беше катастрофална.

До неодамна, МЖ Транспорт немаше ниту една целосно функционална локомотива. Повеќе од дваесет меѓународни товарни композиции беа стопирани во Гевгелија, без можност товарот да се транспортира кон европските пазари. Тоа значеше изгубени договори, изгубени приходи и изгубена доверба.

Но, работите почнаа да се менуваат. Со напорна, посветена и одговорна работа, од јули до септември 2024 година беа ставени во функција пет локомотиви, а до февруари 2025 година – вкупно десет од 46 постојни локомотиви. Тоа беше првиот чекор кон стабилизација, но и јасен сигнал дека проблемите не се решаваат со декларации, туку со работа.

Сепак, мора да бидеме свесни за реалноста, просечната старост на дизел локомотивите е над 60 години, а на електричните над 40 години. Тоа не е одржливо, ниту економски, ниту безбедносно, ниту еколошки.

Затоа целта на оваа набавка е јасна и недвосмислена, да се зголеми бројот на расположливи локомотиви, да се зголеми капацитетот за транспорт на стоки, и со тоа да се зголемат приходите и финансиската стабилност на МЖ Транспорт. Железницата мора повторно да стане двигател на извозот и логистиката, а не тесно грло на економијата.

Посебно важен е еколошкиот аспект. Со фокусот на електрични локомотиви, се движиме кон нула емисија на загадувачки материи. Ова е директен придонес во борбата против аерозагадувањето, во заштитата на животната средина и во развојот на чист, модерен и одржлив транспорт.

Во услови на енергетска транзиција, железничкиот транспорт станува клучен фактор за ефикасен, конкурентен и еколошки одржлив систем. Инвестициите во електрични локомотиви и модерни коридори се целосно усогласени со владините политики за интеграција во европските транспортни мрежи.

Паралелно со ова, сакам да информирам дека се започнати градежни работи за Линија 1, со вредност на договорот од 360 милиони денари. Ова е оној таканаречен градски воз. Проектот предвидува целосна реконструкција и надградба на постоечката траса, што ќе значи побезбеден, побрз и поефикасен железнички сообраќај.

Дополнително, изградбата на брза пруга на Коридор 10 е еден од нашите стратешки приоритети. Преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, се обезбедени средства за капитални проекти, со кои ја поставуваме железницата таму каде што ѝ е местото – како клучна врска помеѓу Балканот и Европа.

Почитувани,

Ова не се изолирани проекти.

Ова е системска обнова на железничкиот сектор, инвестиција во економијата, во екологијата и во европската иднина на државата.

Железницата повторно ја враќаме на шините на развојот – со план, со одговорност и со јасна визија за модерна, поврзана и силна Македонија.

Ви благодарам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари!

Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.

СДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари!

Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат.

Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа.

Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување.

Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата.

Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата.

Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати.

Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври.

БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува.

Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа.

Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати.

И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство.

Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата.

Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема.

Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тесно во Бразил: Граѓаните избираат помеѓу Лула и Болсонаро

Кандидатот на Работничката партија, Луиз Инасио Лула да Силва, би освоил 46 проценти од важечките гласови во првиот круг од претседателските избори во Бразил.

Тесно во Бразил: Граѓаните избираат помеѓу Лула и Болсонаро

Од друга страна, кандидатот на Либералната партија, Флавио Болсонаро, би добил 45 проценти, според најновата анкета на институтот Кваест, објавена пред гласањето.

Разликата од еден процентен поен е во рамките на статистичката грешка од два процентни поени, поради што двајцата кандидати се во статистички еднаква позиција, објавува порталот Глобо.

Според анкетата, Аугусто Кари, Ренан Сантос и Роналдо Кајадо се на третото место со по три проценти од гласовите.

Резултатите укажуваат на висок степен на неизвесност пред првиот круг и голема веројатност дека бразилскиот претседател ќе биде решен во вториот круг помеѓу Лула и Флавио Болсонаро, објавува бразилскиот портал.

Меѓу вкупниот број посветени и неопределени гласачи, Лула има 40 проценти поддршка, додека Флавио Болсонаро има 38 проценти. Кајадо, Сантос и Кари имаат по три проценти.

Анкетата е спроведена од 2 до 3 октомври на примерок од 3.702 гласачи над 16 години. Статистичката грешка е два процентни поени, со ниво на точност од 95 проценти.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран силен земјотрес во Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Регистриран силен земјотрес во Индонезија

Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри.

Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина.

Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер