3ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
МакедонијаМицкоски: За две години пензиите се зголемени за 325% повеќе во споредба со владата на СДСМ и ДУИПремиерот Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада, истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% Премиерот Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада, истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ. „Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на старосната пензија на корисниците во периодот од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ и Владата предводена од СДСМ и ДУИ. При таа споредба јасно кажав дека во овие две години, во овие 24-25 месеци — во случајот конкретно на тоа интервју реков 23 месеци, но сеедно е бидејќи двапати годишно се усогласува пензијата — оваа влада успеала просечно месечно за 296 денари да ја зголеми пензијата, додека претходната влада за 83 месеци успеала за 91 денар. Кога ќе се споредат овие два параметра, доаѓаме до 3,25 пати повеќе сега отколку во времето на владата на СДСМ и ДУИ, или тоа е математички прецизно 325%“, потенцираше Мицкоски. Тој исто така нагласи дека доколку се споредат првите 25-26 месеци на владата на СДСМ и ДУИ со овие 25-26 месеци од оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, излегува дека просечната старосна пензија сега се зголемила за 12,5 пати повеќе во споредба со претходната влада. „Еве уште една споредба ќе им кажам кога станува збор за старосните пензии. Еве да ги споредуваме првите 25-26 месеци од претходната влада во периодот јуни 2017 до јуни-јули 2019 година со овие 25-26 месеци од оваа влада, односно тогаш просечната старосна пензија за првите 25-26 месеци од претходната влада се зголемила за цели 540 денари. Во овие 25-26 месеци на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечната старосна пензија се зголемила за нешто повеќе од 6.800 денари или, математички прецизно, тоа е повеќе од 12,5 пати. Таа е разликата“, нагласи Мицкоски. Тој додаде дека талогот во опозицијата треба да ја прифати оваа реалност и да излезе од безидејноста доколку сакаат да бидат конкурентни на македонската политичка сцена, а оваа влада ќе продолжи со проекти и работа како што се испорачуваат насекаде низ државата. „Тој талог во опозицијата треба да ја прифати оваа реалност, конечно да излезе од таа безидејност во којашто во моментов се наоѓа, ако сака да биде конкурентна понатаму на политичката сцена во Македонија, но тоа е впрочем на крајот од денот и нивен проблем, не е наш проблем. Ние имаме јасна цел. Наша цел се проекти како овој коишто се испорачуваат на повеќе од 1.200 места низ државата, реформите, да го стабилизираме системот којшто не постоеше“, подвлече Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВоен авион се урна во Франција, пријавени се жртвиВоен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал. Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана. Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата. Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец. Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато. Извор: Б92Тагови: авион Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: ПСЖ на подолг период без КварацкелијаКрилниот напаѓач на европскиот фудбалски шампион ПСЖ, Кварацкелија на вчерашното дерби во Лигата на шампионите против Барселона ги скина лигаментите. Репрезентативец на Грузија, Квича Кварацкелија доживеа тешка повреда, ги скина лигаментите на десното колено и за него оваа сезона е завршена. @FabrizioRomano Crazy how he tore his acl from this https://t.co/HyJ1MDXz1H — 𝙆𝙖𝙮™️ (@KayLFC05_) October 21, 2026 Синоќа за време на мечот од Лигата на Шампионите на домашен терен против Барселона, 25 годишниот Кварацкелија по судирот со противничкиот дефанзивец доживеа тешка повреда. @FabrizioRomano Crazy how he tore his acl from this https://t.co/HyJ1MDXz1H — 𝙆𝙖𝙮™️ (@KayLFC05_) October 21, 2026 Деталните прегледи ги потврдија најлошите сомнежи. Грузискиот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти. Секако, во ПСЖ сека ќе мораат да најдат решение за неговото одуство, затоа што овој клуб секако дека има амбиција да освои прво место во секоја конкуренција каде што се натпреварува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБаерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенотГерманскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата. Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих. Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал.Капитенот на Барен според последните информации ќе го пропушти и вечерашниот дуел со Арсенал поради смрт во семејството. -Капитенот на Баерн, Џошуа Кимих, нема да настапи вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, соопшти германскиот шампион. Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот. Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22