Раскошната свадба на Дуа Липа „го окупира“ Палермо- жителите гневни: Нашиот град не е под кирија (ФОТО)
2Раскошната свадба на Дуа Липа „го окупира“ Палермо- жителите гневни: Нашиот град не е под кирија (ФОТО)
МакедонијаМицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политикаИзјава за медиуми на премиерот Мицкоски од отворање на проширена детска градинка во О.Карбинци„Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест, повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да правиме и создаваме услови за најмладите, за најмилите. Тоа се нашите деца. Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика, политика која подразбира брак, деца, затоа што тоа е иднината на државата и иднината на нацијата. Се останато претставуваат вредности кои, со сиот ризик повторно да бидам критикуван, оваа влада не може да ги промовира. Оваа Влада ќе промовира секогаш про-семејни вредности, вредности за кои што мислиме дека претставуваат основа и темел на една нација и една држава. Покрај оние бесплатни шест ин витро процедури, од три зголемивме на шест, продолжуваме со отворање на нови градинки и елиминирање на листата за чекање, тоа кое што се обврзавме во програмата. Вчера беше Кочани, конечно после сите перипетии се отвори таа градинка за 114 дечиња, денес е оваа надградба на постојната градинка во Таринци, општина Карбинци за нови педесетина дечиња. Утре ве поканувам во скопско Сопиште, исто така отвораме градинка и продолжуваме во периодот кој што следи. Кога на ова ќе се додадат и оние книги кои што ги добија првоодделенците дека семејството преставува “мајка, татко, сестра, брат и јас“, тогаш јасно ги дефинираме политиките на оваа Влада и во таа насока ќе продолжиме и во иднина да промовираме таков тип на политики. Би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот, да им се заблагодарам и на министерот и на заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, што со својот фокус и со својата работа во рекордно време ја пуштаме оваа надградба на постоечката градинка со капацитет за 50-тина дечиња. Во таа насока очекувам да продолжиме и во годините кои што следат. Ќе повторам, иднината се децата, нашите најмили и во таа насока ќе продолжиме да ги водиме политиките. Честитам и на советниците во Советот, на администрацијата која што ја поддржува работата на градоначалникот, на пратениците кои што доаѓаат од овој дел на Македонија, на директорката на сите кои што се дел од оваа успешна и убава приказна овде во Општина Карбинци.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски веднаш по враќањето од Тиват, на средба со претставници на градежните компанииПремиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Тиват оствари средба со градежните компании.По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, се наведува во објавата на ФБ . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Шоу бизСкарлет Јохансон објасни кој партнер ѝ бил омилен во љубовните сцени (ВИДЕО)Во текот на својата кариера, Скарлет Јохансон глумеше во бројни љубовни приказни на филм, но не сите беа запаметени по убедливата хемија меѓу актерите. Гледајќи наназад кон својата кариера, таа откри кој е нејзиниот омилен романтичен партнер на екранот, а нејзиниот одговор изненади многумина. Без многу размислување, актерката ја издвои Пенелопе Круз, со која глумеше во романтичната драма „Вики Кристина Барселона“ од 2008 година. „Морам да признаам, Пенелопе беше одлична“, рече Јохансон. „Таа е полна со страст и живот, а нема брада, што дефинитивно е плус“, додаде таа, пишува списанието Far Out. Љубовен триаголник во филмот на Вуди Ален Во филмот, Кристина, која ја игра Јохансон, и Марија Елена, која ја игра Круз, беа дел од љубовен триаголник со Хуан Антонио Гонзало, кој го игра Хавиер Бардем. Нивната приказна вклучуваше страсен бакнеж, а токму соработката со Круз остави најголем впечаток кај Јохансон. Иако Јохансон ја издвои Круз како нејзина омилена партнерка, самата Круз не го сметаше снимањето за толку романтично. Таа ја опиша сцената со бакнежот како „најмалку секси нешто што можете да замислите“, објаснувајќи дека за време на снимањето биле опкружени со „околу шеесет членови на екипата кои јаделе сендвичи со салама“. Јохансон го спомена и Хју Џекмен, со кого работеше во филмовите „Scoop“ и „The Prestige“, како „прекрасен“ партнер. Сепак, на крајот Круз повторно доби предност. „Сè уште би ја кажала Пенелопе, и тоа само затоа што нема брада“, заклучи актерката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУкраински дронови погодиле пет бродови- меѓу загинатите и државјани на Азербејџан (ВИДЕО)Петмина азербејџански државјани загинаа, а тројца се повредени во нападите врз два товарни брода во Азовското Море, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Азербејџан.На прашањето за погодените бродови во Таганрошкиот Залив, министерството рече дека меѓу екипажите имало вкупно 25 азербејџански државјани, но дека бродовите не му припаѓале на Азербејџан. WATCH: Aftermath of Ukrainian drone strike that killed five Azerbaijani sailors on a ship in Azov Sea overnight. https://t.co/dLUefLlDXo pic.twitter.com/NiEuaJ1ABE — Clash Report (@clashreport) June 5, 2026 Украинците тврдат дека целта на нападите биле бродови што превезувале воен товар и украдено жито. Порано во петокот, Украина соопшти дека нејзините беспилотни летала погодиле пет брода во пристаништата Мариупол и Бердјанск, како и во крајбрежните води на територија контролирана од Русија. Роберт Бровди, командант на украинските беспилотни летала, во соопштението изјави дека неговите беспилотни летала погодиле товарни бродови и танкер вклучен во „кражбата“ на украинско жито и преносот на воен товар и гориво, при што имињата на бродовите биле префарбани, а радарите биле исклучени.Тагови: Азербејџан бродовите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter