Мицкоски во Ресен : Ќе го заштитиме националното достоинство, додека постои ВМРО-ДПМНЕ ќе постојат Македонија, Гоце Делчев и македонскиот јазик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Ресен, се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ.

Мицкоски денеска беше во посета на Ресен каде што пред истакна дека после 15 јули, ВМРО-ДПМНЕ најпрво ќе економски ќе ја обновиме Македонија, за нашите сограѓани да станат горди и богати, а потоа ќе следи обнова на Македонија во секој поглед.

Мицкоски потенцираше дека затоа како главна мерка е зголемување на просечната плата за најмалку 25% во еден мандат, односно повеќе од 6.000 денари, а потоа и зголемување на пензиите за најмалку 20% и враќање на тоа што СДСМ го укина, но и реновирање на фасадите на нашите сограѓани со што ќе се заштитиме животната средина бидејќи, тие заради тие кои сега можеме, денеска Македонија соборува рекорди како најзагадена држава.

- Се обврзуваме на бесплатен приклучок за гас за секој дом во еден 4 годишен мандат. Се обврзуваме на минимум 640 милиони евра поддршка за земјоделците во субвенции и редовен и навремен откуп. Да не се случува тоа што се случуваше тука да луѓето со пила ги сечат крошните на јаболкниците или необрано житото во Пелагонија, да немаме незадоволни лозари, да не ни се случува праската и кајсијата да завршуваат во коритата на реките, доматите, краставиците пиперките од југоистокот да завршуваат необрани на нивите. Затоа се обврзуваме на редовна исплата на минимум 640 милиони евра во еден мандат и планиран и загарантиран откуп за земјоделските производи, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза на минимум 4 милијарди евра домашни странски инвестиции во еден мандат, најмалку еден универзитет кој ќе биде во првите 1000 на Шангајската листа, а за претприемачите на рамен данок од 8% и политика за вработување на младите до 29 години работодавачот да не плаќа данок и минимум придонеси од 6 просечни плати.

- Се обврзуваме на заштита на националното достоинство и враќање на националната гордост. За Гоце Делчев не се преговара, нема историска комисија која ќе не натера да преговараме за великанот Гоце Делчев. Гоце е Македонија, се додека постои Македонија, Гоце Делчев ќе биде Македонец, а ќе ве потсетам дека Македонија е бесконечност и додека постои ВМРО-ДПМНЕ ние ќе ја штитиме и браниме Македонија и ќе ја одбраниме. Секој оној кој што го негира правото на нашиот мајчин јазик треба да знае дека нема за милиметар да попуштиме од тоа што се избориле нашите предци, за тоа нема преговори, потенцираше Мицкоски

Тој исто така се обврза на реформи во праводуството и обвинителство за да не ни случуваат повеќе Луј витон обвиненија и обвнителства, „трас трас“ судски пресуди.

- Се обврзуваме на силна економија, а не онаа лажлива како што ја ветуваше СДСМ, сетете се на Фејсбук Гугл, на оној мистичен инвеститор кој ни го откриваа новинарите блиски до власта и велеа дека тоа е Фолксваген . На скалата на Транспарентност интернационал Македонија е на 106 место се обврзуваме дека во еден мандат Македонија ќе биде во првата третина на скалата на транспарентност интернационал, правда без исклучок без разлика кој се огрешил пред законите, дали тоа бил ВМРО ДПМНЕ дали тоа бил СДСМ дали тоа бил ДУИ дали Алијанса на Албанците или некој друг политички определен или неопределен правдата мора да владее и мора секој да ги почитува законите и Уставот, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вети дека онаму каде што има и најмала индиција за сторен криминал правдата најпрвин ќе затропа кај тие кој што го сториле тој криминал и да бидат свесни сите оние кои што три години токсично се богатеа на маката на овој народ.

- Народот е исправен нема веќе народ со свиткана кичма како што велеше Зоран Заев во 2008. Сега е моментот на 15 јули сите заедно масовно да излеземе горди достоинствени уште рано наутро и да ја поддржиме листата предводена од маестро Дурловски да ја поддржиме победничката листа на Коалицијата „За обнова на Македонија да го заокружиме бројот 14 и да ја спасиме оваа наша Македонија напатена вековна потоа да ги засукаме ракавите и истата оваа да ја обновиме, нагласи Мицкоски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер