Мицкоски: Во понеделник на седница на ИК ќе се отвори дискусија и за вториот и за третиот чекор

„Тука имаме една чудна би рекол навистина интересна состојба, истите тие кои што пред медиумите велат дека активната блокада не успеал, коленичат и плачат пред странските амбасади како ВМРО-ДПМНЕ блокирала, како ВМРО-ДПМНЕ бојкотирала итн. 

„Значи зборуваме за луѓе кои што сакаат да бидат мачо пред медиумите и мислат дека така македонската јавност ќе рече браво вие сте цврста власт, покажете им како треба. А, од друга страна коленичат и солзи ронат пред амбасадорите и пред амбасадите мислејќи дека на тој начин тие ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, и сега ВМРО-ДПМНЕ ќе се уплаши и готово тоа што сме го наумиле ќе нема да го спроведеме. ВМРО-ДПМНЕ беше многу јасна и јас бев многу јасен, го чекавме 100 дена, подававме рака дури и лично губевме од сопствената супстанца, трпевме и удари од народот зошто сме млаки, зошто не нема, зошто молчиме. Но бевме свесни дека треба да оставиме 100 дена. Еве ова се би рекол од геостратешка смисла сложени моменти и за Европа и светот, сакавме да бидеме државо - одговорни како што секогаш бил ВМРО-ДПМНЕ така и сега. Поминаа 100 дена, дадовме последна шанса до Ковачевски и останатите за дијалог", потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот".

Мицкоски додаде дека иако ВМРО-ДПМНЕ даде шанса, сепак власта одлучи на еден брутален начин да ја одбијат подадената рака.

„Тоа е нивна одлука, дали е исправна времето ќе покаже. Но, она кое што ВМРО-ДПМНЕ тогаш го кажа и јас лично беше следново, се што не е од интерес за граѓаните ние ќе блокираме од Парламентот како прв чекор. Во понеделник ќе имаме седница на Извршниот комитет, ќе отвориме и дискусија и за вториот и за третиот чекор, ова е стратегија која што многу ќе трае. Ова нема да биде инстант акција која што ќе заврши денес или утре. Ова е стратегија која што ќе трае, јас не очекувам дека туку така ќе ја напуштат луѓето фотелјата која што ја држат. Бидејќи тие знаат дека никогаш повеќе во животот ќе немаат таква можност. И грчевито се борат небаре ова е последниот ден за сите нив. А, гледаат дека само народот е тој што губи, и ќе ја испорача народот сметката. Од една страна на медиумите ќе им кажат видете ние успеавме да го скршиме отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна пред странските амбасади ќе коленичат и ќе плачат и ќе викаат видете овие ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат", рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира активно секој оној закон, секоја онаа иницијатива како што беше онаа за Законот за автентично толкување за игри на среќа и ред други закони. Ќе ги блокира ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие закони не носат добро за граѓаните. Тоа се закони за поединци или имаат за цел да го пљачкаат народот. Но, се што е од интерес за граѓаните како што се закони за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции тоа нема намера ВМРО-ДПМНЕ да блокира, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи.

„Сакам да апелирам на одговорност и до Талат Џафери и до СДСМ и до ДУИ веднаш на седница да го стават Законот за заем од Светска Банка каде што 63 милиони евра ќе бидат вложени во општините во Македонија, во нова инфраструктура, во нови улици, во нова канализација, во нови водоводи. И наместо повторно да ги блокираат успешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да го стават на Пленарна седница и да го изгласаме затоа што на крајот од денот бенефит од тоа треба да видат граѓаните, тие кои што ги плаќаат и нив, и нас. И затоа нека бидат барем еднаш одговорни и нека престанат да плачат по амбасадите, нека го стават законот на гласање и нека го поддржат затоа што тоа е сега, народот одлучил ВМРО-ДПМНЕ да има 50-тина општина каде што ќе биде власт, а они имаат 10—тина, 15 колку и да се. Но, на крајот на денот народот е тој кој што добива. Еве веднаш ви кажувам на отворена сцена дека тој закон ќе го поддржиме затоа што 63 милиони евра ќе бидат вложени во проекти, мислам дека тука ќе добие Кисела Вода повеќе од милион евра, ќе ги вложиме во подобри услови за живот на граѓаните", рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека сега е потребно одговорно однесување.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер