Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија - Канал 5

Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

Македонија нуди стабилна деловна средина и нови можности за странски инвестиции, порача премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи македонската делегација на Бизнис-форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. 

Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

Тој истакна дека двете земји негуваат традиционално пријателски односи, кои претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка. Обраќајќи им се на претставниците на турската бизнис-заедница, Мицкоски ги повика компаниите од Турција да ја препознаат земјава како партнер за идни инвестиции и економска соработка, нагласувајќи дека постојат сите предуслови за продлабочување на деловните врски меѓу двете држави.

-Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B-настани и B2B-средби, односно она што го почнавме во Унгарија и што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис-заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул. Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул, Турција. Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она што ние ќе го правиме во овие два дена во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување странски директни инвестиции. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски кој остварил средба со министерот за трговија Омер Болат како и министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу. Попладнево објави – директна авио линија Анкара – Скопје како и карго железничко поврзување помеѓу Македонија и Турција. На средбата со турските министри се разговарало за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави, а посебен фокус бил ставен на инфраструктурата и регионалното поврзување.

Одличните политички односи меѓу двете земји претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестиции, потенцирал шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во обраќањето на Форумот.

-Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е во нејзиното јадро, посочил Муцунски.

Дел од македонската делегација се министрите за европски прашања, економија и труд, Беким Сали и Бесар Дурмиши, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер