Мицкоски во Брисел на политичко собрание на Европската Народна Партија

Денес и утре претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел. 

На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од Европската Народна Партија чиј што член е ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.

Во делегацијата на ВМРО ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фон дер Лајен го осуди ранувањето на словачкиот премиер Фицо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.

„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.

Хезболах интензивно гаѓаше воени цели на северот на Израел

Либанското движење Хезболах денеска интензивно гаѓаше воени цели во северен Израел, како одговор на израелскиот напад во кој загина локален командант на проиранското движење.

Хезболах објави дека лансирал „десетици ракети Качуша“ во воената база Мерон во северен Израел и касарната Биранит.

Бомбардирањето е одговор „на нападот на израелскиот непријател во јужен Либан“, се додава во соопштението.

Сирените за тревога се огласија во Мерон.

Израелската армија изутрината соопшти дека го убила локалниот командант на Хезболах, Хусеин Маки во напад на крајбрежниот град Тир во јужен Либан./МИА

Утврдена кандидатската листа за член на Судскиот совет од Врховниот суд

За испразнетото место во Судскиот совет ќе се борат врховните судии Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, чија кандидатура предизвика жестока расправија на денешната седница на советот. 

Според дел од членовите, постои уставна пречка лимани да биде член поради нарушување на правичната застапеност во судскиот совет.

притисни ентер