Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е против шверцерска аболиција или помилување на политичари кои се огрешиле од законот

Преку овие разговори сакаме практично да се видиме очи во очи, лице во лице, гради во гради со нашите граѓани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски од  кампањата „Разговори за Обнова на Македонија " во Кочани. 

Веќе трети месец по ред таму некаде од крајот на септември почнавме , поминавме нколку десетици градови низ Македонија, стотици села, булевари, улици. Разговаравме со илјадници наши сограѓани, добивме повеќе од 30 000 последната бројка и не ја знам на проблеми, сугестии, идес од страна на нашите сограѓани. И кога од оваа перспектива би ја ценел оваа теренска активност би рекол дека кога почнувавме многу помалку се надевавме за успешноста на акцијата, но очигледно дека е толку тешка денешната реалност во Македонија што луќето едвај чекаа да оваа денешна реалност предводена од Зоран Заев и СДСМ побрзо заврши. Ќе имаат граѓаните на Македонија, македонскиот народ, но и останатите граѓани на Македонија на 12 април имаат можност гласно да зборуваат позади параванот кога ќе треба да заокружуваат.

Јас сум убеден во историски најголемата понуда бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија “ ја формираше најголемата, историски најголемата коалиција во независна и суверена Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот.

Јас сум убеден на 12-ти април дека таа коалиција ќе биде победничка, а победата на тој ден ќе биде историска бидејќи тогаш ќе започне третата вистинска револуција за Македонија која што ќе трае и во иднина.

Тешко е денешното секојдневие, тешка е денешната реалност во Македонија. Ако ги иземеме Зоран Заев и неколчкумина негови обожаватели како што се да речеме Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и малкумина околу нив кои што денеска уживаат во привилегиите на власта, во сето она кое што им е овозможено благодарение на макотрпната работа на нашите сограѓани, сето останато денеска тешко живее, буквално крај со крај врзуваат нашите сограѓани.

Па и оттука е нивната забеганост, одлепеност од реалноста е толку голема што потсетува на оние времиња од транизицијата кога нашите родители, нашите баби и дедовци практично остануваа без работа преку ноќ бидејќи овие тогашни новопечени црвени буржуи кои што ја предводена реформираната комунистичка партија и се претставуваа како СДСМ г озаграбуваа сето она кое што народот макотрпно го печалел.

Истото е и денеска, само денеска не се вика транзиција туку се нарекува „Рекет“. Популарно наречено „Рекет“, рекетирање на секој чекор, на секое ниво, без разлика дали е локална самоуправа каде што имаме градоначалници кои што се од редовите на СДСМ или пак зборуваме на централно ниво каде што имаме министри, заменици, директори, функционери кои што се предложени од СДСМ.

Но јас ќе се вратам неколку години наназад и ќе ве потсетам на сето она кое што во таа изборна 2016-тата година овие властодршци денеска пред да започнат со нивниот рекет, конвертирана транзиција само во поново време, овие три години го ветуваа пред нашите сограѓани додека шетаа по улиците, додека бојадисуваа, додека уништуваа, додека кодошеа нашата држава и кога се срамеа од сопствениот народ.

Се сеќавате тука во Кочани посебно ветуваа кај земјоделците, кај оризопроизводителите и велеа оризот и оризовата арпа сигурно ние ќе ги пласираме, ќе најдеме пласман за нив и ќе најдеме пласман по цена од 25 и 50 денари. Бев пред некој месец тука, септември беше, го отворавме штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, разговаравме со оризопроизводителите и буквално најголемиот дел од нив ми рекоа планираме до година и да не ги ожнееме нивите, да не ги посееме, затоа што не само не се исплати туку и потешко никогаш не било. Уште една голема невистина само за да може да се зграбат до привилегиите во Владата, само за да може да се амнестираат од злоделата кои што ги правеа во минатото.

Ветуваа на пензионерите дека секоја година за 1-проценти ќе им зголемуваат пензиите, а во 2017-тата на први јануари што направија, истите тие пензии кои што со години наназад беа зголемувани им ги намалија. Го укинаа столбот каде што пензиите се нивелираа соогласно порастот на просечната плата и така секој пензионер во втораа половина од 2019-тата губи месечно по најмалку 700-тини денари.

Истото тоа ќе продолжи и во првата половина од 2020-тата и во втората половина од 2020-тата, загубата во пензиите на секој пензионер почнувајќи од 1 јануари 2019-тата, завршувајќи со 31 декември 2020-тата е 1400 денари. И потоа ќе се појави Зоран Заев со онаа министерка галена, наречена Мила Цароска ќе излезат и ќе речат безсрамно ќе го лажат пензионерот, еве од први јануари ние ќе ви ги покачиме пензиите за 700 денари, оние што ви ги земавме во 2019-тата, оние пензии кои што ви следуваа во 2019-тата сега ќе ви ги покачиме и ние сме добрите, а овие Вмровците тие се лошите тие биле против пензионерите. А само да ве потсетам од 2010-тата заклучно со 2016-тата година секоја година пензиите растеа, а во последните три години секоја поединечна пензија растеше по 5 проценти. Или вкупно за тој период за 35 проценти се зголемени пензиите на пензионерите.

Додека пак од 2016-та до 2019-та, три години власт чизма на СДСМ и Зоран Заев, скромни 5 проценти. Знаат пензионерите да направат разлика, а таа разлика ќе ја покажат на 12-та април 2020-тата со огромната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и „Обновата на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е против било каква шверцерска аболиција или помилување на политичари кои што се огрешиле на ваков или таков начин. Но не само на политичари, туку и на секој оној без разлика дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ или било која друга политичка партија, а ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност и да одговара.

А, јас ви ветувам, дека после 12-ти април, на 13-ти април преиспитајте се што сте правеле вие господа од СДСМ, нема ниту една аболиција, ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси. Од прв до последен ќе одговарате за злоделата што ги направивте на овој народ и на оваа држава. А вие можете шверцерски да договарате, притискате и уценувате и корумпирате судии. Можете да си туркате приватни агенди. ВМРО-ДПМНЕ, јас лично ниту поддржуваме ниту некогаш ќе поддржиме.

ВМРО-ДПМНЕ, јас лично ниту поддржуваме, ниту некогаш ќе поддржиме. И ако народот се организира да протестира против вакви криминални одлуки, нас ќе не најдете во првите редови против оваа неправда. Ние сме за правда, владеење на правдата и владеење со правото, рече меѓу другото Мицкоски во Кочани.

Дневен хороскоп за 18. мај 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 18. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете.

Кариера

Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо.

Здравје и совет

Имате причини и за радост и за тага.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство.

Кариера

Че поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува.

Здравје и совет

Подобрување.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни.

Кариера

Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа.

Здравје и совет

Денеска имате влијание врз другите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи.

Кариера

Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни.

Здравје и совет

Продолжете понатаму без нервоза.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание.

Кариера

Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место.

Здравје и совет

Можни се мали проблеми со видот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално.

Кариера

Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата.

Здравје и совет

Имате сила за двајца.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие.

Кариера

На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу.

Кариера

Освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете.

Кариера

Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава.

Здравје и совет

Вие сте добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост.

Кариера

И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба.

Здравје и совет

Не е се во материјалното.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални.

Кариера

Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови.

Здравје и совет

Бидете јасни и недвосмислени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска.

Кариера

Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст.

Здравје и совет

Бидете објективни.

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

Аватари на починати за 46.000 евра- дигитална реинкарнација преку вештачка интелигенција

Враќањето на мртвите во живот преку технологија до неодамна беше поврзано само со филмови, но со напредокот на вештачката интелигенција - вакво нешто повеќе не е само прашање на фикција.

Технолошкиот сектор за тага, познат и како „технологија на смртта“, сега се проценува на повеќе од 100 милијарди фунти на глобално ниво, според веб-страницата за технолошки вести TechRound.

- Го клонираме изгледот на една личност до 96,5% сличност со оригиналната личност - вели Мајкл Јунг, финансиски директор на DeepBrain, една од компаниите кои фиктивно ги враќаат луѓето во живот.

Компанијата верува дека овој вид технологија може да биде важен за развојот на културата на „добра смрт“, каде што однапред се подготвуваме за смртта на најблиските, оставајќи ја семејната историја, приказни и спомени како дел од наследството.

Сепак, процесот не е евтин и корисниците не можат сами да креираат аватар. Наместо тоа, тие треба да ѝ платат на фирмата до 50.000 долари. И покрај оваа висока цена, некои инвеститори се уверени дека ќе биде популарна, а DeepBrain собра 44 милиони долари во својот најнов круг на финансирање.

Психологот Лаверн Антробус предупредува дека треба да се биде многу внимателен кога се користат такви „технологии на тага“ во периоди на силни емоции.

- Загубата е нешто што нѐ изненадува. Може да мислите дека сте прилично блиску до тоа да бидете добро, а потоа нешто може да ве врати назад – вели таа, а пренесува Би-би-си.

Антробус додава дека луѓето не треба да брзаат да го користат четботот на изгубената сакана личност.

- Треба да се чувствувате прилично цврсто пред да користите вакво нешто. Сфатете ги работите многу, многу бавно.

Таа исто така, предупредува дека не постои замена за човечката поддршка кога станува збор за надминување на тагата.

- Навистина не можам да замислам дека технологијата ќе ги преземе традиционалните аспекти на жалоста, кои се однесуваат на чувството на блискост со луѓето, чувството на грижа за нив, чувството на благодарност.

притисни ентер