Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија, а градинките и училиштата ни се приоритет - Канал 5

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија, а градинките и училиштата ни се приоритет

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија, а градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите.

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија, а градинките и училиштата ни се приоритет

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања говорејќи за Планот за раст и Реформската агенда појаснувајќи детално за чекорите и законите кои треба да се имплементираат истакна дека до крајот на оваа година ќе се работат дел од чекорите и процедурите, тие кои ќе заостанат ќе бидат сработени во првите три месеци од следната година и ќе можеме да го фатиме чекорот.

„Законот за аудиовизуелни услуги е дел од Министерството за дигитална трансформација и е готов генерално, со тој закон сакавме да бидат и деловите кои се однесуваат на “roam at home“ односно кога младите ќе патуваат низ Европа да не плаќаат роаминг, но тоа ќе се имплементира следната година, а ние имаме амбиција законот да го донесеме оваа година, а следната преку амандмани да интервенираме за роамингот“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека следен чекор кој е важен се измените во Изборниот законик кои треба да бидат усогласени со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и дека тоа зависи од политички консензус, а бидејќи е реформски закон може да се постигне тој консензус и да се донесе до крај на година со вклучени препораки на ОБСЕ и ОДИХР.

„Следниот чекор е исто така значаен кој не можеме да го исполниме, а се однесува во делот на енергетиката, а тоа е целосна либерализација на пазарот за електрична енергија, пред сѐ, се мисли на домаќинствата, затоа што ако Владата престане да ја субвенционира електричната енергија за домаќинствата тогаш цената ќе поскапи за отприлика 30% до 35% и тоа ќе предизвика инфлација и ќе има верижен ефект врз многу други процеси, и затоа ние како држава продолжуваме да ги субвенционираме сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите на регулираниот пазар“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека следен чекор кој исто така е важен се законите во ресорот правда.

„Тоа се законите јавно обвинителство, за судови, за јавно обвинителска служба и за служба во судовите кој се однесува за две работи, едната е да можат судовите и обвинителствата да вработуваат само со одобрение на Судски совет и Совет на јавни обвинители, а Владата да ја информираат, што е во ред, но не можеме да се согласиме со тие средства кои треба од буџетот да ги одвојуваме за да бидат зголемени примањата, ако се жалат со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат па играчки за играње. Тој е буџетот, го украле, останале малку пари, тоа што останало ние се трудиме да менаџираме како што треба, реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е фер“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека следен чекор кој помина на владина процедура е новиот закон за Судски совет и се усогласува со Канцеларијата на Европска Комисија и за брзо ќе се најде во Собрание.

„Потоа е делот на објавување на регистар на компании во кои државата има некаков удел, не доминантен, туку некаков удел, тоа се претпријатија во кои државата е сопственик, законот заедно со професори од Правен факултет го направивме, го доставивме до Министерство за економија и труд и Министерство за европски прашања и очекуваме скоро да се усогласи и во декември да се најде во Собрание. Понатаму има дел во кој давачки и процедури кои треба во три институции да бидат усогласени тоа се Централен регистар, Малмед, односно Агенцијата за лекови и Министерството за економија и труд во делот на Централен регистар е завршено тоа се шест, во Малмед се 19, десет усогласени, девет ќе се усогласат и останува уште три во Министерство за економија и труд и ова ќе биде завршено во рамките на оваа година. Понатаму имаме либерализација на железнички сообраќај, во делот на инфраструктура, транспорт, и веќе се реализираше состанок со Канцеларијата на Европската Комисија договорени се активностите. Имаме комплетирање на вработувања во рамките на Агенција за одземен имот, и работните места ќе бидат пополнети“, изјави премиерот Мицкоски, соопшти Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од  2.500 на 5.000 денари

„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари.

За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата. Корисниците на право на социјална сигурност за стари лица треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа – ЦСР Центар.

Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата доставени по електронски пат или по пошта нема да се разгледуваат.

Повеќе информации на следниот линк:ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

Ново Село продолжува да се развива. 

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации.

Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село.

Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување.

Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните.

По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија.

Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура.

Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите.

Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура.

Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места.

Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Со новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. 

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации.

За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, половина од вкупниот долг од независноста до денеска. Но тие пари не се за граѓаните туку за криминални тендери.

Граѓаните арамијата ги остави сами.

Секој месец нови поскапувања, а платите остануваат недоволни за живот. Од јануари трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари.

Ниту три минимални плати не ја покриваат основната потрошувачка кошничка.

Работникот работи цел месец, а не може да ги плати основните потреби на семејството.

Околу 180.000 работници примаат плата под 31.200 денари, додека минималната останува на 26.000 денари. За нив Мицкоски нема пари.

Се најавуваат и нови поскапувања на струјата и парното, во Европа се кројат планови поради ризикот од поскапување на храната.

Само арамијата Мицкоски ништо не прави. Цела година ги остави граѓаните сами да се справуваат со кризата, одбивајќи ги мерките што ги предложи СДСМ.

Ова е свесен избор на Мицкоски: за работниците нема, за партиските тендери има. Долг врз долг, ребаланс по ребаланс, а сметката секогаш кај народот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер