Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно - Канал 5

Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно

 Владата функционира обединето и единствено. Мнозинството е стабилно и има чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно

Прашан за информациите дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата Вреди, Мицкоски рече дека во јавноста има многу информации, и ќе се воздржи од било какви коментари.

- Само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено. Оваа Влада има неофицијално чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.

Разбирам, рече Мицкоски, зошто е загриженоста на јавноста, но за разлика од минатото, мнозинството е стабилно.

- За разлика од минатото, кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овојпат тоа е стабилно и треба да ја оставиме Владата да работи како што е досега, порача Мицкоски.

Во однос на обвинувањата од ДУИ, Мицкоски порача дека „колку повеќе функционери од ДУИ се фатени во криминал додека ги вршеле функциите во минатото, толку повеќе ќе заострува нивната реторика “.

- Работиме и докажавме дека работиме неселективно и така и ќе продолжиме. За оваа Влада, на сите речиси 26 илјади квадратни километри, секој еден квадратен километар е важен, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати. Без разлика, дале е градоначалник од Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ, или ДУИ, од СДСМ или некој независен, нашиот интерес се граѓаните, изјави Мицкоски.

Изјавата на Али Ахмети дека Албанците во земјава биле деградирани, Мицкоски ја оцени како безпредметна, бидејќи, како што рече, оваа Влада има толку многу успеси за сите граѓани.

- Ние не ги делиме така граѓаните, имаме мултиетничко општество, кое што треба да го негуваме и треба во таа насока и да продолжиме. Ние ги делиме граѓаните на оние кои се лојални, чесни и додаваат вредност, кои што ги почитуваат законите и Уставот и оние кои што не ги почитуваат и треба да одговраат пред истите тие закони и Устав. Нема тука етнички или политички поделби, нагласи Мицкоски.

YouTube video

Во Велес на улица тешко повредено петгодишно дете

Попладнево околу 15:15 часот на улицата кај Младински парк во Велес од возило тешко било повредено петгодишно дете. 

Во Велес на улица тешко повредено петгодишно дете

Како што информираат за МИА од службата на Брза помош по укажаната прва помош на детето тие итно го однеле во Ургентниот центар на велешата Општа болница.

Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница, на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи како и рентген снимања и томографија и биле констатирани тешки повреди на глава.

Поради тежината на повредите на главата, со нивно возило детето било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските Клиники „Мајка Тереза“.

„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди

Познатата ТВ-серија „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) ќе добие нова сезона. Снимањето на новите епизоди, како што се очекува, ќе почне наскоро, поточно - ова лето, или во септември, пишува британскиот таблоид „Сан“ (The Sun).

„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди

Првичната ТВ-серија се прикажуваше од 2013 до 2022 г., а последната, шеста сезона е сместена во 1930-тите. Најавениот филм од продукцијата на „Би-би-си“ (BBC) - „Пики блајндерс: Бесмртниот човек“ (Peaky Blinders: The Immortal Man), раскажува за времето на Втората светска војна. А пак, наводите говорат дека најновата приказна ќе се одвива во 1950-тите, и според гласините, се очекува по објавувањето на филмот.

YouTube video

„Шестата сезона требаше да биде последна, а филмот требаше да ја заокружи приказната“, изјави неименуван извор од телевизиската мрежа за „Сан“.

Изворната серија „Пики блајндерс“ го следи семејството Шелби од 1919 година до 1930-тите.

Креаторот на серијата Стивен Најт, се чини, не може да одолее на враќањето на приказната и веќе некое време навестува дека сака таа да продолжи. Ирскиот глумец Килијан Марфи, кој глуми и во новиот филм, би можел да се врати за новата сезона како Томас Шелби, но сега во улога на „таткото во семејството“.

Новите епизоди ќе се прикажуваат на „Би-би-си 1“ во Велика Британија, а меѓународно ќе бидат достапни преку стрим-платформата „Нетфликс“.

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Владата на таа држава ги разгледува извршните наредби на американскиот претседател Доналд Трамп за ублажување на царините за производителите на автомобили. 

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

„Тоа е напредок“, рече Шајнбаум, чија земја се смета за една од најизложените на увозните давачки на Трамп.

Таа додаде дека новите правила ќе му дадат на Мексико „дополнителна конкурентска предност“ поради нејзиниот договор за слободна трговија со САД и Канада. /МИА

притисни ентер