Мицкоски: Според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови - Канал 5

Мицкоски: Според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

Во периодот што го минуваме најголемиот дел од активностите ги посветуваме на надминување на ценовната криза на горивата, што е значаен инпут и има влијание врз цените на производите важни за граѓаните.

Мицкоски: Според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

Се наоѓаме во период на изразена глобална неизвесност. Ценовните шокови на енергенсите не се резултат на внатрешни политики, туку се последица на геополитичките случувања, особено кризите на Блискиот Исток и нарушувањата на светските пазари. Во вакви услови, одговорноста на секоја влада е навремено да реагира и да ги амортизира последиците врз граѓаните и економијата.

Она што е важно да се истакне е дека нашите политики не се изолирани, туку се во целосна линија со светските трендови.

Според последните анализи на европско ниво, според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои промениле најмногу работи и примениле највеќе мерки за справување со ценовните шокови.

И токму тоа може да го видиме овде на слајдот, инаку се сеќавате дека изминатиов период СДС и останатите коалициони партнери во поранешната влада како што е ДУИ велеа дека доцниме со мерките, дека тие мерки не биле доволни итн., но според ММФ податок објавен на 15ти Април, а тоа е пред четири дена можете да забележите дека ние како држава сме на третото место според мерките коишто сме ги примениле како процент од БДП во Европа. Лажеа за мигранти, лажеа дека ќе сме банкротирале, лажеа дека ќе нема за пензии, уште што ли се не излажаа, па така излажаа и за мерките коишто ги применивме и подготвени ја пречекавме енергетската криза којашто ќе повторам не зависи од нас, туку зависи од гео-политичките, светски случувања. Од слајдот можете да видите и дека практично како држава сме на третото место и тоа е нешто коешто во минатото за владата на СДСМ и ДУИ претставуваше нешто коешто е невозможно.

Ефектите од овие политики денес се јасно видливи.

Кога има ценовно корегирање на светските берзи и ние како влада исто така реагираме со ДДВ-то и акцизата. Такви бие и вчерашните одлуки на владата.

И согласно нашите пресметки очекуваме Регулаторна комисија за енергетика утре да донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар. Истовремено, останува во сила онаа мерка којашто ја договоривме веќе со ОКТА, а тоа е а имаме попуст до крајот на Април месец на бензините за 2 денари по литар, а за дизел горивото да биде 3 денари по литар. Со тоа повторно можеме да заклучиме дека сме држава којашто има најниски цени на горивата во регионот. На следниот слајд можете да забележите кои се цените на горивата во регионот. Во Македонија тие се движат од 1,27 до 1, 31 евро цент за литар. Во соседна Грција е 2,06, во Албанија е 2,07, во Србија 1,63, Косово 1,42, Бугарија 1,47, Црна Гора 1,55, Босна 1 ипол, Хрватска се движи од 1,66 до 1,88 и Словенија 1,62. Убедливо најевтини цени. И она коешто го слушам изминативе денови, а исто имав можност да слушам накратко едно интервју дадено од претходниот претседател на владата, господинот Ковачевски дека и тогаш кога била кризата во 2022 сме имале најниски цени во регионот што е лага, не е вистина, не се такви цените тогаш во 2022 година и ќе ве потсетам тогаш инфлацијата беше со двоцифрен број проценти на месечно ниво, сега е 4,9 поради тоа што минатата година во истиот тој месец имавме мерки, така што основата со којашто се споредува е прилично ниска и тие мерки траеа и овој месец бидејќи минатата година Велигден беше на 21 Април. Се сеќавате имавме рамазанска и велигденска кошница, така што очекувам веќе од месец мај работите да доаѓаат на нивото коешто ги очекуваме.

Тоа е нешто што претставува успех бидејќи покрај влезната цена на горивото којашто зависи од цените на берзите, односно цената на плац, за нас репер е Италија, зависи и од внатрешните политики и мерките коишто ги презема.

Очигледно дека мерките коишто ги презема оваа влада се сосема поинакви о тие мерки резултираат со ова, да бидеме според ММФ трета земја според обемот на мерки коишто се имплементирани за да се амортизира енергетската криза и да бидеме држава со најниска цена на бензините и дизел горивото во регионот согласно мерките коишто ги преземавме.

Сакам да потенцирам дека ова не е краткорочна политика, туку дел од поширок би рекол холистички пристап на Владата за стабилизирање на економијата во услови на криза. Паралелно со овие мерки, работиме и на зајакнување на домашната економија, зголемување на конкурентноста и создавање на услови за долгорочен раст.

Ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата и да реагираме соодветно. Нашиот пристап останува ист – без еуфорија, но со јасна стратегија, со факти и со резултати.

Затоа што на крајот, нашата обврска е една – да обезбедиме стабилност, сигурност и подобар живот за граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ноќеска почнува зимското сметање на времето - како промената влијае врз организмот?

Македонија ноќеска преминува на зимско сметање на времето. Во 3 часот по полноќ стрелките ќе се поместат еден час наназад, односно времето повторно ќе биде 2 часот.

Ноќеска почнува зимското сметање на времето - како промената влијае врз организмот?

Еден час повеќе за спиење, но и порано стемнување. Ноќеска Македонија преминува на зимско сметање на времето. Стрелките се враќаат еден час наназад, а со тоа се менува и секојдневниот ритам на граѓаните.

За повеќето граѓани поместувањето на часовникот не носи значителна промена во секојдневието.

Иако есенското поместување носи дополнителен час за спиење, експертите посочуваат дека на организмот му е потребно време да се приспособи. Промените може да влијаат врз квалитетот на сонот, концентрацијата и расположението, особено кај почувствителните категории граѓани.

,,Кај одредена категорија на луѓе може да се почувствува во првите неколку дена поголем замор, понамалена концентрација...Едноставно поголема поспаност во текот на денот и важно е во овој период да си дадат повеќе простор за одмор – да гледаат да ја користат попладневната дремка доколку тоа е потребно за побрзо да ја препродат промената.Кога ќе се разбудат веднаш да се изложат на дневна светлина 00:30 / 02:24 Да внимаваат на ихраната и на внесот на кофеин бидејќи колку и да се чувствуваат уморни во текот да го ограничат внесувањето на во првата половина од денот.“

Преминот кон зимско сметање на времето не носи само промени во секојдневните навики на граѓаните, туку се совпаѓа и со период на поинаква економска активност.

Според анализите за сезонските потрошувачки навики, со пократките денови и подолгите вечери се менува и начинот на кој граѓаните го поминуваат слободното време

Според пазарните аналитичари, пораното стемнување и поместувањето на стрелките на часовникот ги менуваат навиките на граѓаните, кои се повеќе поминуваат време дома, користејќи дигитални платформи за забава.

Иако Европската Унија уште во 2019 година го поддржа укинувањето на сезонското менување на времето, иницијативата сè уште е во застој. Причината е несогласувањето меѓу земјите членки дали трајно да се задржи летното или зимското сметање на времето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сторија: Како велешанецот успевал да измами десетици жртви со т.н. кубанска вакцина против канцер?

Не само од Македонија и Европа, велешанецот што на диво аплицирал т.н. кубански вакцини против канцер, имал пациенти и од преку океанот... 

Сторија: Како велешанецот успевал да измами десетици жртви со т.н. кубанска вакцина против канцер?

„Татко му починал од рак, а сестра му починала млада од кардиоваскуларна болест“, затоа сакал да им помага на луѓето за лекот што го има, а не се носи во Македонија, и затоа направил напори да го донесе од Србија“, вака велешанецот убедил семејство од Скопје чиј член од семејство имал канцер. Платиле над 10 илјади евра за три дози од кубанските вакцини за што тој гарантирал дека се вистински и помагаат во целосно лекување.

Роднината живеел во Америка и доаѓал во Македонија за вакцината, дури и мајката на болниот ја носела вакцината во Америка каде таа му ја аплицирала, бидејќи немало сертификат и докторите не сакале. Неговата состојба воопшто не се подобруваше само се влошуваше, а велешанецот М.А не убедуваше дека од Србија докторите рекле дека ќе се подобри, раскажува роднината. За жал нивниот роднина починал за три месеци по аплицирањето на третата вакцина. На случајна средба кога го виделе М.А им кажал дека нивниот роднина имал тешка бактерија и починал од тоа.

Сведоштвата на сите блиски укажуваат дека тој многу стручно објаснувал за вакцината и верувале дека нивните блиски ќе се излекуваат од тешката болест. Сите рекоа дека и приватно ќе го тужат за измамата. Вчера, основното јавно обвинителство во Велес донесе мерки против сега осомничениот М.А. Претрес бил направен работното место на осомничениот во Велес биле пронајдени докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се електронски уреди.

„Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Обвинителот предложи мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува на суд.“

Осомничениот е на болничко лекување и му врачено решението од обвинителството. Тој е осомничен дека со намера ги доведувал луѓето во заблуда лажно нудејќи кубански вакцини против рак. Во обвинителството е оформен предмет за измама и надрилекарство, за овие две дела може да се добие казна до четири години затвор и парична казна. Во Србија постојат точно две компании кои се официјално лиценцирани за увоз и соработка со кубанскиот производител, додека третманот легално се спроведува во соодветни здравствени установи. Компаниите тврдат дека никој не продавал вакцини во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Терорист во близина на Париз пукал кон детско игралиште, планирал да си го разнесе станот

Во пукотницата во Трап и Ла Вериер, места западно од Париз, еден маж е убиен, а пет лица се ранети. 

Терорист во близина на Париз пукал кон детско игралиште, планирал да си го разнесе станот

Осомничениот пукал од автомобилот на три локации. Полицијата го уапси во блискиот Коњиер.

Канцеларијата на антитерористичкиот обвинител истражува можен терористички и расистички мотив.

Меѓу ранетите е и едно девојче

Пукањето се случило вчера. Според министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, осомничениот пукал во бензинска пумпа, здравствен центар, детско игралиште и аптека. Пукањето траело помалку од 15 минути.

Министерот рече дека осомничениот користел оружје кое изгледало како воено или барем автоматско.

Меѓу ранетите е и едно 12-годишно девојче. Телевизијата BFM објави дека таа била застрелана осум пати, а градоначалникот на Ла Вериер подоцна изјави дека нејзината состојба се стабилизирала.

Градоначалникот на Трап, Али Рабех, рече дека убиениот маж е од африканско потекло, а еден од ранетите е од Северна Африка.

Уапсен е и член на семејството на осомничениот

Полицијата го уапси осомничениот во блискиот Коњиер. Канцеларијата на антитерористичкиот обвинител го идентификуваше како 39-годишниот Кевин Т., роден во 1987 година. Член на неговото најблиско семејство, исто така, заврши во полициски притвор.

Обвинителството објави дека осомничениот поставил три цилиндри со гас поврзани со жици со тајмер во станот. Истражителите сè уште не го испрашале бидејќи неговото присуство е потребно за претрес на станот.

Макрон го нарече нападот расистички терористички напад. Тој рече дека жртвите биле избрани поради бојата на нивната кожа или религијата што им ја припишал напаѓачот. Рабех рече дека нападот веројатно бил исламофобично мотивиран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер