Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции, реформи и силни институции - Канал 5

Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции, реформи и силни институции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на настан по повод споменот на Ѓорче Петров, порача дека делото на Ѓорче Петров и идеалите за слободна и достоинствена Македонија остануваат трајна инспирација.

Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции, реформи и силни институции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на настан по повод споменот на Ѓорче Петров, порача дека делото на Ѓорче Петров и идеалите за слободна и достоинствена Македонија остануваат трајна инспирација, а денешниот патриотизам треба да се докажува преку развој, силни институции и подобар живот за граѓаните.

,,Денес, кога оддаваме почит на неговиот лик и дело, не се поклонуваме само пред човек кој го вгради својот живот во темелите на историската ВМРО, туку и пред една идеја која останува жива повеќе од еден век. Идејата дека Македонија има право на своја иднина, дека македонскиот народ има право на достоинство, дека слободата има цена, а таа цена секогаш ја плаќаат најхрабрите, најчесните и најпосветените луѓе на своето време“, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Ѓорче Петров преку своето капитално дело ,,Материјали по изучувањето на Македонија“, покажал дека љубовта кон татковината се изразува и преку знаење, истражување и зачувување на историјата и идентитетот, и додаде дека историјата има вредност само ако се применат нејзините поуки за иднината.

,,Во исто време, Ѓорче Петров бил човек на книгата, на науката и на знаењето. Неговото капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, претставува сведоштво дека љубовта кон татковината не се покажува само со револуционерна борба, туку и преку истражување, преку разбирање на сопствениот народ, преку грижа за неговата историја, култура, географија и идентитет. Тој верувал дека народ кој не се познава себеси тешко може да ја обликува својата иднина, а народ кој ја познава својата историја никогаш не дозволува некој друг да му ја пишува“, истакна Мицкоски и додаде:

,,Историјата има вредност само тогаш кога знаеме да ги препознаеме поуките што ни ги остава. Ако денес зборуваме само за минатото, а не научиме ништо за иднината, тогаш не сме ја исполниле нашата должност кон оние што ја создавале оваа држава“.

Мицкоски порача дека денешната генерација има обврска да изгради силна и просперитетна Македонија, со развој, силни институции, еднаква правда и можности засновани на труд.

,,Нашата генерација нема задача да создава револуционерни организации и да води ослободителни борби како неговата генерација. Нашата задача е да изградиме држава која ќе биде достојна за нивната жртва. Да изградиме Македонија во која младите ќе сакаат да останат. Македонија во која ќе се отвораат нови фабрики, ќе се градат нови патишта, железници, училишта и болници. Македонија во која институциите ќе бидат силни, правдата ќе биде еднаква за сите, а успехот ќе зависи од трудот, а не од привилегираните“, посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека патриотизмот денес не се мери со големи зборови, туку со резултати, нови инвестиции, секое ново работно место, со реформи кои ја прават државата поорганизирана, посилна и поуспешна, и како што вели тој, со способноста да се создадат институции во кои граѓани ќе имаат доверба и држава што ќе биде стабилна, економски силна и почитувана.

,,Токму затоа нашата борба денес е борба за развој. Борба за силна економија, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерно образование, за здравство што ќе биде достапно и квалитетно, за владеење на правото, против корупцијата борба. Борба за Македонија која ќе биде држава на можности, а не држава на изгубени шанси. Тоа е современиот патриотизам“, заклучи Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кандскиот премиер Карни ја поздрави идејата неговата земја да стане придружна членка на ЕУ

Канада и Европа се посилни заедно и Канада го поздравува овој „Сојуз за иднината„ -  громогласен аплауз за канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент.

Кандскиот премиер Карни ја поздрави идејата неговата земја да стане придружна членка на ЕУ

Канада и Европа се посилни заедно и Канада го поздравува овој „Сојуз за иднината„ - громогласен аплауз за канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент, откако вчера шефицата на Европската Комисија - Урсула Фон дер Лајен, ја покани неговата земја да стане првата официјална придружна членка - што практично претставува нов концепт без правен преседан во актите на ЕУ. Соработка во суштински области како критични метали, одбрана, технологија и енергетика, но не и нов светски ривалски блок со цел да доминира – прецизираше премиерот Карни.

-Се отвора вратата за Канада да стане прва придружна членка на Европската Унија. Канада ја поздравува оваа амбиција. Сојузот за иднината е единствен, позитивен пристап што заеднички ќе го дефинираме, надоврзувајќи се на нашите заеднички сили и вредности,- - Марк Карни, премиер на Канада.

Додека деталите на придружното членство ќе се разработуваат на октомврискиот Самит ЕУ – Канада по што ќе следи и гласање во канадскиот парламент, според првичната реакција на американскиот претседател Доналд Трамп, САД не гледаат благонаклонето кон овој нов сојуз. Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата со ЕУ.

-Мислам дека тоа е смешно. Сметам дека Канада е ужасен трговски партнер. Ако го направат тоа, и ако сметам дека станува збор за непријателски чин, ќе воведам многу сериозни царини или ќе прекинам да тргувам со Европа во многу работи,- -Доналд Трамп, претседател на САД.

Поканата за придружно членство доаѓа во момент кога Канада бара начин да се дистанцира од САД поради турбулентните односи и трговската војна со претседателот Доналд Трамп, кој неодамна освен закани со високи царини, изрази желба Канада да стане 51та држава на САД. Но, дека новиот концепт за придружно членство не завршува само со Канада, навести претседателката на Европскиот парламент – Роберта Мецола, најавувајќи можност примерот со Отава да го следат и Австралија и Нов Зеланд.

-Постојат различни форми – земји што сакаат да ѝ се приклучат на ЕУ или земји што се дел од Европската економска зона, а во овој случај станува збор за земји со кои сакаме да ги продлабочиме односите. Тука спаѓа Канада, а не се сомневам дека ќе бидат вклучени и други земји,- - Роберта Метсола, претседателка на Европски парламент .

Во однос на заканите од Трамп кон Европската Унија, Мецола изјави дека целта на Брисел не е да се спротивстави некому, туку да развива подлабока соработка базирана на правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој

Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура и поддршката на микро, малите и средните претпријатија. 

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој

Фокусот на соработката е насочен кон реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за економскиот развој. Ова беше истакнато на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со Томаш Бочек, заменик-гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), на која се разговараше за реализацијата на тековните проекти и за идната соработка.

„Продолжуваме да го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ, насочувајќи ја поддршката кон проекти што придонесуваат за подобри јавни услуги, поквалитетно образование и економски развој“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

ЦЕБ е присутна во земјава од 1997 година, а досега има одобрено кредити за 10 проекти во јавниот сектор во вкупен износ од 314 милиони евра, а исто така има дадено и значајна поддршка за обезбедување на инвестициски грантови и грантови за техничка помош за подготовка на проектите. Поддршката е насочена кон социјалната инфраструктура и социјалната интеграција, вклучително здравството, образованието, правосудството и социјалното домување, како и кон поддршка на микро, малите и средните претпријатија.

На средбата беше разгледана реализацијата на тековните проекти, меѓу кои дополнителното финансирање со заем и грантови во вкупен износ од 24.1 милион евра за изградба, надзор и опремување на 30 спортски сали во основните училишта, како и за реконструкција на основни и средни училишта. Оваа поддршка е продолжение на успешно реализираниот проект во чии рамки беа изградени и опремени 70 спортски објекти во основните училишта, а беа реконструирани и 90 основни и средни училишта.

Соработката со ЦЕБ опфаќа и кредитна линија од 50 милиони евра за создавање работни места во микро, малите и средните претпријатија, која се реализира преку Развојната банка.

Посебен акцент на средбата беше ставен на проектите што се подготвуваат за наредниот период. Меѓу нив е проектот за довршување на изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ.

Во фокусот на идната соработка е и проектот за основна дигитална инфраструктура. Проектот е насочен кон унапредување на дигиталната инфраструктура и поддршка на процесот на дигитална трансформација.

На средбата беше изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ЦЕБ, со фокус на ефикасна реализација на тековните проекти и обезбедување поддршка за нови инвестиции од значење за економскиот и социјалниот развој на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра - со Мицкоски тонеме

Секој ден нов економски дебакл на Мицкоски. Македонија буквално тоне на секое поле.

СДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра - со Мицкоски тонеме

Податоците на Народната банка за вториот квартал од годинава покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции.

Ова е втор најлош економски резултат години и години наназад.

И двата се на арамијата Мицкоски, историски најлоши.

Само 18 милиони евра странски инвестиции во втор квартал 2026 година.

Минус 100 милиони евра странски инвестиции во трет квартал 2025 година.

За споредба, во 2024 година странските директни инвестиции беа 1 милијарди евра со политиките на СДСМ.

Бајкте на Мицкоски за „трета економија“ се распрнати како меур од сапуница.

Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на криминалните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде арамијата Мицкоски.

Ова е инвестициски дебакл. Македонија тоне.

Мицкоски е премиер со најниско ниво на странски инвестиции и со најлоши економски резултати.

За само две години, ВМРО ја урниса деловната клима што беше градена со години и ја намали довербата кај странските инвеститори.

Оваа Влада ниту знае како да ги задржи постојните инвеститори, ниту има капацитет да привлече нови.

Корупциски скандали, партиски тендери и премиер арамија кој по телефон нарачува судски одлуки.

Политиките на Мицкоски со оддалечувањето од ЕУ, блокада на европскиот пат, соработка со Русија и Кина, соработка со авторитарни режими скапо ја чинат Македонија.

Ова значи помалку капитал, помалку работни места, и забавен економски раст.

Никој не сака да инвестира во држава во која премиер има арамија како Мицкоски.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на ИО

YouTube video

Скопје, 17.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер