Мицкоски: Со Обнова завршува времето на политичарите кои што владееја и шефуваа во Македонија

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар и носител на изборна единица 3, Игор Јанушев ја посетија општина Пехчево.

Од таму Мицкоски порача дека се чувствува победата на ВМРО-ДПМНЕ, по 15-ти јули ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата на Република Македонија. Доаѓа време на чест и достоинство.

„Ова не се избори како и сите останати. Ова се избори на кои што вие одлучувате за иднината на Македонија, одлучувате за иднината на вашите потомци но истовремено одлучувате и за честа на нашите предци кои што практично со живот го платија она што ние денеска го живееме. Затоа кога зборуваме за овие предвремени парламентарни избори, зборуваме за нешто многу повеќе од тоа. Изборот на овие предвремени парламентарни избори се сведува на две понуди. Кои што една од друга се многу различни. Од едната страна ја имате понудата на СДСМ со веќе истрошени, потрошени политичари кои што буквално немаат никаква идеја, никаква визија што да понудат за иднината на нашата Македонија. А, од другата страна го имате ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ кои што имаат решение за сето она кое што го нудат во програмата, за сето она кое што е содржано во оние 360 страни, кои што ги понудивме пред граѓаните“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека од едната страна граѓаните го имаат СДСМ со сиот свој криминал и корупција, беззаконие, а од другата страна граѓаните го имаат ВМРО-ДПМНЕ каде што се ветува нула толеранција за криминалот и закони кои што ќе владеат на целата територија на Македонија.

„Матрицата на СДСМ секогаш е содржана во четири чекори. Првиот чекор без исклучок е пред кампања лага. Обид да се излажат граѓаните да му ја дадат поддршка за СДСМ или коалицијата која што ја предводи СДСМ. И претпоставувам нешто слично ќе се случи овде со раката на срце, налево и надесно, ќе се колне во најмилото, жицата, конецот, времето, племето, семето и ќе каже по некоја шега. Но затоа ќе каже многу невистини. Мислејќи дека на тој начин ќе ја добие поддршката на граѓаните. Потоа доаѓа вториот чекор во таа нивна матрица. А, тоа е национален срам и понижување. После вториот следува и третиот чекор, а тоа е пљачка и криминал. И конечно на крај се заробува обвинителството, се заробува судството. Обвинителството заробено им служи за пресметка со политички неистомисленици. А, додека пак судството им е потребно за некоја „трас – трас“ судска одлука за некоја нова амнестија со која што ќе се избрише некоја неправда од минатото“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека матрицата на СДСМ е секогаш иста и не се менува. Криминалиите на СДСМ се безброј, но сепак граѓаните ги знаат сите и знаат дека СДСМ во државата само донесе криминал, сиромаштија, рекет.

„Апелирам до секој оној кој што денеска планира, има намера на 15-ти јули да излезе и да заокружи пред името на Љупчо Николовски и СДСМ, Коалицијата со Беса, заокружува за уништување на Македонија. Треба секој да го има тоа пред себе, кога ќе излезе на изборите и кога ќе го заокружи тој број“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на 15-ти јули граѓаните на Република Македонија се мудри и ќе излезат и ќе го заокружат бројот 14, нема да дозволат СДСМ да ја уништи државата. Граѓаните ќе гласаат за обнова на Република Македонија.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата, ќе работи за интересите на народот и во име на народот. Заврши времето на политичарите кои што владееја и шефуваа во Македонија. Тоа се политичари во минатото заборавени и заглавени. Доста е од политичари легнати во кожни фотелји, кои што се возат во долги лимузини климатизирани и платени со народни пари. Секој оној кој што се одлучил да се придружи на обновата, заедно тука со народот ќе слуша што има народот да каже и заедно со граѓаните ќе ја обновува Македонија“, вети Мицкоски.

Мицкоски при самиот крај од Пехчево порача дека по 15-ти јули доаѓа обновата на Република Македонија, доаѓаат најубавите четири години за граѓаните на Република Македонија. Се што пишува во Програмата по 15-ти јули ќе започне да се испорачува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер