Мицкоски: Се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата

Се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата, победата на ВМРО-ДПМНЕ е се поочигледна.

Денеска сме овде во Штип практично тука традиционално ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ги завршува кампањските активности би рекол, за парламентарни, за претседателски така беше, па и за локални избори.

Денеска покрај Штип ќе ги посетиме и општина Карбинци, ќе ја посетиме и општина Пробиштип. Имавме можност претпладнето да оствариме неколку работни состаноци, разговаравме со младите, со здравствените работници, разговаравме со културните работници. Сега зборувавме и со претставниците од реалниот сектор, со луѓето од бизнисот.

Она кое што можам да го кажам е дека се прилично задоволни од сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во овие 1000 решенија содржани во 360 страни „Проект – обнова“. Имам впечаток дека се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата. Тоа се чувствуваше впрочем првиот ден уште од Охрид. Но, еве и потврда тука во Штип дека поддршката е голема. Поддршката е голема за реформите кои што ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ, 1000 решенија.

Јас би сакал уште дополнителни 1000 решенија на проблеми да вклучиме во овој четиригодишен мандат. Но, најпрвин ќе треба да отпочнеме, да видиме сето она кое што ќе го затекнеме, а и информациите се дека навистина ситуацијата е многу лоша.

Но, ние сме тука, подготвени сме, мотивирани сме. Не мотивира поддршката од народот која што секојдневно ја добиваме и цениме дека успешно ќе се справиме со сите предизвици кои што ќе се испречат на нашиот пат, во реализирање на наша крајна цел.

Така што еве јас да го изразам моето задоволство, денеска е последниот ден од кампањата. Навистина поминавме прекрасни 19 дена низ Македонија, на овие средби со граѓани разговаравме со многу, со илјадници наши сограѓани.

Позитивна енергија, голема надеж, тоа обврзува, ние навистина тоа дополнително не мотивира да истраеме во оваа наша битка и ценам дека ќе успееме и ќе направиме една поинаква Македонија споредено со ова што денеска имаме понижена, омаловажена. Но, тоа е завршена работа, за два дена од денеска ќе победи Обновата на Македонија и македонските граѓани ќе може да се радуваат.

Прашање: Како споменавте Обнова на Македонија, споменавте програма од над 300 страници, како планирате да ги реализирате проектите ако се земе во предвид дека државната каса ни е празна?

Одговор: Државната каса, јас не би рекол дека е празна туку би рекол дека не се полни со онаа динамика која што е предвидена, за жал тоа е поради полите политики, калкуланстките политики и би рекол незнаењето, за жал. Но, и тоа го имаме антиципирано, ние имаме заменик технички министер во министерството за финансии, со Гордана практично на дневна основа комуницираме, ги анализираме погрешните потези кои што ги влече ресорниот министер. За жал поради својата надменост и би рекол ете примитивизам сето она кое што доаѓа како предлог од наша страна се одбива, но добро на тој начин тие предлози ќе ги сочуваме за нас и после 15 јули ќе може да ги аплицираме и да ја видат разликата помеѓу нивниот примитивизам и надменост и вистинската работа во интерес и за интересите на граѓаните и државата.

Прашање: Планирате ли ребаланс?

Одговор: Да, една од првите мерки ќе биде и ребаланс на буџетот.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

притисни ентер