3Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
МакедонијаМицкоски се обрати на МЕФ 2026: Земјите од Западен Балкан може да обезбедат електрична енергија за ЕУПремиерот Христијан Мицкоски попладнево во обраќањето на годинешниот Енергетски форум во Скопје кажа дека земјите од Западен Балкан да обезбедуваат електрична енергија во висина од 26 милијради евра годишно.Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во обраќањето на годинешниот Енергетски форум во Скопје кажа дека една од темите на кои ќе говори на самитот во Тиват, ќе биде можноста земјите од Западен Балкан да обезбедуваат електрична енергија во висина од 26 милијради евра годишно, или 1/5 од потребите на ЕУ... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
БалканСрпски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје, дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје: дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“, а тој не бил единствениот уапсен.Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ, е уапсен во Португалија со 1,5 тони кокаин и оружје, во врска со „Балканскиот картел“. Поранешниот српски фудбалер, идентификуван како Урош Милошевиќ, е уапсен на автопат во Португалија додека превезувал повеќе од тон и пол кокаин и две воени оружја, објави локалниот портал „А Бола“. Дрогата, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, му припаѓала на „Балканскиот картел“, според пишувањата на локалниот медиум „Жорнал де Нотисијас“. Акцијата на португалската полиција, која резултираше со пресретнување на комбето минатата среда, откри дека 31-годишниот поранешен фудбалер, покрај големото количество наркотици, превезувал и наполнето воено оружје подготвено за употреба. Апсењето уследи по други акции насочени против истата криминална организација. Една недела претходно, во заедничка операција на португалската и шпанската полиција, во Шпанија беа уапсени уште двајца членови на картелот, при што беа запленети 3,7 тони дрога. „Организацијата, чија база е на југот на Шпанија, дејствува низ цела Европа и ја користела португалската крајбрежна област како место за истовар на големи количества кокаин“, беше појаснето. Истиот извор наведува дека Милошевиќ имал скромна фудбалска кариера во Србија, настапувајќи за помалку познати клубови како Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ Белград.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаЛукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗГрадоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир ФетахуНа средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните. Соговорниците ја истакнаа важноста на верувањето и духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани. Во знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Сотир Лукровски му беше врачена благодарница. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаСите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштедиГрад Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво. Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила. „Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување. Градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“, порачаа од Град Скопје. Домаќинското управување веќе дава конкретни резултати. ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година. Град Скопје посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства. Вооедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје. Секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети. Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните. Град Скопје Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05