Мицкоски сака да го види па потоа ќе го коментира предлогот на Левица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска не сакаше да ја коментира иницијативата за референдум на Левица, посочувајќи дека својот став ќе го каже откако таа ќе дојде во Парламентот.

-Нека дојде во Парламент па ќе коментираме, рече Мицкоски.

За случувањата во ДУИ рече дека исто така не сака да ги коментира и да се меша во внатрешните работи на политичките партии.

-Тоа се нивни внатрешни работи. Јас само посакувам да имаме квалитетна политичка дебата со која Македонија оди напред, а граѓаните ќе имаат надеж дека ќе имаат убава иднина, рече Мицкоски.

Прашан за иницијативата Отворен Балкан и за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ кочи ратификаци на договори со Албанија и Србија, Мицкоски рече дека оваа иницијатива е долго време присутна во јавноста, но дека ниту претходниот премиер Зоран Заев ниту актуелниот Димитар Ковачевски не ја повика опозоцијата да ја информира за тоа што се случува и која е целта на Отворен Балкан.

– Кога ќе добиеме ние информација за тоа што е целта на иницијативата и што носи таа иницијатива, тогаш можеме да седнеме и да разговараме поконкретно за поддршка или за неподдршка. Ние сме сериозни луѓе и ако е тоа навистина сериозна иницијатива не можеме да дадеме поддршка априори туку навистина ни треба сериозно објаснување. Слушнав во едно објаснување дека тоа е за добрососедска соработка и јас често пати го поставувам прашањето на кој начин две од овие три земји кои што се на отворен Балкан граничат, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски денеска беше на средба со претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелески.

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година, наведуваат од АМСМ.

Делови од Сарај, Чаир и Аеродром без струја

 Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од жителите на влезот на селото Крушопек, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улица „4“ во Сарај.

Во временскиот период од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Македонско-косовска бригада“, „Никола Малешевски“ и дел од „Џон Кенеди“ бр.27 во општина Чаир.

Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе бидат и дел од жителите од улиците „2“ и „10“ во Долно Лисиче, општина Аеродром.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

Најниска тепемература од 0 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. 

Потоа следат Лазарополе со 1 степен, 3 во Маврови Анови, 4 Берово, Крушево, 5 Претор, 6 Крива Паланка, Охрид, Битола, Гевгелија, 7 Прилеп, 8 Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, 9 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, Кавадарци и 10 степени во Скопје-Зајчев Рид и во Дојран.

Најмногу наврнат воден талот за изминатите 24 часа до 07 часот има во Крива Паланка - 5 л/м2, како и во Охрид, Претор и Лазарополе каде е измерен 1 л/м2..

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 12 степени.

притисни ентер