Мицкоски: Поддржуваме една изборна единица - Канал 5

Мицкоски: Поддржуваме една изборна единица

Ѓраѓанските здруженија и невладините да можат да предложат кандидати за градоначалници и да поднесуваат советнички листи со собрани потписи во зависност од брјот на гласачи низ општините.

Мицкоски: Поддржуваме една изборна единица

Од 100 потписи во општините со 10 илјади запишани гласачи, до најмалку 1000 потписи во општините со над сто илјади запишани избирачи, а за градот Скопје прагот да изнесува најмалку 3,500 потписи. Вакви измени и дополнувања на Иборниот законик предложи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пленарна седница. Коориднаторот Мицевски порача дека со ваквите измени се бришаат двете одреди кои ги укина Уставниот суд.

На истата седница пред пратениците беа и измените на Изборниот законик предложени од преседателката на ЛДП Моника Зајкова со кој се предвидува Македонија да стане една изборна единица со отворени листи. Спроед неа, на ваков начин граѓаните ќе бидат главни актери во изборниот процес, нивниот глас ќе биде еднакво вреднуван и ќе може да ја изберат не само партијата туку и конкретаната личност која сакаат да ги претставува во Параламентот. Но законот не ја доби потребната поддршка да се донесе по скратена постапка.

Претходно премиерот Мицкоски уште еднаш потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо македонија да биде една изборна единица, но и дијапората да може да гласа. Според него нема поголемо демократско право од тоа и иселениците да го можат да го дадат својот глас на парламентарни и претседателски избори.

„Ние сме за тоа да имаме една изборна единица и да може да учествуваат тие во еден таков изборен процес. Да немаме трошоци, да немаме повеќе изборни единици, да имаме една и, практично, сите гласови да се влеваат во една изборна единица, и на резидентното население, но и на дијаспората што ќе сака да учествува“– Христијан Мицкоски, претседател на влада .

Подготвеност за промена на изборниот модел веќе изрази и опозицискиот лидер Фиипче, но смета дека за Македонија да стане една изборна единица е потребен консензус од сите политики субјекти. Партиите од албанскиот блок пак засега немаат јасен став околку ова прашње. Нов обид за промена на изборниот модел ќе има и откако предлогот на Павле Трајанов ќе се најде пред пратениците, но останува неизвесно дали тој ќе биде поддржан и покрај најавената подготвеност и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за воведување на една изборна едницица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризам

Британската полиција соопшти дека двајца ирански државјани се обвинети за подготовка на терористички напад врз еврејска заедница во северна Англија пред Јом Кипур.

Аларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризам

Рахман Салехи, 35-годишен, и Салам Ахмадџан, 36-годишен, се обвинети за подготовка за извршување терористички чин или помагање на друго лице да изврши терористички чин на или пред 20 септември 2026 година, соопштија полицијата и обвинителите, објави Ројтерс.

Британските детективи за борба против тероризмот изјавија дека двајцата мажи се осомничени дека биле во контакт со трето лице од странство, потенцијално во Иран, во врска со заговорот.

Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот, изјави во соопштение дека станува збор за „исклучително сериозни обвинувања“.

Истрагата за наводниот заговор е во тек.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Отчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитација

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Една љубов – Македонија

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот

отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас

јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се

испорачуваат резултати.

Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина

и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со

сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно

раководење, јасна визија и политичка поддршка.

Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана.

Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е

ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна

дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската

рехабилитација за возрасни и деца.

Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра,

а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за

современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет.

Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде

подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по

која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените

преку организиран мултидисциплинарен пристап.

Работата не се однесува само на медицинските услуги.

Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е

намалено загадувањето во центарот на Скопје.

Најголемата трансформација допрва следува.

Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за

целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката,

вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците,

топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива.

Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати.

ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту

само коректор на туѓите политики.

Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и

да се реализира преку институциите.

Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори

во конкретна промена.

Не велиме дека сите проблеми се решени.

Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се

застанува со име и презиме.

За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност.

Политиката значи работа.

А отчетот значи да се покаже што е направено.

Две години работа.

Две години резултати.

Една обврска – отчет пред граѓаните.

Една љубов – Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер