Мицкоски по средбата со Пендаровски : Не бараме милост, туку правда

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Миццкоски по средбата со претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно , рече дека бара правда за осудените з анастаните за 27- април во Собранието.

Мицкоски рече дека барал од претседатерлот Пендаровски правда , а не милост за осудените , зашто одбраната располагала со нови докази

Рече дека правдата не смее да биде селективна и дека се неосновани пресудите за тероризам на лицата , кои беа осудениз а настаните на 27. април.

Најпрвин да се заблагодарам на вашето присуство, имавме од прилика едночасовна средба со претседателот Пендаровски, разговаравме за генерално би рекол две теми. Првин тоа е актуелната политичка и економска состојба во држава и втората тема е онаа која што во јавноста некако се повеќе се коментира изминативе денови, а тоа е поврзано со настаните од 27-ми април 2017-тата година и сето она што се случуваше после тој 27-ми април 2017-тата година.

Од она кое што можам да го извлечам како заклучок би рекол ете наидов на разбирање од страна на претседателот Пендаровски. А, ќе започнам со настаните од 27-ми април 2017-тата година е следното, она кое што е реалност поврзано со тој случај е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба, и второстепена судска одлука на лицата кои што се осудени поради настаните од 27-ми април во моментов е завршена и за жал најголем дел од нив се уште ја немаат истата таа одлука добиено, за да можат понатаму да ја искористат вонреден правен лек односно да можат понатаму врз основа на новите докази кои што според моите информации ги имаат адвокатските тимови на овие лица да ги достават до Врховниот суд или пак до Европскиот суд за човекови права. Зошто го споменувам тоа? За тоа што Апелациониот суд има донесено одлука таму некаде февруари или втори месец, а денеска сме веќе еве мај или петти месец, се уште тие ја немаат добиено таа одлука. И за тоа апелирам до политичарите да се држат настрана односно да ги тргнат рацете од судството и обвинителството. И доколку политичарите, а тука пред се мислам на врвот на власта да ги тргнат рацете од судиите и обвинителите и да престанат да дивеат тогаш мислам дека најголемиот дел од обвинителите и судиите ќе обвинуваат и ќе судат согласно словото на Законот и согласно би рекол Уставот.

Понатаму, за кое што го споменав Европскиот суд за човекови права сакам да потенцирам на неколку факти и тоа имаме осудено лице кое што е школувано и обучено да ги штити интересите на државата и уставниот поредок на државата, на самиот почеток на овој судски процес тоа осудено лице му е практично доставено решение од страна на судија за мерка, а тоа значи куќен притвор и за само два дена истата таа мерка на ова осудено лице е преиначена на самиот почеток од судскиот процес во затворска практично затворски притвор по жалба на обвинителството која што жалба е веднаш прифатена од страна на судиите. А, без притоа бранителот на тоа лице да биде информирано, за што постои случај пред Европскиот суд за човекови права и истиот е прифатен и веќе три години тој процес тече и се очекува пресуда во корист на ова осудено лице, а за жал би рекол грешката и дивеењето врз судиите и обвинителите ќе треба да го плаќаат сите граѓани . И така очекувам постапки да има во периодот кој што следи.

Понатаму би сакал исто така да поставам една дилема пред вас која што исто така ја поставив како дилема и пред претседателот Пендаровски, а тоа е терористичко загрозување на уставниот поредок по непостапување. Што би значело тоа? Тоа би значело дека еве пример еден да земеме, вие сите да тргнете со мене физички да се пресметувате нормално, да ме нападнете физички, а јас тука да се бранам во рамките на моите можности, еве а овие господа од овдека од МВР или МО да не постапуваат, и истите потоа да бидат обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок поради непостапување и осудени на 15 односно 18 години. Ете, такви имаме случаи кои што се терористи ама не постапиле како терористи и истите се осудени за 15 односно 18 години затвор. И конечно последно кое што сакам да го кажам, а го кажав и пред претседателот Пендаровски, а тоа е дека ние не бараме амнестија, не бараме милост, туку бараме правда за осудените лица. А, правдата практично и еден од овие осудени лица ја побара при завршни зборови кога завршуваше овој судски процес пред судијата и му се обрати дека почитуван судија јас сум направил грешка, сум погрешил да, но не можам да бидам обвинет и осуден за тероризам, да можеби сум направил грешка и сум ги прекршил законите и судете ме за тоа што сум ги прекршил законите, а не за тоа што сум терорист, бидејќи не сум терорист, јас ја сакам мојата држава, јас го сакам овој народ, и никогаш нема да бидам терорист кој што ќе направи нарушување на Уставниот поредок и терористичко однесување.

Но, за жал имаме политичари кои што нарачуваат и имаме судии кои што испорачуваат, денеска тој судија е судија во уставниот суд. Така што она кое што го барам јас и кое што го кажав на средба не е милост, не е амнестија, туку правда, а правда преку дополнителни докази кои што бранителите на овие лица ќе можат да ги достават до Врховниот суд или до Европскиот суд за човекови права, откако ќе ја добијат второстепената пресуда.

Тоа е она кое што ние го бараме. И истото тоа што го имаа можност и тие кои што беа обвинети и осудени за „Сопот" случајот и тие кои што беа обвинети и осудени за „Монструм" случајот. Во едниот случај имавме ослободителна пресуда, а во другиот случај имавме пресуда која што беше потврдена после првото судење на овие лица. Тоа е суштината практично која што јас ја барам, врз основа на овие докази да има судски процес во кој што никако овие луѓе можат да бидат обвинети и не постои основа да бидат обвинети за терористичко однесување односно терористички напад би рекол на Уставниот поредок на државата и да бидат прогласени за терористи.

Тоа беше првиот дел од разговорот. Понатаму разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во државата. Тука пред се мислам на растечкото ниво и загрижувачката состојба со криминалот и корупцијата. Ние сме најкорумпираната држава на Балканот и во Европа, која што ја води владата за која што постои перцепција дека е најкорумпираната влада на Балканот и во Европа.

Понатаму зборувавме за неколку стратешки проекти како што е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, за проектот за така наречениот Клинички центар, потоа инвестирањето на Македонија кај нашиот јужен сосед во нова гасна централа.

Тоа беа крупните теми за кои разговаравме, и се договоривме на овој состанок да одржуваме контакт и понатаму да разговараме на крупни теми кои значат иднина и за Македонија како држава но и за граѓаните на Македонија.

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. 

Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

САД се согласија да испратат 31 „Абрамс“ во Украина во јануари 2023 година по агресивната повеќемесечна кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по парче, се клучни за нивната способност да ги пробијат руските линии.

Пет од 31 тенк веќе се изгубени во руските напади. Висок американски воен функционер, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека ширењето на беспилотните летала на украинското бојно поле значи дека „нема отворен терен преку кој можете само да возите без страв дека ќе бидете откриени“.

Дека тенковите се поместени од линијата на фронтот потврди и потпретседателот на Здружениот Генералштаб Кристофер Грејди, но најави и дека Вашингтон ќе му помогне на Киев да подготви нова тактика.

-Кога размислувате за начинот на кој борбата еволуирала, масивниот оклоп во средина каде што се присутни беспилотни воздушни системи може да биде изложен на ризик. Ќе работиме со нашите украински партнери и другите партнери на теренот, за да им помогнеме да размислат како можат да ги користат, во таква променета средина, каде што сè е веднаш видливо, рече тој, додавајќи дека тенковите се сè уште важни.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

притисни ентер