Мицкоски од семинарот на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција - Канал 5

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција

Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ - ,,Љубиша Георгиевски" во соработка со ИФЕС денес и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема - ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025" на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата.

На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно се унапредува комуникацијата со членовите и граѓаните.

Претседателот Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е огромна, а особено заради енормниот број на завршени проекти.

Претходно свое обраќање имаа и генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски и раководителот на ПИАЦ Светислав Васев, кои се обратија во делот на теренските активности и комуникацијата.

Во текот на денот предавањата беа одржани од Кристијан Седак, професор комуниколог од Хрватска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Се степаа фудбалерки на теренот во Ниш, судијката подели 5 црвени картони

Во Ниш се одигра натпревар од Првата српска лига, во кој Пролетер од Зрењанин победи со 3:0 против локалниот тим Раднички, но натпреварот беше обележан со скандал кога избувна тепачка меѓу играчките.

Се степаа фудбалерки на теренот во Ниш, судијката подели 5 црвени картони

Сè се случи на самиот крај од играта, кога прво дојде до вербален конфликт, кој ескалираше во физичка пресметка на фудбалерките, објави Телеграф.

Главната судијка Марија Ѓорѓевиќ мораше да употреби картони за да воспостави ред, па покажа пет црвени картони, три за домашната екипа и два за гостинската екипа.

Црвени картони добија тренерот на Раднички Петровиќ, потоа гостинската претставничка Антанасијевиќ и играчките Недељковиќ и Јовиќ од Раднички и Праштало од Пролетер.

Головите на натпреварот ги постигнаа Шокловачки во 74-тата минута, Голубовиќ шест минути подоцна, а Трешњак ги постигна конечните 3:0 во 85-тата минута.

Драма во БиХ: Бикови влетаа во публиката за време на масовна манифестација (ВИДЕО)

Борбата со бикови во селото Бијело Поље во близина на Какањ, кое собира голем број гледачи во централна Босна, речиси заврши трагично кога вратата од арената остана отворена за време на борбата.

Драма во БиХ: Бикови влетаа во публиката за време на масовна манифестација (ВИДЕО)

Борбата со бикови во селото Бијело Поље во близина на Какањ, кое собира голем број гледачи во централна Босна, речиси заврши трагично кога вратата од арената остана отворена за време на борбата, што им овозможи на два бика да избегаат во публиката, објави Индекс.

Според достапните информации, никој од публиката не е повреден, но настанот предизвика паника и повторно ја отвори дебатата за безбедноста и етиката на ваквите настани.

Борбите со бикови, имаат долга историја во Босна и Херцеговина и се сметаат за дел од културното наследство, особено во руралните области каде што зачувувањето на обичаите и идентитетот е исклучително важно.

Вакви натпревари се одржуваат со векови, а најпознати се Чевљанската и Грмачката корида, кои собираат до 60.000 гледачи, додека се проценува дека на најпознатите настани учествуваат до 100.000 луѓе од целиот регион и од странство. Слично е и во Бијело Поље, каде што борбите привлекуваат илјадници посетители.

YouTube video

Бикијади се одржуваат и во Хрватска

Борбата со бикови не е специфична за Босна и Херцеговина.

Традиционално, тие се најпознати во Шпанија, Португалија и јужна Франција, каде што често се крвави и завршуваат со смрт на животното, додека во Босна и Херцеговина и Хрватска, биковите се борат едни со други без учество на луѓе, а целта е да се принуди противникот да се повлече, а не до смрт.

Во Хрватска, натпреварите најчесто се одржуваат во Далматинска Загора, на пример во Шестановац, Радошиќ, Дичм и Огорје, а настаните се легални благодарение на исклучок во Законот за заштита на животните, кој дозволува „традиционални натпревари со бикови“.

Посетеноста на некои хрватски бикијади достигнува од неколку стотици до неколку илјади гледачи.

Критика кон здруженијата за заштита на животните

Борбите со бикови во регионот редовно се критикувани од здруженијата за заштита на животните, кои предупредуваат на стрес, физичка исцрпеност и можни повреди на животните, како и опасност за гледачите, што е потврдено со инцидентот во Бијело Поље.

Иако во БиХ и Хрватска се тврди дека борбите не се толку крвави како во Шпанија, противниците истакнуваат дека животните се изложени на непотребно насилство и стрес, а организаторите честопати ги оправдуваат настаните со традиција и културна вредност.

Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.

Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во с.Ракитница,демирхисарско . Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

притисни ентер