Митко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младите
2Митко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младите
Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
1Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
МакедонијаМицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци. Во своето обраќање македонскиот премиер истакна: -Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да обезбедиме токму овде за жителите во Општина Кавадарци, за нивната посветена тимска работа бидејќи само така можеме да реализираме проект повеќе и да направиме нешто за граѓаните, нешто што претставува наша главна цел и задача практично како политичари. Да се заблагодарам на министерот за спорт, на колегите од Владата коишто посветено работиме да оној проект којшто го почнавме пред нешто повеќе од две години кога бевме избрани како Влада, а тоа е реалокација на средства од централниот буџет кон општините биде вака успешен како што е денес. Зборуваме за повеќе од 1.200 проекти, преку 1.200 градилишта на целата територија на државата нешто што е незапаметено во независна Македонија, така што успешноста се мери со економските параметри и ние планираме да продолжиме и во годините коишто следат на овој начин да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните. Уште еднашка нека е со среќа почетокот на изградбата на овој објект и отприлика како што ми кажа градоначалникот за година дена да се собереме повторно овде и да го пуштиме во употреба истиот.“Тагови: Митко Јанчев Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаРебалансот не носи развој, туку нова неизвесност - СДСМ има амандмани за граѓанитеПредложениот ребаланс на Буџетот не носи развој, не носи повисоки плати за работниците, не носи фискална стабилизација.Ребалансот на Буџетот е уште едно признание за сите промашени економски политики, и наместо да ги корегира, да ги промени, власта ги продолжува. Економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните. Овој ребаланс носи поголем дефицит, поголеми расходи, нови скапи поголеми долгови, повисока инфлација, а помал економски раст. Зголемувањето на дефицитот од 3% на 4,1% не е само лош економски сигнал, туку е директно отстапување од фискалните правила и отворена врата за нови скапи задолжувања врз грбот на народот. Јавниот долг е далеку од умерен и одржлив. За две години оваа Влада создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, со што го искачи нивото на јавниот долг на скоро 11 милијарди евра. Со ребалансот домашното задолжување расте на 39 милијарди денари, а странското 101 милијарда денари. Ова значи дека до крајот на годината на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП. Ова се долгови, милијарди за кои товарат ќе го носат идните генерации. Фискалниот простор се стеснува, инфлацијата оди нагоре, а економскиот раст надолу. Власта сфати дека и се недостижни ветените 3,8% економски раст, па направи надолна корекција на 3,1%. Значи Македонија не забрзува туку забавува, економски. Она што е уште позагрижувачко е нагорното ревидирање на инфлацијата – од 2,5 на 4,5%. И ова признание дека Владата очекува цените уште повеќе да растат, што значи поскапа храна, повисоки сметки, поскап живот. Помала вредност на платите и пензиите. Помала куповна моќ. Премиерот Мицкоски наместо да преземе конкретни мерки тој вели во четири очи со компаниите ќе ги решавал високите цени. Тоа не е државна политика тоа е манипулација и замајување на јавноста. Нема конкретна политика, ниту мерка за намалување на цените. Вистинското лице на овој ребаланс, се гледа таму каде што Владата одлучила да крати. Во сред сезона на пожари, се кратат средства во програмата А2 на Министерството за одбрана, односно парите за противпожарна заштита, и тоа од 1 милијарда се намалуваат на 770 милиони денари. И замислете ова се случува во перод кога веќе почнаа пожарите. Еве има активни пожари во Штип, Македонски Брод и на други места. Владата која секој ден зборува за демографија а со своите политики ги брка младите од земјата, со ребалансот покажа дека тоа било само лажен ПР. Кратат од средства за демографски политики и програми за младите – од 71 милион денари остануваат само 21 милион. Бизнисот повторно ќе ја плаќа цената на неспособното управување со јавните финансии. Поддршката на инвестиции“, се крати за 200 милиони денари. За социјално-ранливите граѓаните нема доволно пари. Во делот за надоместоци и права од социјална заштита ќе фалат уште 3 милијарди за да се сервисираат сите обврски. Кај заштитните друштва кои вработуват инвалиди фалат плус уште 500 милиони, затоа што предвидените 300 милиони денари што се додадени ќе се искористат за исплати од цела 2025. За оваа година нема да има пари. Капиталните инвестиции во детска заштита се намалуваат од 79 на 29 милиони денари. Исплатата на пензиите е ставена во ризик. Не се зголемени парите што се исплаќат од МТСП кон ПИОМ, фалат 10 милијарди денари за до крај на годината. СДСМ нема да поддржи ваков ребаланс кој значи само нови долгови и поголема сиромаштија. Имаме и конкретни амандмани. Во делот социјалата со нашите амандмани предлагаме зголемување на правото на попреченост и посебниот додаток за деца со попреченост. Повеќе пари во буџетот за социјалните услуги, за да нема застој во исплатите кои доцнат и по неколку месеци. Предлагаме обезбедување пари за прифатилишта на жртви за семејно насилство, бидејќи ништо не е предвидено, зголемување на парите за демографските политики и за младите, обезбедување пари за Националниот Сојуз на борци од НОАВМ и граѓаните поддржувачи. Во делот на здравството со нашите амандмани бараме повеќе пари за опрема којашто е неопходна за навремена дијагностика и достапна здравствена заштита на сите граѓаните. Во образованието, обезбедување средства за обука на наставници во училиштата и вработени во Бирото за развој на образование, за студентски оброк, ученички оброк, санација на училишта, блок-дотации во основното и средното образование. Во Министерството за одбрана повеќе пари за плати во одбраната, за пожарникари. Во земјоделството, повеќе пари за поддршка за секторот и за интервентниот фонд. Владата може да се откаже од луксузот свој и од огромните трошења и да пренамени пари за граѓаните, за стопанството. Граѓаните заслужуваат Влада што ќе инвестира во нивната иднина, а не Влада што секој месец ги задолжува за да ги покрива сопствените промашувања. Прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младитеВо Кавадарци со поставување на камен-темелник, официјално започна реализацијата на два капитални спортски проекти во вредност од повеќе од 153 милиони денари, кои ќе донесат современи услови за развој на спортот и младите таленти.На настанот присуствуваше градоначалникот Митко Јанчев, кој заедно со претседателот на владата, Христијан Мицкоски, и министерот за спорт, Борко Ристовски, го означи почетокот на изградбата на нов современ спортски објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“, како и на нов картинг центар. Градоначалникот Јанчев истакна дека вложувањето во спортот е вложување во иднината на младите и дека општина Кавадарци останува посветена на реализација на проекти кои создаваат подобри услови за спортските клубови, рекреативците и идните генерации шампиони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеТоплотниот бран ги преполни кардиологиите: Секој ден има по еден инфарктТоплото време и варијациите на температурите ги полнат болниците за кардиологија заради срцеви удари. Нема поминат ден без инфаркт во болничките одделнија. Зголемен е бројот на мозочни удари и на колапси, објаснува кардиклогот Антонио Антовски од болницата „8 Септември“. Најчесто прболем имаат граѓани кои веќе се со кардиоваскуларни заболувања, а дел не знаат дека имаат проблеми со крвните садови. Една од грешките што ја прават е нагла промена на температурата од екстремно топло на многу пониски температури, пиење на газирани пијалоци кои дехидрираат, алкохол и кофеински производи. Случаевите со инфаркт кај пациенти од 20 годишна и 30 годишна возраст, причина е што веќе на оваа возраст имаат серизони заболувања, заради годините се игнорираат и се препишуваат на одредени други состојби. Кардиолозите објаснуваат дека долгото лето со екстремно високи температури треба да го сменат однесувањето и навиките на граѓаните. Редовно конзумирање на вода, овојше и зеленчук и редовно да се мери на крвниот притисок. Тагови: кардиолози Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter