3Зошто Венецуела не може да ги добие своите резерви злато, вредни 4 милијарди долари за обнова по земјотресите?
Спектакуларна свадба на соработничка на Трамп на грчкиот остров Миконос- подготовките траеле две години (ВИДЕО)
2Спектакуларна свадба на соработничка на Трамп на грчкиот остров Миконос- подготовките траеле две години (ВИДЕО)
Економија Нов удар од берзите: Од утре се очекуваат поскапи горива, дизелот скока за 2,5 денариЗа 2,5 денари по литар поскап дизел и околу 1 денар за литар поскапи бензини очекува Владата со утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.Ваквите владини калкулации се резултат на зголемените цени на дериватите на светските берзи минатата недела, и тоа за околу 6% кај нафтата и околу 3 % кај бензините. Премиерот Христијан Мицкоски вели крајната одлука сепак ќе ја донесе регулаторна, но дури и да има ново зголемување на цените на дериватите со утрешната одлука земјава останува со најниски цени во регионот и пошироко. „Врз основа на нашите калкулации имаме зголемување во текот на минатата седмица на нафтата на светските берзи за отприлика 5, 6% и благо зголемување на бенизните за 2, 3% очекувам да имаме зголемување од околу 2,2,5 денари по литар за дизел горивото и околу денар за бенизните но сепак да почекаме утре регулаторна да ги каже последните бројки. По што повторно остануваме и покрај тоа што станува збор за берзански производ убедливо држава со најниски цени на горивата и бенизните.“- - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Дополнително од владата очекуваат следната недела параметрите за инфлацијата, кои треба да ги обајви државниот завод за статистика да бидат пониски од оние во април и мај. Поради војната на Блискиот исток и растот на цените на нафтените деривати, инфлацијата во земјава во април порасна на 5,7 % додека во мај, по стабилизацијата на ситуацијата, инфлацијата падна на 4,8%. Во меѓувреме пазарните инспектори очекуваат до крајот на идната недела да ги заввршат надзорите кај дистрибутерите, производителите и трговците за оние 700 прехнабени и непреханбени производи, брифираат од инспекторатот за Канал 5. Директорот Стојкоски вели со анализата се прави споредба на цените на истите тие 700 производи годинава со иститот период лани, проверката на сите фактури од увоз до рафт, ќе треба да покаже каде и дали имало неоправдано зголемување на цените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
СветГрузија повторно без струја, втор пат за два дена- најголемите градови во целосна темнина Грузија утрово доживеа втор голем прекин на електричната енергија во последните два дена, оставајќи ги Тбилиси и другите поголеми градови без струја, а дел од транспортната и комуналната инфраструктура парализираше, објави порталот „News Georgia“.Прекинот во националната електрична мрежа се случи околу 8:00 часот по локално време. Прекинот на електричната енергија го погоди главниот град Тбилиси, како и Батуми, Кутаиси и неколку други градови. Во Тбилиси, метрото беше прекинато, железничкиот сообраќај е нарушен, а водоснабдувањето е прекинато поради прекинот на работата на пумпните станици. Граѓаните, исто така, пријавија нестабилен мобилен интернет. Враќањето на електричната енергија веќе започна, а во некои делови од Тбилиси, електричната енергија беше обновена околу половина час по прекинот. Новиот прекин се случи помалку од 30 часа по претходниот голем прекин на електричната енергија што ја зафати целата земја во ноќта на 24 јули. Во тоа време, обновувањето на електричната мрежа траеше речиси целата ноќ. Националната комисија за регулирање на струјата и водата во Грузија (GNERC) свика итен состанок и најави истрага за причините за првиот прекин. Регулаторот ѝ одобри на работната група неограничен пристап до податоци од сите енергетски компании во земјата, поради критиките за недостатокот на јасни објаснувања од операторот на мрежата. Причината за првиот голем прекин сè уште не е официјално утврдена. Операторот на електроенергетскиот систем GSE ги негираше извештаите за дефект на далноводот до Турција, додека раководството на хидроцентралата Ингури не ги потврди информациите за можни проблеми во централата.Тагови: Грузија струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ЗабаваСветските шампиони се одмораат на јахта покрај Ибица- снимките ги потврдија сомневањата (ФОТО)Шпанските фудбалери Феран Торес и Маркос Љоренте го искористија своето слободно време по освојувањето на Светското првенство во 2026 година за да се одморат на Ибица, една од најпопуларните летни дестинации во Европа.Папараците ги фатија како поминуваат време на плажа, се сончаат на пристаништето и се освежуваат со пливање во кристално чистото море, објави JustJared. Прослава по историскиот успех Дваесет и шестгодишниот Феран Торес привлече внимание со својот спортски изглед и големата тетоважа на грбот, облечен во кафеави шорцеви за капење. Неговиот соиграч Маркос Љоренте (31) уживаше во одморот во црн костим за капење, со коса врзана во пунџа. За време на дружењето, двајцата фудбалери не го криеја своето добро расположение, а во еден момент разменија пријателска прегратка, додека Феран го бакна Маркос во образ. Додека некои почнаа да ја толкуваат нивната блискост на романтичен начин, други тврдеа дека станува збор за вообичаено пријателско однесување во Шпанија и ги нагласуваа културните разлики. Некои интернет корисници ја споредија нивната врска со популарната канадска приказна „Жешка ривалство“, која ја следи љубовната врска меѓу двајца хокеари. „Најжешката двојка ова лето оди кај... нив!!!!“ напиша еден навивач, додека друг се пошегува: „Изгледаат како романтична двојка на одмор, пијат и се бакнуваат хаха“. Од друга страна, многумина застанаа во одбрана на фудбалерот, истакнувајќи дека таквата блискост меѓу пријателите во Шпанија е сосема нормална. „Умирам од смеење како Американците не можат да сфатат машкост што не е кревка“, напиша еден корисник. Друг рече: „Ајде да ги нормализираме хетеросексуалните мажи што покажуваат интимност“, додека трет заклучи: „Американците само што ги откриваат Шпанците“. Некои, исто така, забележаа дека сопругата на Маркос Љоренте, Патриша Ноарбе, веројатно била исто така на одмор, со оглед на тоа што на фотографиите се гледаат и жени во вода, чии лица не се јасно видливи. View this post on Instagram A post shared by Marcos Llorente (@marcosllorente) Херојот на финалето ужива со пријателите Шпанската репрезентација се опушта на јахта со пријатели уште од големото финале на Светското првенство, во кое Шпанија ја победи Аргентина со 1-0. Херој на натпреварот беше Феран Торес, кој го постигна решавачкиот гол и му ја донесе на својот тим титулата светски шампион. Со овој триумф, Шпанија стигна до својата втора титула светски шампион во историјата. Додека Шпанците слават голем успех на Ибица, многу познати фудбалери го користат летниот одмор за да патуваат низ Медитеранот пред почетокот на новата клупска сезона. WHAT !? pic.twitter.com/TdwZQS83w9 — 💫 𝘕𝘢𝘥𝘢 | نــدى (@ICEBEAR_8) July 24, 2026 Тагови: Ибица јахта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
СветТрамп: Нема нуклеарен договор со Саудијците без нормализација на односите со Израел Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ кажа на Саудиска Арабија дека нормализацијата на односите со Израел е услов за цивилен нуклеарен договор меѓу богатата со нафта блискоисточна земја и САД.Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, и неговиот саудиски колега, принцот Абдулазиз бин Салман, неодамна потпишаа договор за развој на првите комерцијални нуклеарни реактори во Саудиска Арабија. Документот наскоро ќе биде испратен во Конгресот на разгледување. Трамп работи на нуклеарен договор со Саудијците уште од својот прв мандат како претседател. Поранешниот претседател Џо Бајден, исто така, се обиде да постигне договор и да го поврзе со Абрахамските договори, дипломатските договори од 2020 година со кои се нормализираат односите меѓу Израел, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко. „За да го сторат тоа, тие мора да бидат членки на Абрахамските договори“ Саудиска Арабија не се приклучи на гореспоменатите договори, но во својата објава на социјалните мрежи, Трамп го постави токму тој услов за тоа и го повтори во соопштението од Овалната соба. „За да го сторат тоа, тие мора да бидат членки на Абрахамските договори“, им рече Трамп на новинарите. Американскиот претседател рече дека не разговарал за ова со министерот за енергетика пред да го потпише договорот за развој на комерцијални нуклеарни реактори. „Но, тоа беше имплицирано, и Крис знаеше, и Саудиска Арабија знаеше“, рече Трамп. Саудијците сè уште не одговориле Саудиска Арабија сè уште не одговорила на барањето на Трамп, но тој е уверен дека на крајот ќе има договор. „Во одреден момент, тие ќе се приклучат. И ќе ја имплементираат својата цивилна, повторувам, цивилна нуклеарна енергија“, истакна американскиот претседател. Договорот меѓу САД и Саудиска Арабија се смета за многу корисен за компанијата „Вестингхаус Електрик“, во ко-сопственост на канадските компании „Камеко“ и „Брукфилд Асет Менаџмент“.Тагови: Доналд Трамп Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00