Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
1Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
2Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
ЖивотСуперјахтата на Путин плови кон Арктикот на безбедноСуперјахта вредна 100 милиони фунти, за која се верува дека е во сопственост на рускиот лидер Владимир Путин, е преместена за да се избегнат напади со украински беспилотни летала.Бродот „Грејсфул“ (Graceful), долг 82 метри,за кој се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Путин, плови крај брегот на Норвешка и во наредните денови се упатува кон северната руска пристанишна област Мурманск, според податоците од поморското разузнавање и сателитските снимки анализирани од „Телеграф“ (The Telegraph). Огромната јахта плови под придружба на два руски воени брода и под будното око на НАТО. Јахтата е снимена како плови со мрежи против дронови што ја покриваат нејзината палуба. Ја следат тешко вооружениот руски разорувач од класа I „Североморск“, како и рускиот спасувачки и патролен брод „Воевода“ од 7.500 тони. They're afraid: Putin's yacht was taken away from the Baltic under military protection due to fear of Ukrainian drones, - The Telegraph. pic.twitter.com/QroTSZE0N9 — Vijesti (@Vijesti11111) July 4, 2026 Конвојот е следен од НАТО, додека патролни бродови од германската и данската морнарица ги придружуваа бродовите на нивното патување низ Балтичкото Море, информира висок извор од НАТО. Според американската влада, познато е дека Путин имал бројни патувања на оваа јахта, вклучително и патување до Црното Море во 2021 година со Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија. Бродот е опремен со базени со солена и слатка вода, хелиодром, теретана и безбедни владини комуникациски системи. Таа беше преместена од бродоградилиштето „Блом и Фос“ во Хамбург, Германија, во руската поморска енклава Калининград, 17 дена пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Четири месеци подоцна, САД ја означија јахтата како блокиран имот под санкции, што доведе до преименување на пловилото во „Косатка“, што на руски значи „кит-убиец“. Јахтата се криеше сè до минатата недела, кога повторно се појави по првпат по четири години.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаНиколоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-БитолаСо забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места .Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка. Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, рече вицепремерот Николоски. “ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави Николоски. Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места. “Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности “ – изјави Николоски. Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на автопатот Прилеп-Битола, соопшти МТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКосовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституцијаНа 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга. Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава. За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31