Внесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави
1Внесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави
МакедонијаМицкоски: Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам од формирање семејство„Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубов кон државата и народот од формирање семејство“.Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настанот во организација на УМС по повод 34 години од формирањето на унијата, упати пораки на обединување како на младите така и на сите граѓани од сите етнички заедници, затоа што тогаш сите сме посилни. Претседателот Мицкоски ова го истакна откако претходно посочи дека доаѓа од настан во Тетово, каде беше пуштен во употреба булевар и на кој настан присутни беа голем број на млади лица од сите етнички заедници, Македонци, Албанци, Турци, Роми. „Мојата прва порака од овој настан е да бидеме сите како едно и кога сме како едно, тогаш никој ништо не може да ни направи. Кога сме раздвоени, кога сме поделени тогаш сме чесен плен за предаторите. Затоа е многу важно да бидеме сите ние како едно, а тоа посебно важи за младите луѓе“, рече Мицкоски. Тој истакна дека исто така е важно, младите луѓе да бидат авангарда, каква што е Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. „Ова не е само роденден, 34 години Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, туку ова претставува и една приказна која што се прераскажува од генерација на генерација, од Извршен комитет на Извршен комитет. Јас се надевам дека таа приказна ќе трае децении, а зошто да не и векови понатаму и ќе се прераскажуваат сите оние случувања кои што денеска се случуваат во една критичка, позитивна конотација. Убеден сум кога го гледам сето ова и тој потенцијал на млади луѓе овде, дека сето тоа ќе продолжи во таа насока“, истакна Мицкоски. Понатаму Мицкоски рече дека кога зборува за приказната наречена УМС на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека на УМС денеска се потпира функционирањето на државата, затоа што голем е бројот на луѓе кои што денеска предводат големи општини кои го поминале својот пат во Унијата на млади сили, се градоначалници, претседавачи на Совети, се директори на јавни претпријатија, пратеници како и министри во Владата која што својата младост ја поминале како дел од унијата. „И затоа, со еден збор кога ќе заокружам, можам да кажам дека денеска Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија, ги води процесите во Македонија. И јас сум убеден дека голем дел од вас и во иднина ќе продолжат тие процеси да ги водат, дали на локално ниво, дали во рамките на централното ниво. Јас сум пресреќен кога гледам вака мотивирани луѓе коишто се подготвени да го преземат тој предизвик и да се соочат со тие предизвици на дневно ниво и да ги решаваат“, потенцираше Мицкоски. Мицкоски до младите испрати уште една порака до младите посочувајќи дека за секој еден млад човек убава е комоцијата во животот, секој еден млад човек сака да прошета, да излегува, да другарува, да стекнува нови пријателства, едноставно да ужива во младоста и тоа е во ред, но дека многу важна работа и вредност е и семејството. „Во животот стекнуваме вредности и тие вредности понатаму ние ги пренесуваме на тие коишто нас не наследуваат, а една од тие важни вредности е и семејството. Денеска современиот патриотизам е и љубовта кон Македонија и сето она коешто е поврзано со Македонија е и иднината на Македонија како држава, но и иднината на еден од најмалку бројните народи во Европа, а тоа е македонскиот народ заедно со останатите граѓани кои што живеат денеска во Македонија, зависи токму од таа вредност, од тој столб наречен семејство. Тоа е многу важно, затоа што ако имаме многудетно семејство и доколку млади почнеме да формираме семејство, тогаш нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубовта кон сопствениот народ и сопствената држава“, посочи Мицкоски. Тој додаде дека ова го кажува затоа што ние сме во една фаза на носење на закони, а дел веќе и се донесоа во основното и средното образование, каде што ја промовираме нашата единствена политика, а тоа е семејството како единствена вредност, како столб на државноста на Македонија, каде што ја напуштаме родовата политиката која ја водеше минатата влада. „Тоа е она кое што е содржано во оние законски измени коишто ние ги имаме. Читанката, нема повеќе да биде јас, мама и тато, туку ќе биде јас, мама, тато, дада и бато. Тоа е многу важно, затоа што кога мене ќе ме прашаат кои се мерките кои вие ги носите во насока на подобра демографија, во насока на подобри и помногубројни семејства, тогаш мојот одговор е тука“, рече меѓу другото Мицкоски.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаВнесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави Кривична пријава против три лица од Државниот инспекторат за шумарство и ловство и ловечко друштво „Беласица“ за „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“ .СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(49), З.В.(63) и Б.К.(49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, вработен во ловечко друштво „Беласица“ од Струмица, внесувајќи неточни и нецелосни податоци во официјалните книги за евиденција на издадени дозволи за лов и потврди за потекло на дивеч и делови на дивеч, имал недостатоци во водењето на службените евиденции, кои бил должен да ги води согласно закон. Второпријавениот, главен инспектор на Сектор за инспекциски надзор во ловството, и третопријавениот, директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, во име на Државниот инспекторат, а на барање на ловечкото друштво, издале акт во кој спротивно на законската легислатива и донесените правилници и решенија од Агенцијата за храна и ветеринарство, констатирале дека ловечкото друштво „Беласица“ можело да издава дневни дозволи за дива свиња во ловиштето „Тркајна“ за вршење на таканаречен санитарен отстрел на диви свињи, иако тие воопшто немале концесија за тоа ловиште. Со таквите дејствија тие се обиделе да го оправдаат претходно извршениот незаконит лов од членови на ловечкото друштво „Беласица“, кои претходно под изговор дека вршат пребарување на теренот за пронаоѓање на угинати диви свињи и дека наводно спроведуваат заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај дивите свињи, извршиле незаконски отстрел на дива свиња во ловиштето и при вршењето на контролите во друштвото не ги евидентирале недостатоците во водењето на службените евиденции, со што му овозможиле на првопријавениот несанкционирано да продолжи да работи и да издава дневни дозволи за лов и потврди за потекло на дивечот, без да бидат соодветно евидентирани во книгите за нивна евиденција, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаРистовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска.Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска, на која се разговараше за организацијата на две значајни меѓународни спортски натпреварувања што ќе се одржат во Македонија, во септември следната година. Станува збор за Балканското првенство во џиу-џицу и Европското првенство во контакт џиу-џицу, на кои се очекува учество на повеќе од 1.300 натпреварувачи. Во рамки на посетата на Скопје, претставниците на Европската џиу-џицу федерација извршија увид во сместувачките капацитети и натпреварувачката сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржат натпреварувањата. Министерот Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка за успешна организација на првенствата. „Организацијата на вакви големи меѓународни натпреварувања е значајна можност за македонскиот спорт и за промоција на нашата држава. Како Министерство за спорт ги поддржуваме ваквите настани и ќе настојуваме да обезбедиме услови Македонија да биде успешен домаќин“ - истакна министерот Ристовски, соопштуваат од МС.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБрод со 7.000 тони дизел се преврте во близина на Ибица, има жртви (ВИДЕО)Еден член на екипажот загина, а шестмина се полесно повредени во несреќата на товарниот брод „Мед Емре“, кој превезуваше 7.000 тони дизел гориво, и се преврте рано утрово во близина на шпанскиот остров Ибица.Бродот со малтешко знаме пловел од јужното шпанско пристаниште Алхесирас кон Барселона. Не потонал целосно, туку делумно останал на површината на морето, превртен на страна, соопшти Шпанската поморска служба за спасување (Салваменто Маритимо). Спасувачки авион го забележал уништениот брод во 9:26 часот наутро, околу 19 наутички милји северозападно од Ибица. Досега не се забележани знаци на загадување на морето во областа на несреќата, соопшти шпанското Министерство за еколошка транзиција. Мрсни дамки Директорот на Управата за вонредни состојби на Балеарските Острови, Пабло Гарис, изјави дека на површината на морето се забележани одредени масни дамки, што е честа појава во вакви ситуации, но засега нема потврда за излевање на гориво. Пристанишната управа на Валенсија и сопственикот на бродот работат на план за спасување на бродот, но пред тоа е потребно да се обезбеди неговата структурна стабилност. Регионалната влада на Балеарските Острови го стави пристаништето Сант Антони на располагање на спасувачките служби како логистичка база. Primeras imágenes del barco Med Emre, que ha volcado cerca de la cosa de Ibiza. En él había 17 tripulantes. Todos pudieron ser rescatados, pero uno de ellos murió. Todavía se desconoce el impacto medioambiental (cargaba 7.000 toneladas métricas de gasoil) https://t.co/GjSluqwuG8 https://t.co/95VaCcKMfB — Angy Galvín (@AngyGalvin) November 26, 2026 Причината за превртувањето на бродот сè уште не е позната, а криминалната полиција на Цивилната гарда започна истрага. Проблеми со навалување на бродот Координативниот центар за поморско спасување во Валенсија доби повик за помош во среда во 22:30 часот. Неколку минути подоцна, екипажот пријавил дека морето навлегло во бродот и наклон од приближно 90 степени. Несреќата се случила кратко по полноќ, околу 30 наутички милји северозападно од Ибица. На бродот имало 17 членови на екипажот од индиско и турско потекло. Седум од нив биле евакуирани на Ибица, од кои шест биле транспортирани на аеродромот, а еден директно во болницата Кан Мисес, каде што била потврдена неговата смрт. Тој е 46-годишен турски државјанин. Шестмината повредени биле згрижени од екипи за итна медицинска помош. Сите претрпеле полесни повреди, а главниот здравствен проблем била хипотермијата. Во спасувачката операција учествувале три хеликоптери, еден авион и еден брод специјализиран за интервенции во случај на излевање на загадувачки супстанции.Тагови: брод Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook