Мицкоски: Најважно е да останеме обединети и да не дозволиме образованието, културата и словото да станат празна форма - Канал 5

Мицкоски: Најважно е да останеме обединети и да не дозволиме образованието, културата и словото да станат празна форма

Денес, одбележувајќи го делото на Светите Кирил и Методиј, не зборуваме само за двајца просветители, туку за темелот на една цивилизациска идеја.

Мицкоски: Најважно е да останеме обединети и да не дозволиме образованието, културата и словото да станат празна форма

Денес, одбележувајќи го делото на Светите Кирил и Методиј, не зборуваме само за двајца просветители, туку за темелот на една цивилизациска идеја, дека човекот е вистински слободен кога има право да мисли, учи и создава на свој јазик. Нивното дело не е само историски настан, туку победа на знаењето, духовноста и културата над темнината и покорувањето. Од нив започнува нашата културна и духовна преродба, продолжена преку нивните ученици и низ вековната традиција на писменоста и просветата.

Македонија низ историјата опстојувала преку словото, црквата и образованието. Од Охридската Архиепископија до Македонската православна црква, духовниот и националниот континуитет бил чувар на идентитетот и народната свест. Светите Кирил и Методиј му припаѓаат на целиот свет, но нивното дело останува доказ како еден народ се издигнувал преку борба, знаење и духовна сила.

И денес, и покрај политичките предизвици и неправдите со кои се соочува Македонија, најважно е да останеме обединети и да не дозволиме образованието, културата и словото да станат празна форма. Иднината на државата не се мери само со бројки, туку со тоа колку образовани, достоинствени и свесни генерации создава. Затоа мора да ја зачуваме вербата во знаењето, младите и сопствениот идентитет.

Го разбирам незадоволството и негодувањето кај луѓето кои сè повеќе губат трпение од испораката на правдата. Морам да кажам дека и јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу, многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте да мисли кој било од вас дека не ги слушам оние крици на луѓето кои ѝ се смеат на правдата, кои мислат за себе дека се непобедливи и дека ја измамиле правдата. Денес тие се најгласните критичари на Владата и пресоблечени измамници кои се најзагрижени за тоа дека немало правда.

Имаме отсуство кај дел од луѓето на чувство за припадност кон својот народ и подготвеност со гордост да го носат она што јас го велам – мекото ткиво на македонскиот народ. Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на државата. Тоа што некои се лидери на политички партии во опозицијата и ја имаат таа улога, не значи и дека се лидери на својот народ. Одбивајќи да се обединиме за националните прашања, тие се осудени на пропаст. Стануваат маргинални служители на туѓите интереси. Затоа вистинското обединување е народното. Затоа да се обединиме сите интелектуални кругови и да си подадеме рака. Ова е последната шанса за Македонија. Мораме да ја искористиме.

Империите се рушеле, границите се менувале, владетели доаѓале и заминувале, но словото останувало. Токму преку словото народите стануваат вечни. Затоа денес имаме обврска да ја чуваме книгата, науката и духовноста како најголема вредност. Народ што има јазик, култура и образование никогаш не е мал народ, а Македонија има со што да се гордее, со својот јазик, истрајност и дух што не се покорува.

Нека е честит и вечен празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто имаме потреба на другите да им покажеме дека имаме совршен живот?

Фасадата на совршенството како параван за проблемите

Зошто имаме потреба на другите да им покажеме дека имаме совршен живот?

Идеализираните слики кои прикажуваат убавина и успех некогаш ги гледавме во списанијата и рекламите, а денес таквите прикази често ги гледаме на профилите на социјалните мрежи кај пријателите и врсниците, наведува Child Mind Institute.

Најчесто, тинејџерите на профилите ги споделуваат најубавите моменти, додека обичните денови остануваат надвор од кадарот, па „совршениот“ туѓ живот честопати нè поттикнува да ја преиспитаме сопствената вредност.

Фасадата на совршенството како параван за проблемите

Според клиничкиот психолог Џил Емануеле, прикажувањето на животот погламурозен одошто е, само по себе не е проблем... но кога лицата се кријат зад социјалните мрежи глумејќи совршенство, тоа може да создаде фрустрација и потиштеност поради јазот помеѓу она што го претставуваат и она што навистина се.

Порталот YourTango наведува 11 работи кои најчесто се кријат зад таквата фасада.

Ниска самопочит

Лицата со ниска самопочит понекогаш се обидуваат да ја скријат сопствената несигурност прикажувајќи пред другите речиси совршен живот. Искреноста за сопствените тешкотии би значела тргање на параванот.

Перфекционизмот, како и претераната потреба за постигнување, може да произлегува од чувството дека личноста не е доволно вредна, па се труди околу секоја ситница за да се чувствува прифатено.

Зависност од туѓото одобрување

Ниската самопочит може да се појави како силна потреба за туѓо одобрување. Таквите личности сакаат да остават впечаток дека животот им изгледа подобро одошто се чувствуваат. Комплиментите, пофалбите и туѓите коментари се важен извор на потврда. Проблемот е што самодовербата почнува да зависи од тоа како другите ги доживуваат.

Потребата за потврда

Социјалните мрежи нудат лесен начин за добивање потврда од другите. Со објавување внимателно избрани фотографии и моменти, луѓето можат да создадат слика за животот што сакаат другите да го видат. Коментарите и реакциите дополнително ја зацврстуваат таа претстава, дури и ако поединецот не сака да открие колку мислењето на другите всушност му значи.

Стравот од неуспех

Зад потребата сè да изгледа совршено понекогаш се крие страв од неуспех. Поединецот може да стравува дека не е доволно успешен, способен или интелигентен, па затоа се обидува да прикаже спротивна слика. Таквиот страв може да влијае и врз подготвеноста на личноста да проба нешто ново или да преземе ризик.

Емоционална затапеност

Некои луѓе ги кријат своите вистински чувства зад сликата „безгрижен живот“. Иако внатрешно може да се чувствуваат празно, осамено или емоционално исцрпено, пред другите тие прикажуваат слика дека сè е во најдобар ред. Таквата фасада може краткорочно да помогне во прикривање на проблемите, но истовремено може да го засили чувството на изолација.

Занемарување на сопствените потреби

Совршениот живот на социјалните мрежи не секогаш ја одразува реалноста зад сцената. Некој може да објавува фотографии од дружења, патувања или миленици, а истовремено да ги занемарува одморот и сопствените потреби поради огромен притисок. Социјалните мрежи главно прикажуваат внимателно одбрани моменти, додека она што се случува надвор од камерата често останува скриено.

Проблеми во врската

Некои врски може да изгледаат идеално на социјалните мрежи, дури и ако реалноста зад објавите не е таква. Паровите може често да објавуваат заеднички фотографии и да споделуваат романтични пораки за да ја истакнат својата среќа. Сепак, социјалните мрежи сами по себе не можат да ја откријат вистинската природа на врската кога камерата е исклучена.

Желба за внимание

За некои луѓе, прикажувањето на совршен живот може да биде начин да привлечат внимание. Пофалбите за нивниот изглед, постигнувања, кариера или начин на живот можат да им пружат чувство на важност и задоволство. Сепак, во основа на таквото однесување понекогаш може да лежи осаменост, несигурност или потреба за подлабока поврзаност со другите.

Психолошки предизвици

Луѓето кои се соочуваат со емоционални тешкотии не секогаш сакаат другите да забележат низ што минуваат. Наместо да ја покажат својата ранливост, тие може да се трудат да остават впечаток дека сè е во ред. Сепак, криењето на проблемите и избегнувањето барање помош можат дополнително да го отежнат справувањето со она што ги мачи.

Синдром на измама

Дури и успешните луѓе понекогаш имаат чувство дека не го заслужуваат она што го постигнале или оти другите ќе откријат дека всушност не се толку способни колку што изгледаат. Ова чувство се поврзува со таканаречениот „синдром на измама“. На социјалните мрежи, таквите поединци може дополнително да ги истакнуваат своите успеси за да ја прикријат сопствената несигурност.

„Прегорување“

Некои луѓе однадвор изгледаат како да немаат проблеми и без напор ги усогласуваат работата, семејството, хобито и социјалниот живот. Сепак, одржувањето на таква слика може да бара огромен напор. Постојаната потреба да се остави впечаток на совршенство може да донесе стрес, исцрпеност и, на крајот, прегорување.

Споредување со туѓото „совршенство“

Д-р Емануеле укажува на уште еден чест проблем: за тинејџерите, социјалните мрежи можат да поттикнат негативни чувства кон самите себе. Децата кои се сомневаат во сопствената вредност, во објавите на другите луѓе го гледаат токму она што сметаат дека им недостасува. Ако веќе се борат со недостиг на самодоверба, сликите од врсниците кои се забавуваат можат да делуваат како потврда за нивниот сопствен неуспех.

„Знаеш дека тоа не те прави среќен, но сепак гледаш“

Саша и нејзиниот пријател Џејкоб (15) се согласуваат дека изложувањето на социјалните мрежи влијае на тоа како се доживуваат себеси и другите. „Знаеш дека тоа не те прави среќен, но сепак гледаш“, вели Џејкоб. Дури и сознанието дека зад тие внимателно одбрани фотографии се кријат проблеми од реалниот живот, не го намалува притисокот што го чувствуваат.

Саша се сеќава на едно девојче кое страдало од нарушување во исхраната. „Сите знаевме, состојбата беше толку сериозна што таа заврши во болница, а сепак, секогаш кога ќе објавеше фотографија од плажа на која изгледаше преслабо, сите стискавме „лајк“. Иако знаела дека девојчето е болно, Саша признава дека чувствувала љубомора и посакувала да изгледа така – а потоа се згрозила од сопствената помисла.

Како социјалните мрежи влијаат врз менталното здравје на тинејџерите?

Постојаното споредување со другите може да ја намали самодовербата. Покрај тоа, сопствениот „совршен“ профил може да стане маска за вистинските проблеми како анксиозноста или депресијата, што го отежнува барањето и добивањето помош.

Што можат да направат родителите?

Клучно е да не се потценува важноста на онлајн светот за тинејџерите. Разговарајте отворено со вашето дете за тоа како се чувствува додека користи социјални мрежи и охрабрете го да престане да следи профили поради кои се чувствува лошо. Пред сè, понудете му поддршка и разбирање.

Како можат да помогнат родителите?

Разговарајте со вашите деца за социјалните мрежи, поттикнувајте критичко размислување и потсетувајте ги дека она што го гледаат онлајн не секогаш е верен одраз на реалниот живот. Научете ги дека е нормално да прават грешки, поттикнувајте рамнотежа помеѓу времето поминато пред екранот и активностите во реалниот живот, и обрнете внимание на промените во нивното расположение.

Најважно од сè, погрижете се да знаат дека се прифатени и ценети, без оглед на тоа како изгледаат или што објавуваат онлајн.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“

Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. 

Ким Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“

Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател.

Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“.

Таа секој ден ги вози на училиште

И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа.

Таа се грижи за јавното експонирање на децата

Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди.

Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализирани

Училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.

Хаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализирани

Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани.

„Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“.

Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите.

Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.

Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство.

„Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот.

Протести низ Франција

Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови.

Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000.

Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите.

Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер