МакедонијаМицкоски најави нова инвестицијаШвајцарска фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија десетици милиони евра за повеќе од 500 вработени.Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 работни места, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба. Во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали земјава работи на изнаоѓање странски инвестиции, Мицкоски нагласи дека еден од главните приоритети на Владата се странските инвестиции. – Приоритет на оваа Влада се инвестиции и отворање нови работни места, а можам да кажам дека веќе имаме потврда од швајцарска фармацевтска компанија „Ронтис“, која што ќе инвестира во Македонија неколку десетици милиони евра за повеќе од 500 вработени, добро платени вработени, тоа е само низа од убавите вести за македонските граѓани кои што ги соопштуваме изминатиов период, рече Мицкоски.Тагови: ТИРЗ Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаМинистерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во СофијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на Коридорот VIII.Во рамките на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж коридорот и на поширокиот европски простор. Конференцијата претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот VIII, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година. На маргините на конференцијата е предвидена и билатерална средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација од Кралството ХоландијаНа средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот.Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, оствари средба со Нона Де Јанг, регионален координатор за безбедност во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Јурген Флајшман одбранбено аташе на Краството Холандија во Република Македонија и Зоран Дранговски, политички службеник за безбедност и стабилност во холандската амбасада во Република Македонија. На средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот, со посебен акцент на улогата на НАТО во одржувањето на мирот и безбедноста, политичката стабилност на Западен Балкан и значењето на добрососедските односи како важен фактор за регионалната стабилност. Претседателот Арсоски ги запозна соговорниците со работата на Комисијата за одбрана и безбедност, истакнувајќи ја добрата соработка со членовите и замениците членови на Комисијата, Владата и надлежните министерства, како и со останатите институции и чинители во безбедносниот сектор. Тој го истакна значењето на постигнатиот политички консензус меѓу парламентарните партии во однос на прашањата од областа на одбраната и безбедноста. Во разговорот беше нагласено значењето на исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во НАТО, вклучително и континуираното зголемување на одбранбениот буџет, достигнувањето на НАТО стандардите и модернизацијата и опремувањето на Армијата. Претседателот Арсоски посочи дека Македонија ги исполнува преземените обврски и дека до 2030 година се очекува одбранбениот буџет на државата да достигне 5 % од БДП. Во овој контекст, тој го поздрави процесот „ReArm Europe“, оценувајќи дека зголемените инвестиции во одбраната отвораат можности и за дополнителен развој на европската, но и на домашната одбранбена индустрија. Арсоски истакна дека Македонија има воспоставена соработка со стратешки партнери, меѓу кои САД, Холандија и Турција, во процесот на модернизација на Армијата, додека паралелно се преземаат активности за привлекување странски инвестиции и развој на капацитетите во воената индустрија. Истакната беше и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка, особено во областа на одбраната и безбедноста, како придонес кон зајакнување на довербата и стабилноста на Западен Балкан. Во таа насока, беше разменето мислење за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и за потребата од заеднички придонес кон зачувување на мирот и стабилноста. Од страна на соговорниците беше поздравено активното учество на Македонија во НАТО и меѓународните мировни мисии, како и нејзината посветеност кон исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во Алијансата. Оценето беше дека продолжувањето на соработката со сојузниците и партнерите, како и одржувањето на добрососедските односи, се од особено значење за зајакнување на регионалната безбедност и стабилност.Тагови: Павле Арсоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаБременоста и мајчинството причина за нееднаков тремтман во работните односи, потврдува КСЗДБременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата.Бременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата, но и натаму е мал бројот на оние кои се охрабруваат да пријават дискримнација. „Најголем акцент ние ставаме на бремените жени односно нивната заштита во областа на вработување кадешто Комисијата има добиено повеќе од 21 претставка во изминатите три години, претставки кои се однесуваат на дискриминација врз бремени жени кои имаат нерегулиран работен однос“-– Зекир Абдулов. Заменик претседателот на кломисијата Абдулов вели и дека секој што бил предмет на дискриминација може да поднесе пријава онлајн или лично во Комисијата. „Пред Комисијата граѓаните имаат можност да пријават дискриминација онлајн преку веб страната, формуларот е достапен меѓутоа сите можат да пријават и на лице место пред Комисијата со помош на асистент“, – Зекир Абдулов. Примери за нееднаков третман се бројни, а мегу нив велат од комисијата голем дел се однесуваат на интерсекциска дискриминација, каде истовремено се преплетуваат полот, родот, бременоста и мајчинството Во 2025 година, Комисијата утврдила вознемирување на бремена жена на работното место, која била изложена на понижувачки и сексистички коментари. Меѓу нив биле и ставови дека „жена не може да води оддел“, дека нејзиното место е дома и дека бремена жена не треба да раководи со мажи. Од Комисијата најавуваат и иницијатива до Владата и Собранието за законски измени со кои дополнително би се заштитиле бремените работнички, особено оние со договори на определено време. Оттаму посочуваат дека со години се чека ново законско решение, додека во пракса сè уште има случаи во кои договорите не им се продолжуваат токму поради бременоста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08