Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
1Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
МакедонијаМицкоски: Младите се сржта на партиите, наши наследници и иднината, зачувајте го вашето достоинство низ дејствувањето и работатаПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) во хотел Хилтон каде истакна дека младите се сржта на партиите и иднината, и даде силна поддршка за младите. „Некои од пораките што ги слушнав денес од оваа дебата се нешто што е многу, многу важно, и нешто што претставува срж на нашите партиски политики. А која е сржта на нашите партиски политики? Младите, младинските организации. Ако постои партија без млади, тогаш тоа е партија без суштина, срж. И не е вистинското прашање дали таа партија ќе исчезне. Прашањето не е дали, туку кога таа партија ќе исчезне. Ние сме многу горди што имаме многу, би рекол, офанзивна младина. И ние ја поддржуваме таа младина бидејќи сметаме на нив, да бидат нашите наследници во иднината. Сергеј спомена дека имаме тројца пратеници кои се дел од нашето младинско раководство и повеќе од 100 членови на општински совети. Да, тоа е вистина. Давањето шанса на младите значи дека и давате шанса на иднината. Во спротивно, ќе го изгубите патот и, како што реков, веројатно ќе исчезнете од политичката сцена. На пример, во мојот кабинет, јас сум опкружен со многу млади луѓе. Почнувајќи од мојот протокол, па сè до шефот на мојот кабинет, сите тие биле или сè уште се дел од младината или биле лидери на нашата младинска организација. “ кажа Мицкоски и додаде: „Мојата прва порака и мојот апел до сите вас беше бидејќи еден ден вие ќе станете лидери, високи претставници на вашите партии, создавајте младина. Бидејќи ако немате млади, ќе повторам уште еднаш, прашањето не е дали, туку кога ќе исчезнете. Затоа, развивајте ги и дајте им шанса на вашите наследници“ кажа Мицкоски. „Втората работа што би сакал да ја кажам денес како порака е од чевлите на еден професор. Кога започнувате нешто, не очекувате чуда. Чудата не се можни. Ако верувате во чуда, тогаш нема да бидете способни да ја пренесете реалноста. Нема да бидете способни да ја живеете реалноста. Затоа понекогаш некој околу вас создава перцепција за работи кои не се остварливи и кои не се реални. Она што го гледате на Инстаграм, она што го гледате на ТикТок не е реалноста. Тоа е нешто со кое некој сака да изврши притисок врз вас и да создаде лажна реалност. Повторно ќе се повикам на нешто што го кажав чудата не се можни. Ако некој ви ветува чуда, тогаш ве лаже. Тоа не е можно. Не верувајте во чуда“, нагласи Мицкоски. Мицкоски упати порака до младите да го зачуваат своето достоинство како многу важен дел од нивното дејствување. „Третата работа што би сакал да ја пренесам како порака денес е, зачувајте го вашето достоинство. Не бидете дволични. За жал, ќе бидете опкружени со многу луѓе кои се дволични. Но, ако вие не сте дволични, тогаш го имате вашето достоинство, што е најдобрата особина на вашиот карактер што можете да ја поседувате. И ова е нешто што е многу важно, не само за вашата иднина, туку и за семејствата што ќе бидат дел од вашите животи“, истакна Мицкоски. Мицкоски потенцираше дека семејството е најважниот елемент во животот. „И ова е четвртата порака што сакам да ја пренесам денес. Можеби некој ќе ја оспори мојата порака, можеби некој ќе ме осуди за ова што ќе го кажам сега, но семејството е најважниот елемент во вашите животи. Децата, многу деца, тоа е нешто што ќе го обликува вашиот живот. Бидејќи без многу деца, вашиот живот ќе биде празен и веројатно себичен. Ве молам споделувајте сè со вашата околина. Нека споделувањето биде дел од вашето однесување. Бидејќи ако споделувате, ќе можете да научите што значи семејството, не само за вас, туку и за вашата нација“, потенцира Мицкоски. Мицкоски за крај кажа колку е важна работата и посветеноста со фокус и јасен патоказ за иднината. „И јас навистина верувам дека сите вие што сте овде верувате дека политичкото дејствување десно од центарот и конзервативизмот се иднината на европскиот континент, но зборувам и за човештвото воопшто. Ако една нација не работи напорно, особено мала по бројност како мојата, македонската нација, ако не работи напорно со посветеност, со фокус и со јасен патоказ каде ќе бидеме за 50, 100 години од сега, таа нација ќе исчезне. И ова е нешто што е вистинскиот проблем на оваа генерација, и на вашата генерација исто така. Бидејќи ако ги потцениме предизвиците што ќе се појават за 50, 100 години од сега, тогаш не сме визионери, не сме политичари од десниот центар. Ние сме дневни политичари и сме популисти. Затоа, мојата последна порака ќе биде борете се и размислувајте за работите што ќе го обликуваат човештвото и иднината на вашата нација. Во спротивно, ќе се изгубите себеси и ќе станете дневни политичари. А јас не верувам дека тоа е вашата амбиција, ниту вашата идеја, не за оваа организација, туку генерално за иднината на европскиот континент и за иднината на човештвото во целина. Затоа, се обидов да бидам што е можно пократок за да пренесам долги приказни на краток начин“, заклучи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
БалканЧетворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и ХерцеговинаЧетворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко.. Повредени се 12 лица. Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти. Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЕкономијаВо Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетотВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. Поднесени се вкупно 124 амандмани.Со новите проекции, приходите се намалуваат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Најголемото намалување е кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бдп.Тагови: ребаланс на Буџетот собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјаваВицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски. На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24