Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“
2Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“
3АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
МакедонијаМицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоциЕвропската комисија го објави Годишниот извештај за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија. Извештајот не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој земјата одговара на долгорочните европски приоритети. Она што е најважно да се каже на почетокот е дека Владата останува 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, што претставува важна придобивка за карактерот на нашите меѓусебни односи и за нивото на нашата посветеност кон европските вредности. Во извештајот се нотира дека во некои области постои „одреден“ или „ограничен напредок“. Конкретно, нема области со назадување, а во четири поглавја е забележан „добар напредок“. Во едно поглавје, „Слободно движење на капитал“, дури е зголемено нивото на подготовка, благодарение на приклучувањето кон SEPA и спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање на тероризам. Комисијата ги поздравува чекорите направени во делот на економијата, со стабилен банкарски сектор, умерен раст на БДП, усвојување на Законот за јавна внатрешна контрола и назначувањето на членовите на Фискалниот совет, мерки кои ја зајакнуваат фискалната дисциплина и транспарентност. Позитивни оценки има и за дигитализацијата, модернизацијата на јавната администрација, воспоставувањето на системите за е-набавки и зајакнувањето на сајбер-безбедноста. Напредок е забележан и во образованието, науката и младинските политики, особено преку зголеменото учество во програмите Horizon Europe и COST. Во областа на инфраструктурата, Европската комисија ги нотира големите активности околу Коридорот VIII, TEN-T мрежата и новиот Закон за енергија со кој се отвора патот кон зелена и праведна транзиција. Континуирано ја унапредува својата подготвеност во областа на слободата на изразување и медиумските слободи. Важно е да се потенцира делот дека е постигнат реален напредок во клучни сегменти на медиумската регулатива и институционалната независност. Особено за финансиската независност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која е зајакната и тоа претставува важен чекор кон транспарентно и професионално медиумско работење. Дополнително, изборот на новите членови на Советот на АВМУ од страна на Собранието ја потврдува заложбата за демократски процес и институционална стабилност. Овие чекори придонесуваат кон зајакнување на јавниот интерес. Во однос на законодавната рамка, иако се потребни дополнителни усогласувања со европското законодавство, особено со Европскиот акт за медиумска слобода (EMFA), на кои во идниот период ќе работиме, веќе се направени конкретни чекори напред во Законот за медиуми. Ова е показател дека како Влада активно работиме на приближување кон европските стандарди и на создавање правна рамка која ја гарантира медиумската слобода и плурализмот. Се разбира, извештајот посочува и на предизвици што државата мора да ги адресира со уште посилна динамика. Предизвици постојат во делот на владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Политичката поларизација и недоволната соработка меѓу институциите остануваат пречки што ја забавуваат имплементацијата на реформите. Оваа Влада не само што е свесна за тие предизвици, туку веќе работи на нивното надминување. Поставени се нови приоритети за реформа на судството, за зголемување на одговорноста и за воспоставување на јасни критериуми за оценување на судиите и јавните обвинители. Во делот на антикорупцијата, процесот на целосна дигитализација на јавните набавки и на транспарентноста на буџетските расходи ќе продолжи во 2026 година. Во однос на јавната администрација, Владата е решена да го прекине долгогодишниот модел на партизација и да воспостави систем во кој компетенцијата и професионалноста ќе бидат единствените критериуми за напредување. Паралелно, продолжуваат и активностите за подобрување на условите во затворите, за унапредување на човековите права и за социјална интеграција на ранливите категории. Дами и господа, Како Влада останува целосно посветена на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна. Ќе ги адресираме сите области каде што е забележан застој, со конкретни мерки, јасни рокови и отчетност. Нашата цел е полноправно членство во рамките на Европската Унија, ивјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
БалканФрлена бомба врз домот на помошник управител на затворскиот систем во Црна ГораУтринава во дворот на домот на Небојша Јанковиќ, помошник управител на црногорската Управа за извршување на кривични санкции (УИКС), експлодираше бомба.Во експлозијата целосно е уништен неговиот автомобил „Волво“, кој бил паркиран пред куќата во подгоричката населба Златица, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“. Според неофицијални информации, експлозивната направа била активирана околу 04:00 часот наутро, а полицијата веднаш била известена. Полицијата, во соработка со надлежното државно обвинителство во Подгорица, го истражува случајот, а во тек е и увид на лице место. Полицијата го поврзува нападот со неговата работа Црногорската полиција најави реакција на нападот, спроведена во координација со разузнавачките и безбедносните служби, како и со вработените во затворскиот систем. Тие истакнаа дека на овој инцидент не гледаат само како на напад врз јавен функционер, туку како на удар врз владеењето на правото и борбата против организираниот криминал. Од полицијата додаваат дека нападот врз Јанковиќ го поврзуваат со неговите професионални должности и улогата во раководењето со затворскиот систем во Спуж. „Управата на полицијата му дава целосна поддршка на нашиот колега, со јасна порака дека сите расположливи ресурси ќе бидат насочени кон заштита на полициските службеници и вработените во УИКС, кои чесно ги извршуваат своите должности и задачи. Понатаму, ваквите криминални обиди за заплашување поединци нема да ја ослабат пошироката, сеопфатна борба против криминалот“, наведуваат од полицијата. „Сите понатамошни процесни, истражни и дејствија за утврдување на фактите ќе се спроведуваат во соработка со Основното државно обвинителство во Подгорица, кое ја презеде надлежноста над овој случај, а кој се однесува на кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено поседување и носење оружје и експлозивни материи“, се додава во соопштението. Од полицијата најавија дека навремено ќе ја информираат јавноста за понатамошниот тек и резултатите од истрагата. Извор: Индекс.хрТагови: Бомба Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПретседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“Граѓаните на Србија наскоро повторно ќе излезат на гласачки места - на 27 декември, кога ќе изберат нов претседател.Официјалните кандидатури се очекуваат во наредните денови, а додека тоа не се случи, шпекулациите за одредени имиња што би можеле да се најдат на гласачкото ливче продолжуваат. - Пред точно 24 часа беа објавени претседателските избори, но денес стоиме пред вас со името на кандидатот - рекоа тие на почетокот на медиумската конференција на Студентската листа. - Влегуваме во овие избори многу поподготвени и поискусни. Нашите контролори ќе сторат сè за да се осигурат дека секој глас е заштитен - рекоа тие. - Сакавме да предложиме човек чија поддршка никогаш не беше декларативна. Сакавме некој што беше со нас од самиот почеток. Се надеваме дека граѓаните ќе ја препознаат кај нашиот кандидат подготвеноста да се држи до принципите што го изградија секој наш успех во неговата работа - нагласија тие. Претседателскиот кандидат е Радомир Саичиќ. - Сега имаме можност слободата за која се боревме да ја претвориме во трајна промена. Владата и судовите мора повторно да ја заработат довербата на народот. Ќе се залагам за суверена Србија во која секој граѓанин ќе живее со достоинство - рече Саичиќ. - Ние ги почитуваме и институтите за управување во Црна Гора, имаме најдобри можни односи со нашиот народ. Не гледам никакви противречности таму. Она што мислам дека е обврска на новата влада е да го обедини српскиот народ, а не да создава поделби - рече тој како одговор на новинарско прашање.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во СкопјеНе била само Алта банка, не било само Алта осигурување, не било само јавни претпријатија, има и други поврзани фирми и бизниси.Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нови документи. Скандалот со влезот на Алта банка во Македонија и бизнис шемите на ВМРО со СНС се проширува. Во Србија истрагата за Алта банка води кон нови приведени, нови осомничени. Освен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, веќе во притвор е и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп“ Белград. Се сомничи, дека заедно со Мацура извршиле кривични дела поврзани со изнесување кеш од трезорот на Алта банка од околу 17 милиони евра. Според медиумите во соседна Србија околу 370 милиони евра никогаш не влегле во трезорот, туку биле фиктивно книжени. Имињата на овие луѓе кои се веќе приведени, Бундало и Мацура водат директно и до бизниси и фирми во Македонија. Еве го изводот со информации од Централниот регистар: Татјана Бундало, директорка на Алта груп Белград која е приведена во Србија е сопственик на фирмата „Алта Реал Естате ДООЕЛ Скопје во Македонија. Дополнително, поврзана е и со фирмата Алта груп ДООЕЛ Скопје. Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време. Двајца приведени во Србија за Алта банка, двајца поврзани со бизниси и фирми во Македонија. Јавноста веќе знае, Давор Мацура, е член на Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола а ја кипи и ЗОИЛ Македонија за 1.7 милиони евра. Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО. Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски. Прашањето е зошто Обвинителството и Ненад Савески не преземаат ништо? Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност? Затоа Христијан Мицкоски вчера побегна од одговор на прашањето од претседателот Филипче за тоа со кого го правел дилот за влезот на Алта банка. Нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – Член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39