Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината - Канал 5

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината

Македонија денес е земја која се развива, дом во кој има место за сите луѓе оние кои се тука, но и оние кои заминале надвор. Ни треба секој родум од Македонија кој сака да придонесе за татковината. 

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината

Ни треба секој кој научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашиот пример денеска испраќаме порака за враќање до сите наши луѓе родум од Македонија кои се ширум светот, порача премиерот Христијан Мицкоски на форумот на повратници во државата што се одржува во Владата.

Зборувам, рече тој, пред луѓе кои носат посебна тежина во општеството, кои ја знаат татковината и од внатре и од надвор, луѓе кои заминале, не затоа што сакале да ја напуштат татковината, туку затоа што животот, времето и околностите ги натерале да бараат подобри услови, сигурност и перспектива и, како што нагласи, најважно, луѓе кои се вратиле и тука почнале нова успешна приказна.

- Вашето враќање не е симболично туку суштинско, тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени, дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината. Сакам јасно и искрено да кажам - ние не може да им се лутиме на оние кои заминале, ги разбираме. Ја разбираме нивната мака, борба и тешки одлуки. Знаеме дека многумина заминаа бидејќи немаа избор. Но, колку и да оди човек далеку, срцето секогаш влече назад, затоа што, како што мудро вели нашиот народ - каменот тежи на своето место, рече Мицкоски.

Смета дека колку и да се Македонците успешни низ светот и каде и да се, секогаш ќе бидат дојденци.

- Само дома си свој, само дома твоето име, твојот труд и твојата приказна имаат длабоки корени и трајна вредност. Вие што денеска сте тука сте жив доказ за тоа. Покажавте дека знаењето и искуството стекнато надвор не се губат кога ќе се вратите туку добиваат смисла, туку стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, идеи и нова енегрија во нашата економија. Земјата днес не е земја што стои во место. Македонија се менува и развива. Економијата расте, се инвестира во индустријата, енергетиката, во инфраструктурата. Се градат патишта, фабрики, капацитети кои носат додадена вредност. Се отвара простор за претприемништво, за иновации за млади, за оние што сакаат да вложат и да создаваат дом, истакна македонскиот премиер.

Како Влада, додаде, обврска им е да создадат услови, да обезбедат стабилност, правна сигурност, поддршка за инвестиции и јасна насока за развој.

- Но, ниту една стратегија, ниту еден план не може да успее без луѓе. Држава не се гради само со институции туку со умови, со знаење, со искуство, со храброст да се преземе одговорност. Затоа гласно порачуваме дека ни треба секој Македонец кој сака да придонесе за татковината. Ни треба секој кој научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашиот пример денеска испраќаме порака за враќање до сите наши луѓе родум од Македонија кои се ширум светот. Ве разбираме, ве почитуваме и вратите ви се широко отворени, рече тој.

Додаде дека не ветуваат лесен пат, туку смисла и можност да се биде дел од нешто поголемо.

- Нудиме шанса трудот да не биде само личен успех, туку придонес за заедницата и идните генерации. Домот не е совршен, тој се гради, поправа и унапредува. А нашата заедничка Македонија е токму тоа, дом што се гради и во кој има место за сите свои луѓе. Вие сте доказ дека може, вие сте пример дека враќањето е сила и вие сте гласот што најдобро може да им каже на другите дека каменот кога ќе се врати на своето место тежи најмногу, потенцира премиерот Мицкоски.

Форумот продолжува со обраќања на Македонци кои се вратиле во земјава, но и претставници од повеќе институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер