3Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
МакедонијаМицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата годинаФејсбук објава на премиерот Христијан Мицкоски.„Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во Јули оваа година порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година. Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7% споредено со истиот месец минатата година. Кумулативно индустриското производство од почетокот на годината заклучно со месец Јули (во првите седум месеци од 2025 година) порасна за 3% споредено со истиот период минатата година, а преработувачката индустрија порасна за истиот период 4,5%. Целосно се менува структурата на македонската економија. Факти: расте бројот на туристи и бројот на ноќевања, расте бруто-домашниот производ, расте цената на откуп на земјоделските производи, расте градежништвото, расте трговијата итн… Од земја во која криминалот и корупцијата беа секојдневие, а анти националната политика беше заштитен знак за владата, сега сме земја на економски раст, победи и стабилност. Чекор по чекор ќе направиме и многу повеќе. Нема откажување. Патриотска политика на дипломатијата со цел заштита на националните интереси.“- објави Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлександар Маленко на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Александар Маленко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЖивотНова студија за сонот: Јапонците спијат најмалку, но живеат најдолгоЖителите на Јапонија во просек спијат само 6,23 часа навечер, во споредба со 7,05 часа во САД и 7,11 часа во Нов Зеланд. Тоа се новите податоци споделени во Newsweek од страна на производителот на паметни прстени за следење на здравјето Oura. Студијата нагласува дека потеклото и културата можат да влијаат на количината на сон, но исто така дека нужно тоа не значи и полошо здравје. Меѓу земјите во кои помалку се спие се Индија и Обединетите Арапски Емирати. Влијание на културата и животната средина „Иако спиењето е биолошки процес, тој е под силно влијание на културата и животната средина. Според научникот за спиење Хели Коскимаки, раководителка на одделот во Oura, во Индија е вообичаено семејните оброци да го одложуваат времето за спиење, во Јапонија, долгото работно време го одложува сонот, а во ОАЕ, поради екстремната топлина, луѓето често вежбаат доцна навечер или рано наутро. Податоците во студијата се собрани од корисници на паметни прстени што ја следеле нивната активност. Во сите дванаесет земји од кои биле достапни податоците, за анализа на образецот на спиење бил користен примерок од 5.000 луѓе. Интересно е што земјите со пократко време на спиењето не мора нужно да имаат полоши здравствени исходи. Јапонија, на пример, има подолг просечен животен век од која било друга земја опфатена со истражувањето. Препораки и здравствени ризици Американската академија за медицина на спиењето и Друштвото за истражување на спиењето препорачуваат возрасните да спијат седум или повеќе часа навечер за да се избегнат здравствен ризик. Според медицината на Џонс Хопкинс, хроничниот недостаток на сон може да доведе до зголемен ризик од развој на деменција, дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и потенцијално рак на дојка, дебело црево, јајници и простата. Исто така, може да влијае на способноста за функционирање во секојдневниот живот, врз работата или возењето. Образецот на спиење варира во различни култури „Навиките за дремка, работните распореди, времето пред екран и ставовите кон одморот - сè ова е под силно влијание на географските и културните норми“, вели Хамид Џалилијан од Универзитетот во Калифорнија, Беркли. „Сепак, човечката биологија е прилично доследна. За повеќето возрасни лица, најздравиот опсег се чини дека е околу 7 до 8 часа навечер. Во големите збирки податоци, гледаме јасен модел во форма на буквата U, при што двата екстреми - помалку од 6 часа или повеќе од 9 часа - се поврзани со повисоки стапки на срцеви заболувања, дијабетес, депресија, когнитивен пад, па дури и смртност.“ Податоците на Оура покажаа значителни глобални разлики во времетраењето на спиењето, иако сите беа во опсегот што генерално се смета за здрав. Коскимаки додава дека различните популации имаат и различни хронотипови - биолошка тенденција да бидат утрински или вечерни типови. „Предизвикот со кој се соочуваат овие „ноќни нации“ е тоа што модерното општество - работата, училиштето, семејството - честопати бара рано будење наутро, што значи дека спиењето е скратено“, вели таа. „Клучот е да се разбере дека потребната количина на сон е индивидуална, варира од личност до личност и се менува во текот на животот. Следењето на вашиот хронотип и податоците за спиење, како и слушањето колку се чувствувате одморено, може да ви помогне да изградите постојана рутина.“ Ерик Џоу, вонреден професор на Медицинскиот факултет Харвард, за Newsweek изјавил дека неговата неодамнешна студија на возрасни лица во САД открила просечно времетраење на спиењето од 7,6 часа, со широк распон од 6,5 до 8,9 часа. Еден од проблемите според него е разликата во распоредите на спиење во работната недела и во викендите. „Традиционално, мислиме дека менувањето на распоредот на спиење во работната недела и викендот, е поврзан со полоши исходи. Ова се случува затоа што едно лице може да не спие доволно во текот на работните денови и да го надомести тоа за време на викендите, што не е добро, и создава циркадијална неусогласеност, што е исто така лошо“, објаснува тој. „Сето ова укажува дека недоволното спиење е глобална епидемија која не познава граници. Денес, кога бројни интереси се натпреваруваат за нашето внимание во рок од 24 часа, спиењето е најмалку забавната активност, но можеби е најкорисна.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЕдноставен тест од 30 секунди кој би можел да открие ризик од прерана смртЕдноставен тест што трае 30 секунди би можел да открие многу повеќе за здравјето на старите лица. Според едно ново истражување, напорот потребен за станување од седечка положба е важен показател за здравјето во подоцнежна возраст, но и можен ризик од прерана смрт. Станува збор за едноставен тест: лицето за 30 секунди треба да стане од столчето и да седне што повеќе пати. Истражувачите утврдиле дека лицата кои остваруваат слаби резултати, имаат значително поголем ризик од смрт од некаква причина во споредба со нивните врсници, пишува Daily Mirror. Студијата објавена во списанието Journal of Sport and Health Science опфаќала 1876 возрасни лица над 65 г. Нивната физичка сила се проценувала со бројот на станувања и седнувања на столче за време од 30 секунди. Резултатите покажувале дека лицата кои имале поголем напор при изведување на оваа вежба имале значително поголем ризик од смрт отколку оние чии резултати биле во граници на нормалата. При тоа, се зеле предвид и податоци за висината, телесната тежина и висината на столчето, потоа била пресметана способноста(моќта) во вати по килограм телесна тежина. Жените со ниски резултати имале околу двојно поголема веројатност од смртен исход, додека кај мажите ризикот бил зголемен за 57%. Истражувачите ги поделиле учесниците во две групи, оние со мал и оние со нормален напор при станување. Прагот за мажите бил 2,53 вати на килограм телесна тежина, а за жените 2,01 вати на килограм. Повеќе од половина од учесниците, или околу 57 проценти, биле под овие вредности. Авторите на студијата, исто така, известуваат дека ниската мускулна сила влијае на над 45 % од луѓето над 65 години. Врска со здравјето на коските Истражувачите, исто така, пронашле поврзаност помеѓу слабата сила и ризикот од фрактури на коските за време на студијата, но оваа поврзаност се разликувала кај мажите и жените. Жените биле особено изложени на ризик од фрактури на колкот, една од најсериозните повреди во староста. Жените со послаба сила при станување од стол имале 3,25 пати поголема веројатност да пријават фрактура на колкот во изминатата година во споредба со жените со нормална сила. Кај жените со мала сила, 4,5 проценти претрпеле фрактура на колкот во изминатата година, во споредба со само еден процент кај жените со нормална сила. Кај мажите, сепак, ниската сила била поврзана со паѓања и фрактури на различни делови од телото, но не конкретно со фрактури на колкот. Кај мажите со послаба сила веројатноста да пријават пад во изминатата година била 73%, голема била веројатноста (86%) да пријават некаква фрактура. Авторите на студијата веруваат дека разликата може да биде поврзана со хормоналните промени кај жените по менопаузата. Овие промени го забрзуваат губењето на густината на коските, што го прави колкот особено ранлив при паѓање. Кај мажите, фрактурите се чини дека се порамномерно распоредени низ целото тело и не се толку концентрирани во една област. Како заклучок, авторите на студијата навеле дека ниската релативна сила при станување и седнување кај жените е поврзана со претходни фрактури на колкот, додека кај мажите е поврзана со паѓања и сите видови фрактури. Кај жените, е предвиден и повисок ризик од хоспитализација, додека таква поврзаност не е пронајдена кај мажите. И кај мажите и кај жените, послабиот резултат е поврзан со подолг престој во болница и поголем ризик од смрт од која било причина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16