Мицкоски го поздрави потпишувањето на протоколот, иако цената е „недостоинствена“

Претседателот ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, уште вчера го поздрави денешното потпишување на протоколот за прием на Македонија како 30-та членка во НАТО во седиштето во Брисел.

Сепак, тој во разговор за МИА по средбите во Европскиот парламент додал дека пред пристапниот протокол цената за да се стигне до истиот е платена недостоинствено од премиерот Зоран Заев.

„Секој успех на Република Македонија го поздравувам иако Заев го направи на недостоинствен начин, тргуваше со нешто што минатите генерации го платиле со своите животи, и го направи тој чин недостоинствен, но секој процес што значи подобрување на животот на сограѓаните го поздравуваме“, изјави Мицкоски за МИА.

Фон дер Лајен го осуди ранувањето на словачкиот премиер Фицо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.

„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.

Хезболах интензивно гаѓаше воени цели на северот на Израел

Либанското движење Хезболах денеска интензивно гаѓаше воени цели во северен Израел, како одговор на израелскиот напад во кој загина локален командант на проиранското движење.

Хезболах објави дека лансирал „десетици ракети Качуша“ во воената база Мерон во северен Израел и касарната Биранит.

Бомбардирањето е одговор „на нападот на израелскиот непријател во јужен Либан“, се додава во соопштението.

Сирените за тревога се огласија во Мерон.

Израелската армија изутрината соопшти дека го убила локалниот командант на Хезболах, Хусеин Маки во напад на крајбрежниот град Тир во јужен Либан./МИА

Утврдена кандидатската листа за член на Судскиот совет од Врховниот суд

За испразнетото место во Судскиот совет ќе се борат врховните судии Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, чија кандидатура предизвика жестока расправија на денешната седница на советот. 

Според дел од членовите, постои уставна пречка лимани да биде член поради нарушување на правичната застапеност во судскиот совет.

притисни ентер