Мицкоски: Фокусирани сме на реализација на Реформската агенда и воведување ред во државата - Канал 5

Мицкоски: Фокусирани сме на реализација на Реформската агенда и воведување ред во државата

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои што се резидентни во нашата земја.“

Мицкоски: Фокусирани сме на реализација на Реформската агенда и воведување ред во државата

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои што се резидентни во нашата земја, и ценам дека на овој начин можеме поблиску да ги доближиме активностите кои што како Влада ги правиме, а се поврзани со Реформската агенда“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија на денешниот брифинг за Реформската агенда со амбасадори на земји членки на Европската Унија.

Мицкоски посочи дека дел од реформите се реализираат, но дел, како што рече, од објективни причини нема да се реализира, и за тоа се известени претставниците на меѓународната заедница.

„Како Влада кога бевме избрани пред неполни 20 месеци имавме индикативна листа на чекори кои што треба да ги реализираме, практично првата година и половина се одобруваа, се усвојува и слично, работејќи со ЕУ. Таму некаде на почетокот на 2025 година да се заокружи тој процес, почнаа чекорите да се реализираат, нормално додека се засили тој процес, ценам дека беа испорачани одреден број чекори, а потоа се распишаа локалните избори и поради нашето домашно законодавство, ние не успеавме таа динамика да ја следиме во зависност од нашите амбиции. И бидејќи тогаш Парламентот малтене е во техничка форма и не работи и останатите институции, имавме неколку месечна пауза. Но, веднаш после локалните избори, таму некаде од ноември месец интензивно се работеше на Реформската агенда и на реализирање на чекорите кои што се дел од Реформската агенда и оние чекори кои што можеме да ги реализираме. Тие што не можеме, објективно кажуваме зошто не можеме, бидејќи не би сакале да бидеме Влада која што едно ветува пред нашите партнери од меѓународната заедница, а друго прави позади завеса. Тоа што можеме да го испорачаме, ќе го испорачаме, тоа што не можеме ќе ги дадеме нашите аргументи зошто не можеме, и сме подготвени секогаш на искрен дијалог и разговор со нашите партнери од меѓународната заедница, посебно со нашите партнери од ЕУ“, нагласи премиерот Мицкоски.

Мицкоски порача дека оваа година нема да има избори, бидејќи Владата е фокусирана на исполнување на реформите и воведување ред во државата.

„Нема да имаме избори оваа година. За да немаме дилема, бидејќи често пати дел од вас ме прашуваат дали ќе имаме избори, еве самата оваа амбициозна агенда вели дека нема да имаме оваа година избори, затоа што сме фокусирани на реформа и воведување ред во државата. Такви се проектите „Безбеден град“, за жал некои од опозицијата тоа го злоупотребуваат и се обидуваат повторно да политизираат, а некои да етнизираат. Потоа, борбата со криминалот и корупцијата, одредени закони кои што ќе значат безбедност за здравјето на граѓаните, како Законот за пушење. Работиме со стејкхолдери, со производителите, оние страни кои што се засегнати како што се секторот угостителство и туризам, и мислам дека во овие неколку недели ќе дојдеме до решение кое што сите заедно ќе го поддржиме. Тука, исто така, има и други закони, како што се Законот за игра на среќа, законите кои што се дел од правосудството, некои ги поминавме, а некои ќе ги поминеме во вторник на владина седница“, рече тој и додаде:

„Така што оваа година имаме прилично амбициозна реформска агенда која што сакаме да ја завршиме. Целта е да ја напишеме домашната задача, а потоа е до земјите членки на ЕУ како понатаму“, истакна тој.

Премиерот Мицкоски заклучи дека следен брифинг би одржале во март, па во јуни месец и потоа како што рече би брифирале најмалку еднаш квартално сè со цел да ги информираат меѓународните претставници во однос на реализираните чекори на Реформската агенда, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Нуклеарната доктрина на Русија не е само „навестување“, а Москва има целосно право да одговори на критичните закани за нејзиниот суверенитет, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија. 

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“.

„Ова не е тактика на заплашување, туку реалност. Нуклеарната доктрина на Русија, според која земјата го задржува правото да користи такво оружје доколку нејзината безбедност е загрозена, тешко може да се опише како обична навестување“, рече тој.

Појаснети правила за употреба

Медведев, поранешен руски претседател и премиер, рече дека се дадени важни појаснувања на документот. Тие ги специфицираат условите под кои Русија би користела нуклеарно оружје и го прошируваат списокот на воени закани што би можеле да доведат до таква употреба.

Тој потсети дека „агресијата“ од која било ненуклеарна држава против Русија или Белорусија, со учество или поддршка на нуклеарна сила, се смета за напад врз двете земји. Русија и Белорусија формално се федерална држава од 1999 година.

„Имаме целосно право да одговориме на критична закана за нашиот суверенитет. Конечната одлука ќе ја донесе шефот на државата“, рече Медведев.

Обвинувања против Западот

Тој го обвини Западот дека се обидува да го доведе светот до „работ на нуклеарна апокалипса“. Нападите врз руските градови ги нарече „агресивни дејствија што еден ден би можеле да предизвикаат Трета светска војна“.

Тој рече дека воените капацитети на Русија ќе дозволат напади врз Киев и клучните цели на НАТО, по што „ниту еден камен нема да остане непревртен“. „Сепак, тоа би била точка од која нема враќање за целата планета, не само за завојуваните страни. Свесни сме за нашата одговорност за судбината на човештвото и правиме сè што можеме за да спречиме глобална катастрофа“, рече тој.

„Сепак, нашето трпение не е бесконечно. Таа последна опција останува последно средство што треба да се користи само кога сите други мерки не успеале. Денес, ние сме само на неколку чекори од тоа - само неколку секунди на „часовникот на судниот ден““, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?

Финалето на Светското првенство во 2030 година ќе се одржи недалеку од Казабланка, изјави во четврток претседателот на Кралската мароканска фудбалска асоцијација. 

Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?

ФИФА сè уште официјално не го објави местото на одржување на финалето, додека Шпанија и Мароко се натпреваруваат за домаќин на најголемиот фудбалски натпревар.

„Провинцијата Бенслиман ќе ја има честа да биде домаќин на финалето на Светското првенство во 2030 година“, изјави Фузи Лекџа во четврток на состанок на политичка партија во мароканскиот град Бузники, пренесува ЕФЕ.

Бенслиман е град на 60 км од Казабланка и место каде што се наоѓа стадионот „Хасан II“ вреден 12 милијарди долари. Стадионот се гради за потребите на Светското првенство и има планиран капацитет од 115.000 гледачи. Тоа ќе биде најголемиот стадион во светот посветен исклучиво на фудбал.

Инфантино му даде ветување на Мароко?

ФИФА во август изјави дека медиумските извештаи дека претседателот Џани Инфантино му го ветил финалето на Мароко се „неточни и погрешни“.

Следното Светско првенство ќе биде уникатен настан бидејќи натпреварите за прв пат ќе се одржат во шест земји на три континенти. Додека првите три натпревари ќе се играат во Аргентина, Парагвај и Уругвај, Мароко, Португалија и Шпанија ќе бидат домаќини на поголемиот дел од турнирот. ФИФА сè уште не ги финализирала сите градови домаќини на натпреварите, но и Мароко и Шпанија сакаат да бидат домаќини на финалето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шерон Стоун искрено- зошто веќе извесно време е во целибат (ВИДЕО)

Шерон Стоун откри дека долго време е во целибат и објасни зошто повеќе не се согласува на компромиси во љубовниот живот. 

Шерон Стоун искрено- зошто веќе извесно време е во целибат (ВИДЕО)

Актерката зборуваше за тоа во подкастот „Mayim Bialik's Breakdown“, чија епизода беше објавена овој вторник, 8 септември, пишува People.

Во потрага по животен партнер

Во разговор со актерката Мајим Биалик, 68-годишната Стоун објасни дека достигнала точка во својот живот каде што повеќе не е заинтересирана за површни врски. Таа нагласи дека сега, кога нејзините деца се пораснати, бара партнер за цел живот, а не привремена врска.

„Јас сум во целибат затоа што сакам да бидам само со некој што навистина ми е важен“, рече Стоун. Додаде дека сексот без емоции станал заморен за неа. „Барам некој да ми биде придружник, а не само некој за секс. Тоа ми здодева.“

YouTube video

Погледнувајќи на љубовното минато

Водителката на подкастот, позната по улогата во „The Big Bang Theory“, ја праша Стоун каква е како партнерка во врска. „Јас сум многу добра девојка, но долго време не сум ја имала таа улога“, одговори Стоун. „Бев во врски со лоши мажи, но и со добри.“

Со смеа, таа додаде: „Имав и среќа и лоша среќа, а понекогаш воопшто немав среќа. Долго време немав среќа.“

Кога ја прашаа дали некогаш ја доживеала големата љубов на својот живот, Стоун даде промислен одговор. „Имав љубови во мојот живот, но не мислам дека сè уште сум ја доживеала таа вистинска, голема љубов“, рече таа. Таа ја опиша својата сегашна ситуација како фаза во која треба да истрае за да го добие она што навистина го сака.

Семејство и поранешни бракови

Шерон Стоун има два брака зад себе. Таа беше во брак со продуцентот Мајкл Гринбург од 1984 до 1990 година. Потоа се омажи за новинарот Фил Бронштајн, со кого беше од 1998 до 2004 година. Со Бронштајн го посвои својот најстар син, Роан, кој денес има 26 години.

По разводот, Стоун посвои уште два сина сама. Леирд, која сега има 21 година, пристигна во семејството во 2005 година, а една година подоцна Квин, кој денес има 20 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер