Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните - Канал 5

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните

За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект.

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски во Дебар пушти во употреба зграда со социјални станови.

„Добар ден и од мене.

За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект којшто ќе биде иднина на многу лица, на многу семејства коишто ќе го користат овој станбен објект. Јас можам да им посакам многу среќа и здравје, пред сè, и што подолговечно да си ги користат овие домови и тие домови да им бидат мир, да им бидат спокој, да им бидат утеха тогаш кога е потребно, а ние како Влада ќе продолжиме во периодот којшто следи и дополнително да инвестираме во вакви проекти.

Би сакал да му се заблагодарам на директорот, којшто со својата посветена работа и тимот којшто го има околу себе, еве, испорачува и реализира проекти — нешто коешто е многу важно. Исто така, би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот за работата којашто ја врши овдека во Дебар, на сите оние коишто ја поддржуваат работата во рамките на Советот, работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, без којашто не можат овие проекти да се реализираат, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, како и на колегите од Владата коишто ги поддржуваат овие проекти.

Ние како Влада се обврзавме дека ќе реализираме проекти за граѓаните. За жал, не можеме нешто што со децении било запоставувано да го решиме преку ноќ, но се трудиме, се трудиме да ги реализираме тие приоритети, да не создаваме нови проблеми, а дел од наследените предизвици веќе ги решаваме. Еден од тие предизвици е и овој објект, но и сите оние 22/23 проекти коишто ги спомна потпретседателот на Владата и министер за транспорт, коишто заедно со градоначалникот на општината ги работиме и ги решаваме овдека во Општина Дебар.

Инаку, Македонија се гради, повеќе од 1.200 градилишта имаме ширум државата и тоа е добро. Планираме и во следната година, нешто слично како Влада, со децентрализирање на средства од буџетот да финансираме проекти во општините.

Така што, еве, уште еднаш благодарност до сите овие луѓе коишто денеска се со нас, а на корисниците на становите уште еднаш им честитам и им посакувам уште многу убави моменти да си поминат во нив, изјави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати мигранти во Шпанија расте!

Најмалку 77 загинати при обид за преминување на границата. 

Бројот на загинати мигранти во Шпанија расте!

Најмалку 77 лица загинаа обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава Сеута, откако дури 50.000 мигранти влегле на оваа мала територија од Мароко, пренесува „Скај њуз“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека станува збор за „повреда на територијалниот интегритет на Шпанија“.

Масовниот прилив на мигранти, кој се случи за само 24 часа, го преплави градот со околу 85.000 жители, предизвика политичка криза во Мадрид и доведе до поделени реакции кај другите земји-членки на ЕУ, вклучително и повици Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната за слободно движење.

Санчез, кој пристигна во Сеута во петокот наутро, изјави дека владата ќе ги искористи сите расположливи средства за да ја гарантира безбедноста на жителите на градот.

Тој за масовното преминување на границата ги обвини „мафиите за трговија со луѓе“, кои ја искористиле одлуката на Врховниот суд на Шпанија.

Судот неодамна пресуди дека лицата пресретнати на море додека се обидувале да влезат во Сеута или во другата шпанска енклава во Северна Африка, Мелиља, не можат автоматски да бидат вратени според посебни правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 30 см подолу и – готови сме: Вучиќ предупредува на нискиот водостој на Дунав

Ако Дунав се спушти уште 30 сантиметри – ние сме готови, ги предупреди своите сограѓани српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Уште 30 см подолу и – готови сме: Вучиќ предупредува на нискиот водостој на Дунав

Евентуалното дополнително намалување на нивото на водата на Дунав може да предизвика голем проблем, изјави Вучиќ.

„Дунав е сè уште пловен по целата своја должина, но на некои места е толку плиток што мораме да градиме премини. Сè што е поврзано со нафтата е пекол за нас. Никаде нема дизел. Што да им кажам на луѓето? Не можете да купите ни еден литар дизел никаде. Нема. Го дадовме од оперативните резерви за да не го извезуваат во регионот“, рече српскиот претседател.

Тој додаде дека Србија ги чува своите резерви. Добро е што ни беа дадени уште 28 дена, 4 недели. „се надевам дека во следните 10 дена ќе разговарам и со унгарскиот премиер и со рускиот претседател – рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај

Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. 

Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај

Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите.

Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се засадуваат нови садници.

„Природните непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да покажеме дека со заедништво, организираност и посветена работа брзо и одговорно ќе ги надминеме последиците. Изразувам огромна благодарност до сите вработени и служби кои деноноќно беа на терен, за Градскиот парк повторно да биде чист, безбеден и зелен дом на сите скопјани. Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје остави сериозни последици низ целиот град, а еден од најпогодените простори беше токму Градскиот парк. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер