Кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор
2Кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор
МакедонијаМицкоски: Денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари Денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари, со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари.„Напорната работа носи резултати. Имам одлична вест за сите пензионери. Од денес започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари. Со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари“, им порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на пензионерите во денешното видео обраќање. Премиерот Мицкоски нагласи дека со ова е исполнето ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари на повеќе од 300.000 пензионери. „Повеќе од 300.000 пензионери ќе имаат повисоки пензии за 5.000 денари. Да, Македонија има многу проблеми. Да, проблеми има во секој дел од општеството, но затоа сме ние тука да ги решаваме проблемите и со решавање на проблемите Македонија ќе биде повторно горда, а на овој начин Македонија ќе биде повторно ваша. Нека е со среќа повисоки пензии, долговечно да ги користите, со многу радост, љубов и среќа во вашите семејства“, вели премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченичка во Манчестер со нож повредила соученик и вработен во училиштетоЧетиринаесетгодишна ученичка, уапсена откако завчера наутро избодела три лица во Кооп Академијата во северен Манчестер, е приведена според Законот за ментално здравје. Полицијата на Манчестер (GMP) вчера соопшти дека девојчето е однесено во болница на проценка по нејзиното апсење. Деталите не се познати. Според полицијата, училишниот персонал брзо ја совладало ученичката напаѓач и со тоа спречил некој друг да биде повреден. Во нападот се повредени 14-годишен ученик и 27-годишен вработен во училиштето. Сите тројца биле префрлени во болница, но во меѓувреме биле пуштени дома бидејќи повредите не биле од сериозна природа. Училиштето во населбата Блекли било затворено по инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затворСудија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.Скопскиот кривичен суд информира дека судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Пуштена е во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела ВодаДенеска е пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода, по тој повод, општината организира целодневна програма под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“.„Добар ден и од мене, секој ден се трудиме дел од оние проекти коишто ги започнавме да ги завршуваме, полека но сигурно со пролетта сега и со летото голем дел од тие проекти коишто се почнати се финишираат и ќе го добиваат она светло коешто го заслужуваат. Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е конфигурирана е со капацитет од илјада гледачи. Гледате условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект, од овој карактер на ниво на цела држава. Сигурен сум дека не само младите од Кисела Вода, туку и од градот Скопје, па и пошироко ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат, ќе другаруваат и зашто да не се изродат европски и светски мега ѕвезди коишто се најголеми амбасадори на една држава. Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на исклучително добрата и успешна соработка со градоначалниците на општината Кисела Вода и на градот Скопје, на министерот за спорт, на сите колеги од владата коишто ја препознаа целта на онаа наша иницијатива уште кога како влада го започнавме овој мандат пред 2 години, да преку трансфери кон општините помагаме за социјалниот развој на истите и да бидат додадена вредност тие трансфери во квалитетот на животот на граѓаните, бидејќи на првата линија се општините. Така ќе продолжиме и во иднина, и мене ми е исклучително големо задоволството кога ќ можеме да пуштиме во употреба еден ваков тип на објект, истакна во своето обраќање премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter