Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата
1Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата
МакедонијаИзјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (во живо) Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаПетар Денковски дел од годишната Клиника за национални ФИБА инструктори во СамоковНашиот национален ФИБА инструктор, Петар Денковски, беше дел од годишната Клиника за европски ФИБА инструктори (АНИК), која се одржа во Самоков, Бугарија.На значајниот едукативен собир учествуваа околу 40 национални инструктори од повеќе европски земји, со главен фокус на анализа и унапредување на судењето, како и размена на искуства и знаења меѓу инструкторите. Во рамки на клиниката беа направени детални анализи на судењето во Европа и во одделните региони во изминатиот период, со посебен акцент на ситуациите кои претставуваат предизвик за судиите – како што се неспортска грешка, блокирање и пробивање, заштита на шутер, како и донесување одлуки во последните секунди од нападот или натпреварот. „Беше направена анализа на она што е добро, но и на сегментите каде што има простор за подобрување. Посебно внимание беше посветено на тоа како знаењето и новите насоки да бидат пренесени до судиите на локално ниво. Главната порака беше ‘учи го учителот’ – постојано усовршување и надградување“, истакна Денковски. Клиниката понуди комбинација од теоретска и практична работа, преку предавања, анализа на видео ситуации и практични вежби на терен. Посебен дел беше посветен и на разбирањето на тактиките во играта, каде асистент-тренерот на италијанската репрезентација ги запозна инструкторите со принципите на напад и одбрана, со цел судиите подобро да ги разберат намерите на екипите и тренерите. Покрај едукативниот дел, учесниците имаа и фитнес активности и тренинзи, со што беше ставен акцент и на физичката подготвеност на самите инструктори. „Клиниката во Самоков беше организирана на високо ниво, со одлични предавачи и многу корисни лекции. Овој тип на настани се исклучително важни за развојот на судењето и за пренесување на новите стандарди во кошарката“, додава Денковски. Учеството на македонскиот ФИБА инструктор на ваков меѓународен собир претставува уште една потврда за активната улога на Македонија во европските кошаркарски процеси и континуираното вложување во развојот на судиската организација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНиколоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницатаОдржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата.Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 -д, потенцирајќи дека на среден и долг рок овие инвестиции ќе придонесат за одржлив економски развој и регионална поврзаност. Изградбата на автопатите на Коридор 8 и 10 -д, се реализираат со засилена динамика, истите ќе мултициплираат развој на регионот, ќе привлечат нови инвестиции и ќе понудат нови работни места, потенцираше вицепремиерот, додавајќи дека постојат конкретни рокови за нивна реализација. Во однос на конкуретноста на домашната економија, дополнително ќе влијае и изградбата на брзата пруга на Коридор 10 која ќе придонесе за брз и предвидлив транспорт, реални планови за развој на компаниите и позиционирање на Македонија на главата транспортна рута за Централна Европа, посочи Николоски. Вицепремиерот говореше и за регионалата соработка која се потпира на заеднички проекти со соседните земји кои ќе го олеснат транспортот, ќе придонесат за регионална интеграција и регионален економски развој. За да се реализираат овие долгорочни мерки и политики, работиме на крупни инфраструктурни проекти преку кои ќе ја постигнеме посакуваната цел, а тоа е конкуретна економија, одржливи услови за развој на компаниите, ефикасен и брз транспорт, зелени ленти на граничните премини и регионална соработка, додаде вицепремиерот Николоски пред компаниите членки на Европската Бизнис Асоцијација во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАмбасадори на Европска тројка снимени како пристигнуваат во Кремљ: Што се подготвува?Амбасадорите на Германија, Франција и Велика Британија денес пристигнаа во Министерството за надворешни работи на Русија на средба со заменик-шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Нивните возила беа забележани пред зграда на плоштадот Смоленск, пренесува РИА Новости. Лавров еден ден претходно изјави дека руското министерство е подготвено да ги сослуша дипломатите, но дека нема многу оптимизам во врска со исходот од разговорите. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно оцени дека наметнувањето услови на Русија од страна на Европа е „неприфатливо“. Посетата на амбасадорот доаѓа во време кога европските сили интензивно работат на добивање поддршка од САД за новиот мировен процес. ❗️ Ambassadors of Germany, France, and the UK, who requested a meeting with one of Lavrov’s deputies, arrive at Russia’s Foreign Ministry pic.twitter.com/ezcRqN9fmH — RT (@RT_com) June 11, 2026 Според руската агенција, во последно време во Европа се слушаат сè почесто повици за обновување на дијалогот. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави дека разговара за ова со членовите на блокот, а францускиот претседател Емануел Макрон го испрати својот дипломатски советник во Москва. Белгискиот премиер Барт де Вевер се залагаше за обновување на контактите заради увоз на енергија, а финскиот претседател Александар Стуб постојано нагласуваше дека порано или подоцна Европејците ќе мора да почнат да разговараат. Путин го спомена поранешниот германски канцелар Герхард Шредер како посакуван посредник во преговорите, нагласувајќи дека Европејците треба да изберат доверлив лидер кој не дава остри изјави против Москва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter