МакедонијаМицкоски: Денеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазикДенеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август 2026 година и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. Македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата култура и најсилната врска што не обединува, без разлика каде живееме. Затоа, особено е важно најмладите да го негуваат мајчиниот јазик и да ја продолжат љубовта кон Македонија. На сите учесници им посакувам успешна недела исполнета со нови знаења, пријателства и убави спомени од Охрид, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталија го укина Шенгенот со ШпанијаИталија објави дека го суспендира безграничниот Шенген режим на Европската Унија со Шпанија како одговор на масовните преминувања на мигранти во шпанската енклава Сеута.Иако Италија нема копнена граница со Шпанија, мерката ќе влијае на луѓето што патуваат меѓу двете земји со авион или брод. Италијанското Министерство за внатрешни работи во соопштението наведува дека се договорило и со Париз за зајакнување на контролите по копнената граница меѓу Франција и Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
БалканДрама на аеродромот во Белград: Турчин нападна полицаец и извикувал „Алаху акбар“! Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за гранична полиција, донесоа решение за притвор на Т. Ц. (27), државјанин на Република Турција.Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за гранична полиција, донесоа решение за притвор на Т. Ц. (27), државјанин на Република Турција, врз основа на наредба од јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство во Белград, под сомнение за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење на службена должност, објави Телеграф. Драматичен инцидент се случи вчера, 30 јули, на аеродромот „Никола Тесла“ во општина Сурчин. Како што дознаваме, полициските службеници интервенирале поради претходен физички конфликт што избувнал помеѓу осомничениот Турчин и друг патник. Сепак, за време на самата интервенција, осомничениот одбил да постапи по полициските наредби. Кога полицајците се обиделе да употребат средства за врзување, Т. Ц. пружил жесток отпор — тој посегнал и го зграпчил огненото оружје на полицаецот, обидувајќи се да го извади од футролата! Со брза реакција на припадниците на МУП, осомничениот беше совладан и му беа ставени лисици, додека цело време извикуваше „Алаху Акбар“. Се бранеше со молчење, обвинителството бара притвор Осомничениот беше испрашуван пред јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство во Белград, каде што изјави дека нема да коментира за околностите на извршување на кривичното дело, односно го оствари своето законско право да молчи. Со оглед на тоа што осомничениот нема регистрирано постојано или привремено живеалиште на територијата на Република Србија, како и дека постојат јасни околности што укажуваат на ризик од бегство, Третото основно јавно обвинителство поднесе предлог до надлежниот суд да му се одреди притвор на Т. Ц.Тагови: Белград Турчин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаМицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро МацутОстварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут.Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави. Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter