Мицкоски: 16 проекти во моментов се реализираат во Делчево - Канал 5

Мицкоски: 16 проекти во моментов се реализираат во Делчево

16 проекти во моментов се реализираат во Делчево и покрај предизвиците, очекувам до крајот на мандатот да се одблокира и сметката, порача премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: 16 проекти во моментов се реализираат во Делчево

„Добар ден и од мене.

Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа којашто ја врши имајќи предвид со каков предизвици се соочува самата општина. Вие споменавте некој од нив како што е на пример блокираната сметка, но и тука не стојат работите и тука се придвижуваат во позитивна насока.

Очекувам дека во овој мандат таа сметка ќе биде одблокирана за да може општината да функционира нормално. Би сакал да се заблагодарам и на советниците од советот којшто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, сите тие се заслужни за да овој мозаик биде поинаков, односно да се гради тука и да се испорачува за граѓаните.

Ние како Влада остануваме посветени на испорака кон општините, а преку општините кон граѓаните бидејќи градоначалниците се тие коишто се на првата линија заедно со граѓаните. Се разбира кога многу работи во минатото стоеле со децении, не можат преку ноќ да се променат, но добро е кога се оди приоритет по приоритет еве слушнавте и вие 16 проекти во моментов општината ги реализира преку онаа реалокација на финансиски средства од Владата кон општината, останатите од сопствени сили, од сопствен буџет ќе се реализираат.

Така што јас сум задоволен, на ова би го додал и експресниот пат за којшто еве конечно се распиша тендер за проектно решение би рекол, физибилити студија Кочани-Виница-Делчево, така што генерално очекувам да состојбите и понатаму продолжат во периодот којшто следи да се развиваат. Јас можам само да кажам дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме општините.

Уште еднашка голема благодарност и му честитам на градоначалникот за посветената и фокусирана работа којашто ја врши за граѓаните на Делчево.“- истакна премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху, се разговарало за воздушната одбрана на Украина и за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон.

Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху, се разговарало за воздушната одбрана на Украина и за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, кои Белата куќа ги оцени како позитивни и продуктивни.

Двајцата лидери престојуваа во главниот град на САД за да присуствуваат на погребот на сенаторот Линдзи Греам, кој беше силен поддржувач на Израел и застапник за американската помош за Украина.

По средбата со Трамп, Зеленски рече дека американскиот претседател го прифатил барањето на Украина за добивање лиценци за производство на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Средбата со Нетанјаху пак, Трамп ја оцени како позитивна, а израелскиот премиер за медиумите соопшти дека двајцата имаат разбирање за како што посочи, заедничката цел иран да не произведе нуклеарно оружје...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода

Унгарскиот министер за заштита на животната средина, Ласло Гајдош, денеска изјави дека владата прогласила вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода предизвикан од сушата.

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода

Во објава на Фејсбук, Гајдош наведе дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 унгарски водостопански области ги надминал праговите утврдени со прописите, поради што биле воведени вонредни мерки, пренесе МТИ.

Според него, експерти од Дирекцијата за управување со води ќе спроведат посебни мерки за заштита и управување со водните ресурси на 74 отсто од територијата на земјата, со цел да се ублажат последиците од сушата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда

Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда.

Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација.

Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер