МакедонијаМФ:Собранието ја разгледа Фискалната стратегија 2027-2031 со која се обезбедуваат одржливи и стабилни јавни финансииЗаменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во обрзложението на документот пред Собранието истакна дека во периодот 2027 - 2031 година, даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија .Обезбедување оддржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во услови на енергетска и ценовна нестабилност, како и создавање услови за одржлив економски раст и зголемување на економската отпорност на идни кризи. Ова се главните цели на фискалната политика поставени во Фискалната стратегија за период 2027-2031 година којашто е подготвена од Министерството за финансии и усвоена од страна на Влада. Фискалната стратегија денеска беше разгледана на пленарна седница на Собранието. Согласно усвоената Фискална стратегија во периодот 2027 - 2031 година, фискалната политика ќе биде насочена и кон создавање предуслови за нов циклус на економски раст преку реализација на висок износ на јавни капитални инвестиции, постепена фискална консолидација и подобрување на управувањето со јавните финансии. Покрај определбата за фискална консолидација и буџетски заштеди, ќе продолжи поддршката на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку одржување високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспарентноста и отчетноста. Истовремено, планирано е спроведување дисциплинирана фискална политика која всушност ќе значи намалување на несуштинските расходи со цел јавните средства да се користат поефикасно и поцелисходно. Фискалната стратегија ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, која што ќе се темели на фискална одговорност и дисциплина преку планирање и користење јавните средства во рамки на реални и одржливи фискални можности, постепеност и предвидливост соспроведување фискална консолидација фазно, без нагли ограничувања коишто би можеле да предизвикаат економски шокови. Исто така предвидена е и социјална правичност за заштита на најранливите категории на население од негативните ефекти на кризата и фискалните прилагодувања, како и транспарентност и отчетност со јасно дефинирани мерки и механизми за следење и известување. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во обрзложението на документот пред Собранието истакна дека во периодот 2027 - 2031 година, даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија и поголема наплата на средствата во државниот буџет, преку зголемена дигитализација и воспоставување ефикасен даночен систем со цел секој праведно и на праведен начин да ги плаќа своите даночни обврски. „Политиката на управување со јавен долг ќе биде насочена кон обезбедување на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите што достасуваат како резултат на задолжувањата од претходните години и за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата“, порача заменик-министерот. Со усвоената владината фискална стратегија, а преку јасно дефинирани цели, принципи и мерки, се обезбедува балансиран пристап кон справување со тековните фискални и економски предизвици. При тоа фокусот на фискална консолидација создава солидна основа за зачувување на стабилноста и обезбедување одржлив и инклузивен економски развој. Оттука на среден рок до 2031 година предивидено е намалување на буџетскиот дефицит како процентуално учество во БДП од 3,5% во 2027, на 3% во 2027 и сведување на ниво од 2,8% во 2029 година. При тоа со утврдените проекции буџетскиот дефицит од 2028 година е целосно усогласен со европските стандарди за фискална дисциплина, што е јасен сигнал за зачувување на стабилноста и кредибилитетот на јавните финансии. Во периодот 2027-2031 година економскиот раст се очечкува постепено да се динамизира и економската активност да забележи просечен раст од 4%. Главни двигатели се очекува да бидат реализацијата на стратешки инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, финансиска поддршка на инвестициската активност на домашните производни компании за зголемување на иновативноста, конкурентноста и продуктивноста, реформи во деловното окружување и даночната политика, и раст на извозот, реформите во образованието и прилагодувањето на потребите на пазарот на труд, борбата против корупција, сивата економија и нелојалната конкуренција, дигитализацијата на процесите во обезбедувањето на јавните услуги за граѓаните и компаниите, се очекува позитивно да влијаат врз потенцијалот за раст. Исто така придонес кон потенцијалот за раст се очекува и од активностите за привлекување на странски директни инвестиции и проширувањето на капацитетите на постоечките. Поддршка на еконмската активност се очекува и од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. При тоа согласно Фискалната стратегија една од клучните претпостави за остварување на повисоки стапки на раст е нормализација на глобалното окружување, стабилизирање на инфлациските притисоци и јакнење на економската активност кај нашите главни трговски партнери. Клучен инструмент на фискалната политика и носител на економскиот раст ќе бидат капиталните расходи со цел обезбедување долгорочни економски придобивки преку зголемување на јавниот капитал во патна и железничка инфраструктура, енергетски капацитети, водоводни и канализациони системи, дигитална и образовна/социјална инфраструктура. Исто така предвидените капитални вложувања ја зголемуваат продуктивноста и ја подобруваат конкурентноста на економијата. Фискалната стратегија претставува систематски и среднорочен пристап кон управувањето со јавните финансии, насочен кон макроекономска стабилност, одржливост на јавниот долг и поддршка на економскиот развој. Фискалната стратегија е документ, кој се подготвува врз основа на Законот за буџети и во кој се дадени среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот за следните 5 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветЏеј Ди Венс предизвикува вознемиреност во Вашингтон со изјава по дебаклотПотпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот.Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот, се наведува во анализата на Би-Би-Си. Во политичките кругови, овој говор масовно се толкува како обид на Венс да се дистанцира од претседателот Доналд Трамп, во пресрет на негова можна претседателска кандидатура во 2028 година. Во внимателно срочена објава од шестотини зборови на социјалната мрежа „Икс“ (X), потпретседателот отворено призна дека гласачите кои во 2024 година гласале за Трамп, на овие избори им свртеле грб на републиканците. „Причината за нашиот пораз е војната“, напиша Венс, додавајќи: „Тоа синоќа го изјави и самиот претседател“. Во интервјуата доцна во вторникот и во текот на целата среда, Трамп ја бранеше војната, но истовремено призна дека токму тој конфликт бил клучниот фактор што довел до тоа демократите да преземат контрола и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот. Според Би-Би-Си, ставот на Венс за војната во Иран бил „јавна тајна“ во Вашингтон – иако јавно го поддржувал конфликтот по американско-израелскиот напад врз Техеран во февруари, во приватни разговори со претставници на администрацијата изразувал противење. Сепак, досега овие несогласувања остануваа скриени од јавноста. Само неколку часа откако Трамп и неговата партија претрпеа тежок пораз, Венс јасно стави до знаење дека одлуката за влегување во војна ја смета за очигледен политички гаф. „Ако некој сака да тврди дека тоа вредело – дека вредело да се изгуби Сенатот во следните шест години – нека излезе и нека го каже тоа. Нека тврди дека тоа била цена што вредело да се плати. Без разлика дали се согласуваме или не, тоа е барем искрен став“, изјави Венс. Би-Би-Си забележува дека станува збор за настан без преседан во поновата американска политичка историја; ретко може да се најде пример каде што актуелен потпретседател толку отворено и остро се спротивставува на претседателот во однос на некој клучен потег во надворешната политика. Потоа следеше можеби уште поголемо изненадување: самиот Трамп – кој вообичаено бара безусловна лојалност од своите соработници – се согласи со Венс дека војната, во голема мера, го одредила исходот од изборите. Тој додаде дека, во истата ситуација, „повторно би го направил истото“. Трамп не чувствува лутина: „Знаев што правам“ Според анализа на Би-Би-Си, реакцијата на Трамп е ран показател дека претседателот можеби ќе му остави значителен простор за маневар на Венс, доколку тој одлучи да се кандидира за претседател. „Знам што мисли тој за тоа. Мислам дека тоа е во ред“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа за изјавата на Венс. „Знаев што правам кога се впуштив во тоа; ги спречивме да дојдат до нуклеарно оружје, и тие никогаш нема да го имаат.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МетеоПроменливо облачно,со температура од 8 до 15 степениПроменливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter