МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво за брзи пари, продолжуваат засилените контроли - Канал 5

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво за брзи пари, продолжуваат засилените контроли

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски.

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво за брзи пари, продолжуваат засилените контроли

Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги.

Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво.

Министерството за финансии и во 2026 година продолжува со засилени теренски и вонтеренски контроли над финансиските друштва. Во досегашните надзори се констатирани повеќе неправилности, при што од почетокот на годината па досега се изречени 22 глоби за 16 друштва, како и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените неправилности.

Паралелно со контролите, Министерството подготвува и законски измени со кои дополнително ќе се заострат условите и критериумите за работа на финансиските друштва.

Целта на законските измени е да се намали ризикот од прекумерно задолжување кај граѓаните, да се обезбеди поголема заштита на потрошувачите и да се зголеми транспарентноста и одговорноста во работењето на финансиските друштва.

Министерството за финансии ќе продолжи со интензивни контроли и ќе ги презема сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законот.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стартува задолжителната обука за управување со мотоцикл до 125 кубици.

Од денеска стартуваат задолжителните обуки за граѓаните кои сакаат да управуваат со мотоцикл до 125 кубици. 

Стартува задолжителната обука за управување со мотоцикл до 125 кубици.

МВР ги појасни условите откако во јавноста особено кај младата популација се создаде впечаток дека лесно ќе може да се вози мотоцикл. Оваа обука е задолжителна и се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, но не и помлади.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот. Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија.

Од МВР додаваат и дека доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата. Инаку правилникот е дел имплеметацијата на законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои Собранието ги усвои во април.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проблеми со Фејсбук и Инстаграм

Корисниците ширум светот се жалат на падот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Проблеми со Фејсбук и Инстаграм

Проблемите се различни, од тоа што луѓето не можат да се најават на своите сметки, не можат да испраќаат пораки, до тоа што не можат да го освежат својот фид.

Се чини дека проблемот трае веќе некое време, во зависност од територијата каде што се наоѓаат корисниците.

Исто така, се чини дека проблемите не се ограничени само на десктоп или апликации, туку се појавуваат без никакви посебни правила на обете.

Мета сè уште не објавила, па се претпоставува дека проблемот наскоро ќе биде решен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. 

Пет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

На 11.06.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син, а потоа со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка.

На 11.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.П.(35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34 -годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди.

На 11.06.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.С.(28) од Велес. Според пријавеното од неговата 48-годишна мајка, тој дошол во домот, се заканувал, оштетил дел од инвентарот и предизвикал страв и кај другите членови од фамилијата и на тој начин дека не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со неговите родители, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето. За настанот е известен јавен обвинител.

На 11.06.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Н.(39) од Куманово затоа што околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка. Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син.

На 11.06.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А..

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер