Метеор прелета над САД, се треселе куќите (ВИДЕО) - Канал 5

Метеор прелета над САД, се треселе куќите (ВИДЕО)

Во неделата вечерта, била забележана огнена топка како лета над Вермонт и делови од Канада со брзина од околу 67 000 км / ч.

Метеор прелета над САД, се треселе куќите (ВИДЕО)

Агенцијата на НАСА, Meteor Watch, објавиле на Фејсбук дека околу 17 часот и 38 минути по локално време, околу стотина луѓе виделе метеор, односно огнена топка тешка околу 10 килограми и дијаметар околу шест сантиметри.

Метеорот е фрагмент од астероид кој влегол во атмосферата на Земјата. Кога ја напушта атмосферата, остава многу светла трага од светлина, па го добива името огнена топка.

"Немаше звук. Бев многу возбуден кога го видов, никогаш нема да го заборавам", рече Ал Грегорич од Јужен Бурлингтон, во изјава за Си-Ен-Ен.

Meteor Watch на НАСА наведува дека многу веројатно станува збор за фрагмент од астероид.

„Веројатно постоела насилна фрагментација на вселенска карпа по што воздушниот притисок при експлозијата или распаѓањето на астероидот предизвика треперење на објектите на Земјата“, соопшти агенцијата.

„Бранот предизвикан од воздушниот притисок можел да предизвика помали потреси. Во основа, благодарени на Мајката природа, имавме убав мал огномет“, додаваат од агенцијата.

Жителите на Бурлингтон изјавиле дека слушнале силен татнеж по што почувствувале потрес, пишува ABC 7.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот

 Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал не донесе возбудувања само на теренот.

Хаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот

Беше бурно во претседателската ложа на стадионот „Метрополитано“, на големото дерби на Мадрид, кое заврши со победа на домаќинот од 2-1. Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, беше во центарот на вниманието.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, незадоволството на Перез не било предизвикано од резултатот на натпреварот, туку од фактот што Атлетико го поканил Енрике Рикелме – неговиот противкандидат на изборите за претседател на Реал Мадрид во 2025 година – во ВИП-ложата.

Перез освои 65 отсто од гласовите на тие избори, но Рикелме беше првиот сериозен противкандидат на актуелниот претседател на Реал.

Според информациите на новинарот Пако Гонзалез од радиостаницата „Кадена КОПЕ“ (Cadena COPE), самата вест дека Рикелме ќе биде меѓу гостите предизвикала бурна реакција кај првиот човек на мадридскиот клуб.

Оваа информација потоа ја потврди и Хуанма Кастањо.

Наводно, Перес побарал објаснување зошто Рикелме бил поканет во претседателската ложа, а ситуацијата станала толку непријатна што тој се заканил дека ќе го напушти стадионот доколку се сретне со него.

Сè се случи пред почетокот на натпреварот, така што исходот од дербито немаше никакво влијание врз реакцијата на Перез.

Интересно е што челниците на двата мадридски гиганти претходно, според традицијата, заедно ручаа, и токму тогаш претседателот на Реал наводно дознал дека Рикелме ќе биде гостин на Атлетико.

На крајот, претставниците на Атлетико успеаја да ја смират ситуацијата уверувајќи го Перез дека нема да се сретне со Рикелме, по што атмосферата во ложата се врати во нормала. Сепак, тоа беше само вовед во многу непријатна вечер за Реал.

YouTube video

Атлетико победи на градското дерби на теренот, додека тренерот на Реал, Жозе Мурињо, по натпреварот имаше бројни забелешки за судењето. Така, „Ел Мадрилењо“ овој пат имаше два фронта – еден на тревникот на „Метрополитано“, а другиот неколку ката погоре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин ќе биде италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани.

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“

Како што соопшти Европскиот парламент, на состанокот, кој е на маргините а Генералното собрание на Обединетите нации, ќе учествува и претседателката на ова тело, Роберта Мецола.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ вклучува 7 земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија. Земјите од иницијативата имаат за цел да го одржат Западен Балкан високо на политичката агенда на Европската унија и да го поддржат регионот на неговиот европски пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употреба

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употреба

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.09.2026 до 18.09.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер