Меси во самоизолација , не мора со месеци да излегува од луксузната вила (ВИДЕО)

Најголемите sвезди во светот се ставени во карантин. Целиот состав на Челси и Арсенал со денови е во изолација заради позитивните тестови на Артета и Одои.

Во самоизолација е и напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Барселона престана да тренира и ги испрати играчите дома и Меси е со семејството во неговата вила во близина на Барселона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🦁⚽️

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo) on

Меси ужива вистински луксуз во самоизолација. Неодамна, купи нова вила, како и сите куќи околу вилата во Барселона за да има мир и да нема соседи. Тој одвои шест милиони евра за вилата. Има огромна градина, базен, фудбалски терен, неколку тераси ...

Вилата има винарска визба и неколку спрата со бројни соби. Во приземјето има голема сала каде може да вежба и да ја одржува формата за време на карантинот.

Покрај тоа, Меси се погрижи на децата никогаш да не им биде досадно, па им изгради голема игротека.

притисни ентер