Меси постигнал 6,4 отсто од головите на Барса во Ла Лига

Лионел Меси ја започна сезоната во Примера на брилијантен начин, откако ја изведе Барселона до успех со 3:0 против гостите од Алавеш.

„Ла Пулга“ ги изведе каталонците со капитенската лента за прв пат во натпревар од првенство, откако ја наследи од Андрес Иниеста, а за несреќа на Баскијците, го покажа најдоброто од себе и постигна два гола, а погоди и две греди.

Десетката го постигна и голот број 6.000 во клубската историја на Барса во Ла Лига. Тоа беше и негов гол бр.384 во шпанската елита, а статистичарите веднаш пресметаа дека Лео постигнал 6.4 отсто од сите голови на „каталонците“ во највисокото ниво на локалната фудбалска пирамида. Подоцна, тој постигна уште еднаш, зголемувајќи ја својата сметка на 385 гола.

Меси исто така беше автор на голот бр. 5.000 во 2009 година. Голот бр. 4.000 беше одбележан од Гиљермо Амор во 1996, бр. 3.000 беше дело Кини во 1982 година, Педро Томас Саба го постигна 2.000-тиот гол во 1964 година, бр.1.000 беше реализиран од Маркос Аурелио во 1950 година, а бр.1 - од Мануел Парера во 1929 година.

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

притисни ентер