Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје
2Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје
3Стојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ
ФудбалМеси официјално нов капитен на БарселонаПо заминувањето на Андрес Иниеста во Јапонија, Лионел Меси официјално е назначен за капитен на Барселона.Меси минатата сезона често ја носеше капитенската лента бидејќи Инисета воглавно беше на клупата за резерви, но сезонава тој официјално ја доби главната улога во тимот. Негови заменици ќе бидат Серхио Бускетс, Жерар Пике и Серхи Роберто. Меси е во Барселона од својата 14. година, а досега за првиот тим има одиграно 675 натпревари и има постигнато 552 голови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон го следи лансирањето на моќно оружје: Франција ја покажа силата на својот арсенал (ВИДЕО)Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер.Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер, објавија Елисејската палата и француското Министерство за вооружени сили. Макрон го гледаше лансирањето од фрегата на француската морнарица. M51, третата верзија на стратешката балистичка ракета лансирана од подморница, која е во употреба од минатата година, беше испукана без нуклеарна боева глава и падна во Северниот Атлантик, неколку стотици километри од кој било брег, според францускиот „Фигаро“. Посетата на претседателот беше ненајавена и се одржа без присуство на медиумите. Самото лансирање претходно беше најавено како дел од воена вежба. À bord de la frégate multi-missions Auvergne, j'ai assisté au premier tir du nouveau missile balistique M51.3 depuis le sous-marin nucléaire lanceur d'engins Le Vigilant. Très peu de nations disposent d'un tel savoir-faire. Félicitations à tous les acteurs de cette réussite exceptionnelle : DGA, CEA, Ariane Group, Naval Group et Marine nationale. Votre professionnalisme, votre rigueur et votre maîtrise technique sont la fierté de la France. Ce succès technique est une nouvelle démonstration de la crédibilité de notre dissuasion, dont la pérennité est assurée. Pour être libre, il faut être craint. Et pour être craint, il faut être puissant. Pour protéger les Français dans la durée face aux menaces, j'ai engagé dès 2017 le renouvellement de nos moyens pour les décennies à venir. En dix ans, le budget de nos armées aura doublé. Nos futurs sous-marins stratégiques sont actuellement en chantier. Le programme de missiles stratégiques hypersoniques et manœuvrants, qui équiperont notre composante aérienne de dissuasion, a été lancé cette année. Notre dissuasion nucléaire nous protège et continuera à nous protéger. Vive la République et vive la France. — Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 6, 2026 Тестот доаѓа во време на зголемени тензии во Европа. Макрон во последните недели предупреди за промена на карактерот на „руската агресија и закани“ кон европските земји, по серијата хибридни напади за кои Западот ја обвинува Москва. Ракетата беше лансирана од нуклеарната подморница „Ле Вижилан“ како дел од операцијата „СМЕРТРИОС“, чија цел беше да се тестира способноста на подморницата повторно да ја користи ракетата М51 по редовно одржување и ремонт. 🇫🇷 France is preparing a new test of the M51.3 strategic ballistic missile without a nuclear warhead President Emmanuel Macron watched a test firing of a nuclear-capable missile with no warhead. Maritime restrictions off Finistère run through October 21, 2026, for an at-sea launch. The trial will be fired from the nuclear ballistic-missile submarine Le Vigilant to check its systems after a long overhaul. The flight is expected to cover about 4,700 kilometers over the Atlantic. — Visegrád 24 (@visegrad24) October 6, 2026 Министерството соопшти дека ракетата била следена во текот на целиот лет и дека тестот бил извршен „во целосна согласност со меѓународните обврски на Франција“. Франција пред една година воведе нова верзија на ракетата М51 во употреба, опишувајќи ја како важен чекор во модернизацијата на поморската компонента на нејзиното нуклеарно средство за одвраќање.Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во СкопјеОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопјe.— Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, во соработка со „Култур код“, ги поканува сите заинтересирани да се пријават за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“, која ќе се одржи во периодот од 13 октомври до 3 ноември 2026 година. Работилницата се реализира во рамки на проектот „КОРЕНИ, КОДОВИ И ИДНИНАН – културен континуитет во применетиот дизајн“, финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија кој има за цел да направи спој помеѓу богатото културно наследство и современите дизајнерски и технолошки пристапи. Спој на традицијата, 3Д технологијата и одржливоста Програмата опфаќа четири интензивни предавања планирани во Лабораторијата за индустриски дизајн. Учесниците ќе имаат можност да истражуваат клучни поглавја од македонската култура и традиција, како и да се стекнат со практични знаења од областа на: - Tрадиционални техники и мотиви во изработка на модни додатоци и домашен декор, - 3Д моделирање и дигитално обликување, - Изработка со современи технологии, - Еколошка одржливост (соодветен избор на материјали и технологии). По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел, преостанатиот период до 3 ноември е предвиден за самостојна и тимска работа со континуирана менторска поддршка од експерти. Можност за финансирање и пазарно пласирање на најдобриот дизајн Работилницата ќе заокружи со завршна презентација на идејните решенија пред стручно жири. За најдобриот концепт/дизајн е обезбедена финансиска поддршка за изработка на прототип, како и можност за негова промоција и комерцијално пазарно пласирање. Начин на пријавување Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна регистрација. - Краен рок за пријавување: 10 октомври 2026 година - Линк за регистрација: https://forms.gle/DygseWuVPZxtcrKWAКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
МакедонијаСтојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИРастот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ.Зголемени пензии. Да направиме една кратка анализа на покачувањето на пензиите во првите две години од мандатот на владата на ВМРО - ДПМНЕ и владите на коалицијата СДСМ/ДУИ. Бројките најдобро ја покажуваат разликата кога ќе ги споредиме првите две години од двете влади, а ќе ја споредуваме просечната старосна пензија. СДСМ – ДУИ. јуни 2017 – јули 2019. 15.273 денари → 15.813 денари. раст: само 540 денари. ВМРО-ДПМНЕ. јули 2024 – мај 2026. 22.858 денари → 29.663 денари. раст: 6.805 денари. 6.805 ÷ 540 = 12,6 ПАТИ ПОГОЛЕМ РАСТ НА ПРОСЕЧНАТА СТАРОСНА ПЕНЗИЈА ! За приближно ист временски период, растот на просечната старосна пензија во првите две години на владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДСМ и ДУИ. 540 денари наспроти 6.805 денари или 296 денари наспроти 22 денари месечен раст. Тоа е разликата што ја покажуваат бројките. Наредната анализа ќе биде споредбата за покачувањето на пензиите во периодот од седум години влада на СДСМ/ДУИ и две години влада на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, објави на ФБ Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34