Меси објави снимка во кревет со трофејот, му се јави сопругата (ФОТО) - Канал 5

Меси објави снимка во кревет со трофејот, му се јави сопругата (ФОТО)

Аргентинскиот волшебник Лионел Меси чекаше цела кариера за да го освои трофејот светски првак и го доби дури на крајот од кариерата на 36 години, а колку тоа му значи најдобро може да се види во неговата последна објава.

Меси објави снимка во кревет со трофејот, му се јави сопругата (ФОТО)

Меси не се разделува од познатиот трофеј на светски шампион, па дури и го снимиле како спие со него. Сликите завршија на неговиот Инстаграм.

Заедно со објавата која за дваесетина минути собра речиси пет милиони лајкови, Меси напиша „добро утро“, а во коментарите одговорија и бројни следбеници, пријатели, соиграчи, па дури и неговата сопруга. „Добро утро љубов моја“, му напишала сопругата Антонела Рокузо.

„Прекрасно утро, нели“, го праша Пауло Дибала.

„Добро утро шампионе“, му напишал еден следбеник. „Меси ќе ги сруши сите 10 најлајкувани објави на Инстаграм ако продолжи вака“, напишал еден од фановите на Меси. „Те сакам прекрасен човеку и ти благодарам за сѐ што направи за Аргентина“, „Оваа слика ќе го сруши интернетот“, „Ти си најдобар на сите времиња и приказната заврши“, се само некои од илјадниците коментари ...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)

Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.

Се урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)

Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“.

Хотелот е во процес на реновирање.

Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат.

Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер