Шоу бизМеси објави фотографии од раскошната прослава на 35-от роденденЛионел Меси во петокот го прослави својот 35-ти роденден, а на својот Инстаграм профил сподели и фотографии од раскошна забава на Ибица.„Благодарам многу за сите пораки и честитки, голема прегратка!“, напиша Меси во описот. На фотографиите може да се види и неговата згодна сопруга Антонела Рокузо, која го украде вниманието со интересна модна комбинација што ја избра за оваа пригода. View this post on Instagram A post shared by Leo Messi (@leomessi) Антонела позираше со Лионел само неколку секунди пред тој да ги дувне свеќите на огромната торта, а на една фотографија може да се види како го бакнува во образ. На прославата присуствувале семејството и пријателите, меѓу кои и многу други фудбалери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Пожарот во Белгија се шири кон ГерманијаГолемиот пожар што беснее во областа Хај Фенс (High Fens) и во природниот резерват Хај Свомп (High Swamp) во источниот дел на Белгија се наоѓа на само три километри од германската граница.Ситуацијата во пограничниот град Моншау, во западна Германија, беше напната во текот на изминатата ноќ, а на жителите од некои делови на градот им беше препорачано да се подготват за напуштање на своите домови, пренесува „Блид“. BELGIUM’S GREEN FIELDS SWALLOWED by MASSIVE WALL of FIRE as WILDFIRE RAGES pic.twitter.com/RQIZL57ps3 — RTVisual (@RT_Visual_on_X) August 15, 2026 „Не може да се исклучат ризиците по здравјето предизвикани од чадот од пожарот. На жителите на Платевен, Лејлох и Калтерхерберг, западно од Месевего, им се препорачува да ги напуштат овие подрачја до 10 часот наутро и да престојуваат кај роднини и пријатели“, се наведува во соопштението на локалните власти. ⚡🇧🇪 FLASH | BELGIQUE : l’un des pires incendies de son histoire ravage les Hautes Fagnes. Plus de 2 700 hectares brûlés, environ 600 personnes évacuées. Le feu n’est toujours pas maîtrisé. (AFP) pic.twitter.com/1mWv2wULVB — AlertesNewsFR (@AlertesNewsFR24) August 16, 2026 Потврдено е дека градските власти на Моншау ќе отворат прифатилиште во општествениот центар во Имгенбројх, почнувајќи од 7 часот наутро, за сите оние што не можат самостојно да најдат алтернативно сместување. Après la Grande-Bretagne, c’est au tour de la Belgique d’être confrontée à l’un des pires feux de son histoire. Des sols arides, une végétation très sèche et des flammes qui se propagent à une vitesse impressionnante. #JT20H pic.twitter.com/u2KrVfUCIH — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) August 16, 2026 Екипите за итни интервенции во Моншау не очекуваат огнот наскоро да се прошири на германска територија, но потврдуваат дека се во состојба на подготвеност. „Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе продолжиме континуирано да ја следиме и проценуваме состојбата, а по потреба ќе ангажираме и дополнителни противпожарни сили“, изјави Филип Кригер, командант на противпожарната служба во Моншау. Од белгиска страна, евакуацијата на градовите Кихелшајд и Лејкауљ веќе е започната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМО: Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АрмијатаМинистерството за одбрана ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата. Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авионНеверојатна сообраќајна несреќа во Италија. Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A). Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото. https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter