Меси го игра илјадитиот натпревар во кариерата

Лионел Меси го игра својот 1000-ти натпревар во осминафиналето на Светското првенство против Австралија.

Капитенот на аргентинската репрезентација многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња, но со освојувањето на титулата светски првак би ја зацементирал таа титула.

Меси почна да игра фудбал во Росарио, Аргентина, но како дете пристигна во Барселона, со која освои четири ЛШ. Тој исто така освои седум златни топки, со што стана рекордер во историјата на фудбалот. На натпреварот против Австралија, Меси истрча по стоти пат како капитен на Аргентина, за која има 169 настапи и 93 гола.

Управниот одбор на Стопанската комора зајакнат со два нови потпретседатели и три нови члена

Собранието на СКСМ на 07.12.2023 година, покрај редовните точки врзани за програмските документи, изгласа и зајакнување на кадровскиот состав, во пресрет на предизвиците со кои ќе се соочуваме во текот на 2024 година. 

Нови подпретседатели на УО се Анита Блажевска (41) – „ФИЛИП МОРИС ТКП“„ и Ирена Јакимовска (50) – „Комфи Ангел“. Во УО беа избрани Снежана Савиќ Димовска (45) – „ПИВАРА СКОПЈЕ“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) - „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД-Скопје“ и Горан Мауровски (37) – „ФАКОМ„ АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) - „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски (34) - „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска (34) - КРЕАТИВ ХАБ. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Со тоа Комората уште еднаш покажа дека располага со значаен кадровски потенцијал, кој е потребен за новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација; формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 - Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.

П.С: Континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди подпретседателскиот тим на Комората Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании.

Служба за информирање

Стопанска комора на Македонија

Републиканци и сојузници на Орбан ќе разговараат во Вашингтон за прекин на помошта за Украина

Сојузници на унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе одржат состанок зад затворени врати со републиканци во Вашингтон за да извршат притисок за прекин на американската воена помош за Украина, пишува британски Гардијан, повикувајќи се на свои извори.

Членовите на Унгарскиот институт за меѓународни односи и претставници на унгарската амбасада во Вашингтон ќе ја започнат дводневната конференција чиј домаќин е конзервативната фондација Херитиџ. Првиот ден од состанокот вклучува панел-разговори за војната во Украина. Според извор од американската Републиканска партија, некои од учесниците, вклучително и републикански членови на Конгресот, биле поканети да учествуваат на разговори зад затворени врати следниот ден.

Средбата се организирана во време на интензивни дебати во Вашингтон за иднината на Украина. Во средата, републиканците во Сенатот го блокираа итното финансирање за војната во Украина.

Дипломатски извор близок до унгарската амбасада во САД рече: „Орбан е уверен дека помошта за Украина нема да помине низ Конгресот. Затоа се обидува да ја блокира поддршката и од Европската Унија“. /МИА

Најмалку 17 повредени при судир на два воза во областа на градот Фаенца, Италија

Најмалку 17 лица се повредени при судир на два воза во областа на градот Фаенца, во северна Италија. 

Шест се пренесени во болница, додека на останатите им била укажана помош на лице место .

Како што пишуваат италијанските медиуми , сударот се случил додека возовите се движеле со мала брзина, а сите повредени се здобиле со полесни повреди. Причината за несреќата е под истрага. Судирoт се случил при намалена брзина на возовите на линијата Болоња-Римини, помеѓу Фаенца и Форли.

притисни ентер