Меси доби понуда од милион долари за наметката што ја носеше во Катар - Канал 5

Меси доби понуда од милион долари за наметката што ја носеше во Катар

Ахмед Ал Барвани, адвокат и пратеник во парламентот на Оман, на Твитер напиша дека му нуди 1 милион долари на Лео Меси за наметката што Аргентинецот ја носеше откако неговиот тим ја победи Франција и стана светски шампион.

Меси доби понуда од милион долари за наметката што ја носеше во Катар

„Мој пријателе Меси, во име на Султанатот на Оман, ти честитам за победата на Светското првенство во Катар. Ти нудам милион долари за тој бишт“, напиша Ал Барвани.

Да потсетиме, ова е традиционална наметка која ја носат богатите граѓани на Катар кои често ја носат преку остатокот од облеката. „Ова е облека за официјални пригоди и се носи за прослави. Ова беше прослава на Меси. Светското првенство имаше можност да му ја покаже на светот нашата арапска и муслиманска култура. Не беше само за Катар, тоа беше прослава на регионот“, објасни за Би-Би-Си Хасан ал Тавади, генерален секретар на организацискиот комитет на Светското првенство во Катар.

„Во спротивно, само неколку одбрани луѓе би можеле да носат бишта. Тие во основа му оддавале чест на Месијата ставајќи му го преку рамо. Тоа е како знак на чест, еден вид културно добредојде и културно прифаќање. И ова беше можност да го направи тоа. Мислам дека веројатно нема да има поголема можност, па му ја ставија во знак на чест“, објасни тој.

Романскиот селектор Ципријан Панаит, кој долги години работи во земјите од Персискиот залив, изјави дека е добро за Меси што ја облече наметката бидејќи секоја друга реакција би предизвикала многу проблеми, па дури и дипломатски скандал, а тоа би му предизвикало низа тешкотии во ПСЖ.

„Гледам дека некои од моите колеги дадоа изјави за овој случај и тоа поради потполно незнаење. Доколку Меси не ја облечеше таа наметка, тоа ќе беше најголема навреда за катарскиот шеик и ќе дојдеше до дипломатски конфликт.“ изјави тренерот за романски Дигиспорт и додаде:

„Јас, по шест години во Саудиска Арабија, сакам да кажам дека само владејачката класа ја носи таа наметка, само многу богати луѓе, а кога ја добивате, тоа значи дека сте дел од нивното семејство, значи дека сте добредојдени во тој круг.

Тоа е најголемиот можен чин на почит што ви е покажан. Кога емирот на Катар ви го нуди овој подарок, мислам дека никој не може да си дозволи да не го прифати. Меси е во ПСЖ, нели? Знаете ли кој е газда на ПСЖ? Кралското семејство, а не Насер Ал Хелаифи“, заклучил романскиот тренер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

На 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ .

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

На 08.09.2026 (вторник) по повод државниот празник– „Ден на независноста на Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на приодите кон арената и булеварот „Илинден“.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишна инфлација од 2,6% во август, на месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4%

2,6 проценти изнесува инфлацијата во август на годишно ниво, додека во однос на јули трошоците за живот се зголемиле за 0,4%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. 

Годишна инфлација од 2,6% во август, на месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4%

Најголем месечен раст има кај рекреацијата, спортот и културата – 3,1 процент, потоа кај рестораните и услугите за сместување – 2,5 проценти, додека храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,5 проценти. Намалување има кај транспортот за 0,8 и кај облеката и обувките за 0,3 проценти.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши засега не најавува нови мерки, но вели состојбата со цените постојано се следи од ДПИ, а доколку се утврдат неоправдани поскапувања на прехранбените производи, вели дека Владата ќе ги употреби механизмите што и стојат на располагање.

- Сите механизми што ги имаме, административни механизми што ќе ги имаме на располагање ќе ги употребиме. Ако има девијантно однесување или ако има зголемување на цените на прехрамбените производи од страна на трговците без економско оправдано, како сме постапиле во минатиот период, така ќе постапиме и во наредниот период.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд

Во меѓувреме, под лупа ќе биде ставен другиот крај од синџирот - откупот на земјоделските производи. Министерството за земјоделство неделава ќе побара проверка од Комисијата за заштита на конкуренцијата за состојбите со откупот на пиперката, оризовата арпа, вранецот и други производи. Ќе се утврдува дали меѓу откупувачите има недозволено усогласување, злоупотреба на пазарна моќ или нефер трговски практики. Дурмиши вели дека нема лични сознанија за картелско здружување меѓу откупувачите, но очекува санкции доколку се утврдат прекршувања.

- Многу добро постапиле што ја известиле Комисијата за заштита на конкуренцијата и врз основа на тие информации Комисијата врз основа на законските рамки ќе излегува на терен и ќе прави контроли и ќе ја провери ситуацијата. Ако е стварно така, исто како минатиот пат како што реагиравме кога се здружија картелски четири најголеми трговци во нашата земја и им напишавме нели казни за тоа здружење што го направија и нормално дека влијаеле во пазарот.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд

Инаку, на годишно ниво, најголем раст на трошоците има кај алкохолните пијалаци и тутунот – околу 9,4 проценти, а потоа кај рекреацијата, спортот и културата – 8,7 проценти. Повисоки трошоци во однос на август лани има и кај образованието, рестораните и услугите за сместување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“, уште петмина обвинети негираа вина

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби негираше вина пред судот за злоупотребите во државна лотарија при набавката на видеолотариски апарати со кои е оштетен буџетот за околу 9,7 милиони евра.

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“, уште петмина обвинети негираа вина

Освен него вина негираа и уште шестмина други обвинети меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Влада Методија Димовски. Еден од обвинитеите не се произнесе бидејќи не го разбрал обвинението и побара од судот да му се обезбеди превод на албански јазик. На поранешниот дирктор на Државна лотарија Перпарим Бајрами кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство. Обвинителството денеска го образложи обвинението. Обвинителите не сакаа да ја откријат својата стратегија пред судот а за промената на кривичното дело од проневераво службата во злоупотреба на службата кажаа дека тоа било резултат на доказите до кои дошле.

Артан Груби по една година бегство во февруари се појави во државата и иако првично за него се бараше затворски притвор обвинителството побара куќен притвор. Обвинителите велат дека ги разбираат реакциите во јавност но добиле сериозни информации од МВР и АНБ дека му бил загрозен животот.

Одбраната на Артан Груби тврди дека има цврти докази за да ја докаже неговата невиност.

Судењето за случајот Државна лотарија во кој сите обвинети се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, дело за кое е предвидена затворска казна од 1 до 5 години, ќе продолжи во петок на 11 септември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер